Првата конференција за интернет маркетинг во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата outTake
  • Време на започнување Време на започнување

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Локација
Куманово
Веб-сајт
outtake.blog.mk

На 23 ноември во Скопје ќе се стартува првата конференција за интернет маркетинг и онлајн ПР во Македонија наречена AllWeb каде што ќе се појават голем број на познати и признати експерти од областа на интернет маркетинг и социјални медиуми од Европ и потесниот регион.
Со учесниците во конференцијата свои знаења и искуства ќе споделуваат говорници од Гугл Prpepper, IAB, Европа, интернет агенција, Collshark и други.

„Станува збор за настан кој се надеваме дека ќе стане традиција и во наредните години, се вика AllWeb и всушност има за цел да ја крене на едно малку повисоко ниво, условно речено, мејнстрим дискусијата за дигитални медиуми, дигитален маркетинг и нормално социјалните медиуми кои се хит овие денови. Испланиравме еден ден активности каде што во првиот дел ќе зборуваме малку повеќе за развојот на пазарот и тука главна улога ќе има претставувањето на IAB Македонија (The Interactive Advertising Bureau). Собрани се голем број на компании и професионалци да ја унапредат работата во овој сегмент, но ќе им дадеме и простор на луѓето од македонија кои што имаат повеќе искуство во оваа област,“ – вели Дарко Булдиоски, еден од организатарите.

Настанот AllWeb е организиран во соработка со IAB Македонија, а ќе се случува а една главна сцена и паралелни работилници. Локацијата е Сити Хол или поранешен Хард Рок. Резервирање на влезници на официјалната страна на настанот: Allweb.mk.

Стандардна влезница — 6.000 мкд + ДДВ =7.080 мкд
Early birds (уплата до 1 ноември) — 4.500 мкд + ДДВ =5.310 мкд
За повеќе од 2 влезници по компанија добивате 20% попуст
Студентска влезница — 1.600 мкд + ДДВ =1.888 мкд

 
На 23 - ти Ноември ми е роденден ! :cool:
 
Стандарднава влезница,кошта исто колку да си купиш нов :
i3-2120.jpg


Intel Core i3-2120 Dual-Core Processor 3.3 GHz 3 MB Cache
 
се гледа дека таргет група им се веќе постоечки маркетинг агенции и сл. компании кои би имале интерес кои можат да си дозволат да платат ...
ентузијасти и некои кои сакаат да присуствуваат нема да си дозволат да потрошат скоро просечна плата за ова ...
ова би било приватна дружба на маркетинг агенции и луѓе веќе кои заработуваат дебело од такви активности ..


а членов кој ја отворил темава незнам дали мисли дека сме толку наивни пикајќи „линкови“ на секоја негова тема по форумов ... тоа некој маркетиншки трик ? :)
outTake ќе бидеш ли поштен да кажеш колку посети ти донесоа мижи пикај линковиве по темиве.
 
Поддршка за конференцијата. Стоп за педерски финти за носење на некакви кликови на Тинк.мк, иако линкот во првиот пост требаше да води до Allweb.mk (сега го корегирав).

outTake, внимавај во иднина. Тенденциозното рекламирање не е дозволено, ниту пак линковите во потписи (без повратен линк до Кајгана).
 
Дечки, фала за поддршката и за коментарите. Да, целна публика се оние кои заработуваат од интернет, и за жал за да може да ја направиме конференцијава моравме да ставиме пазарна цена на влезниците. Но за да бидеме пофер ја отвараме можноста за early birds и влезници за студенти.

Свесни сме дека за фриленсери и ентизијасти не е баш прифатлива ама тоа е ризик за кој бевме свесни. Прва е. Ќе има уште. Се надеваме дека ќе има и повеќе спонзори и ќе можеда ги спуштиме цените во иднина.

Искрено, Дарко (@darko156)
еден од организаторите :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom