Со извинуење до раперите али
Чиста Околина беа катастрофа.. никаква енергија, слаба координираност, како да не вежбале доволно, тој гитаристот (од Ласт Експедишн мислим дека беше) некако ми беше одвишок или па слабо беа измиксани у целина. На моменти само бука беше, не беше ништо дефинирано.
Скиндред растурија у секој поглед, чиста 10ка!
Паров Стелар чиста 10ка у секој поглед!
Ван Гог супер си отсвирија само не знам, ја лично тотално се изгасив на Ван Гог, не ги ни перцепирав многу, тоа што требаше да го обработат си го обработија професионално и тоа е тоа, само што ја уопште не бев дојден за нив па ни имав намера нешто да ги слушам. Колку за ретроспектива, Ван Гог многу поенергичен настап имаа лани на Пивофестот во Прилеп.
За
Tanya Stephens не можам да кажам ништо затоа што закаснив али од тоа што дознав, ми рекоа дека не била нешто нај нај.
Che Sudaka многу позитивно ме изненадија со нивната позитивна и мелодична музика. Само уште нивниот настап да беше на некоја плажа и све ќе беше топ!
Кирил Џајковски класика, тоа што требаше да го направи бендот, си го направи своето. Ја лично на пола од нивниот настап едвај чекав да завршат затоа што не ме држеа нозете повеќе (се уморив од претходниот настап на Паров хуху)
Свему у свему, моја оценка за овој Таксират е
6.5 од вкупно 10.
У споредба со другите (лани не бев) мислам дека ова беше прилично послаб Таксират од претходните со оглед на тоа дека у споредба со претходните веќе се менува и публиката (опфаќаа поширока маса а со тоа и некои фаци кои одат на концерти еднаш годишно, од таксират на таксират if you know what I mean), а и квалитетот на бендовите е за нијанса намален. За цените не можам многу да зборам бидејќи пиев само 4-5 пива Скопско, не ни обрнав внимание на другите цени.
Тоа е мое лично гледање на овојгодишниот фестивал. Не мора да се сложите со мене у све
