Стефан Пеев против Ајнштајн

  • Креатор на темата Креатор на темата El Bohemio
  • Време на започнување Време на започнување

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
943
Локација
Битола
stefan-peev-mystodonia.jpg vs. einstein-mystic.jpg

Стефан Пеев, дипломиран машински инжинер од Велес, до објавувањето на својот научен труд “Космос” не дојде случајно. Со новите видувања на космосот и со воведувањето мерни единици Пеев не само што го корегира гигантот во научната област за вселенските закони - Алберт Ајнштајн, туку ги негира и основите на современата наука, тврдејќи дека: “Современата наука нема целосно сознание за времето, просторот, и брзината на светлината.” Тој ги препорачува како нови мерни единици: маса на време и маса на простор, поврзувајќи ги како интегрална смисла на времето.

Во 1990 година научниот труд на инж. Пеев под наслов “Космос” беше доставен до многу соодветни институции во светските метрополи. Оваа македонска космичка програма станува значајна по добиените експериментални податоци од НАСА - Вашингтон за постоењето на рајот (декември 1996 година) и за ротирањето на светлината околу сопствената оска (мај 1997 година). Во овие експерименти се вклучени илјадници светски научници и засега нивните теоретски пресметки се совпаѓаат со оние на инж. Пеев кого што почнаа да го нарекуваат “втор Ајнштајн”. Д-р Пасхал Сотировски, врвен научник во областа на проучувањето на сонцето, еден од ретките светски познавачи на космосот, научен соработник на опсерваторијата Медон, во Париз, Франција, во својата рецензија, меѓу другото, вели дека трудот на Пеев содржи интересни мисли и идеи што заслужуваат да бидат публикувани. Исто мислење има и д-р Боназола, астроном исто така од париската опсерваторија чија специјалност е космологијата. Доктор Трајче Анѓелов од Институтот за астрономија од Белград смета дека во глобала, кога се чита трудот на Пеев, се стекнува впечаток дека се работи за интересна идеја која може да се следи и да се изучува и која дава можност за натамошно разгледување.
Според тврдењето на инженер Пеев, во светот нема ништо друго освен материја (којашто се движи), а движечката материја не може да се движи поинаку освен низ времето, просторот и вселената.

Ајнштајновите теории се темелат врз два постулата.
Прв постулат: Принцип на релативитет: механичките, оптичките и електро-магнетните појави во сите инерцијално - движечки системи, протекуваат еднакво. Толкување на Пеев: Првиот постулат го искажува сфаќањето на Ајнштајн за нашето движење низ времето. Инженер Пеев, математички докажува оти првиот постулат на Ајнштајн не е точно. Имено, појавите во Вселената не протекуваат еднакво, туку зависат од променливата брзина на времето, која на различни места во Вселената е различна.
Втор постулат: Брзината на светлината во вакуум не зависи од брзината на изворот, во сите инерцијални системи изнесува 300 000km/sek т.е. брзината на светлината не зависи ниту од движењето на набљудувачот (приемникот), ниту од движењето на изворот. Толкување на Пеев: Вториот постулат го искажува сфаќањето на Ајнштајн за нашето движење низ светлината. Инженер Пеев е против и овој постулат. Имено, брзината на светлината не е константна, таа е во зависност од променливите: брзина на време и брзина на простор.
Главен извод на Ајнштајновите теории е заклучокот: Енергијата ееднаква на масата по брзината на светлината на квадрат (E=MC2). Меѓутоа, во времето и просторот разгледувајќи ја оваа формула Пеев заклучува дека таа не е целосна. Имено, масата треба да ја разгледаме составена од два дела и тоа како маса на време и маса на простор, а брзината на светлината како функција на двете променливи брзина на време и брзина на простор. Тоа значи дека енергијата зависи од четири променливи, со што се добива поцелосно сознание, а не како што е кај Ајнштајн со две променливи, што не даваат целосна претстава за енергијата.

Против современата наука
Според Пеев, Современата наука прави основна грешка поставувајќи ја брзината на светлината во координатен систем време-простор. Брзината на светлината треба да се разгледува во координатен систем брзина на време и брзина на простор, бидејќи и таа е брзина, со што се добива целосно сознание за неа како променлива големина. Оттука следува дека современата наука нема точна претстава и за просторот, бидејќи: “Оценувајќи го просторот со посредство на константна брзина на светлината се добива лажна претстава за него”.
Кога во XVII век бил поставен современиот Декартов координатен систем со три простории и една временска димензија, не можело да станува збор за интегрална смисла на времето, бидејќи интегралното и диференцијалното сметање е поставено од Њутн малку подоцна. А според тврдењето на инженер Пеев, без интегрална смисла на времето се добива лажна претстава за вселенското време.
Пеев математички докажува дека Вселената може да се разгледа какко целина составена од седум светови, секој во различна енергетска состојба. Проучувајќи го животот и разумот во Вселената, Пеев докажува дека човекот на земјата е дојденец од друг свет и дека теоријата на Дарвин за потеклото на човекот од мајмун е сосем погрешна.
Според пресметките на Пеев, ние се наоѓаме во почетокот на седмиот свет, на човештвото му се отвара несогледлива перспектива во која човекот технички ќе дорасне да ги посетува сите светови во вселената.
--- надополнето: 18 октомври 2012 во 00:47 ---
Интервју со Стефан Пеев, македонскиот Ајнштајн

Господине Пеев, дали планетата Земја била посетувана од вонземна цивилизација?
Пеев: Повеќе светски научници тврдат дека нашата земја некогаш била посетена од вонземна цивилизација. Трагите кои се оставени од тие посети се избришани. Меѓутоа, сепак нешто е зачувано кое треба само детално да се проучи со сознанијата на денешната наука.
Многу преданија на нашиот народ зборуваат за проблеми кои од денешната наука не се разрешени. Со помош на современата наука, виша математика, атомска физика (дешифрирајќи ги овие преданија) се добива конкретна мисла која е интересна не само за читање, туку претставува и револуција во научната смисла за современиот свет.
Поврзувајќи ги знањата од повеќе области на повеќе народи и нашиот македонски народ има знаење за минатото кое треба да се вклучи во светската ризница.
Конгресот на САД и има одобрено на Американската вселенска агенција “НАСА” сто милиони долари за да одговори на дамнешното прашање: “Дали сме сами во вселената”?
Според Вас дали сме сами во вселената?
Пеев: Со ова прашање сум преокупиран уште од детството. За време на школувањето секоја информација која би можела да ми користи на горнот прашање, посебно ја меморирав.
Сега ми преостанува уште некои од тие информации да Ви ги презентирам за да можам слободно да одговорам: “Ние во вселената не сме сами”. На милијарди планети животот се одвива како што се одвива на Земјата. Но човекот на земјава е дојденец од друг свет и патува кон свет кој ќе ја достигне универзалната интелегенција.
Која е соджината на вашиот проект?
Пеев: Пред се се работи за проширување на сознанијата за времето, просторот, светлината како и за микро и макро светот. Врз основа на математички пресметки треба да се направи ревидирање на Ајнштајновите теории:
Објаснувањето на различните резултати од експерименталните мерења на брзината на светлината, разгледување на светлината во координатен систем: “Брзина на време-брзина на простор”, докажување на постоењето и практична примена на новите категории: “пат на време” и “пат на простор”. Потоа треба да се изврши експериментално определување на “константата и Космосот”, со што и практично ќе се докаже дека Космосот е ограничен. Друга фаза е определување на масата на времето и просторот, определување на параметрите на движењето на Земјата, определување на формулата на Космосот, разгледување на енергетската состојба на Космосот.

Какви се состојбите и степенот на сознанијата во светот и кај нас во областа на која припаѓа проектот (програмата)?
Пеев: Во 1676 година данскиот астроном Олаф Рјомер (1644-1710), прв добил резултат за брзината на светлината = 215.000 km/sek. Современтото определување на брзината на светлината по тој метод дава резултат 300 870 km/sek. Со максимална грешка 2700 km/sek. Досега по различни методи за определување на брзината на светлината се добиени разалични резултати. Потребно е да се направат анализи на максималните грешки на различните методи.
Современата наука прави основна грешка поставувајќи ја брзината на светлината во координатен систем: ”Време-простор”. Брзината на светлината треба да се разгледува во координатен систем: ”Брзина на време-брзина на простор”, бидејќи и таа е брзина, со што се добива поцелосно сознание за неа како променлива големина. Оттука следува дека современата наука нема точна претстава и за просторот, бидејќи ”Оценувајќи го просторот со посредство на константна брзина на светлината се добива лажна претстава за него”.
Кога бил воведен постоечкиот Декартов координатен систем со три простории и една временска димензија, не можело да стане збор за интегрален смисол за времето, бидејќи диференцијалното и интегрално сметање е воведено од Њутн нешто подоцна. Без интегрален смисол на времето се добива лажна претстава за вселенското време. Мојата теорија треба да ги корегира овие неправилности.
Што мислат научниците за Вашата теорија за Космосот?
Пеев: Добив неколку позитивни рецензии од познатиот д-р Паскал Сотировски од Опсерваторијата “Медон” во Париз, од д-р Трајче Анѓелов од Институтот за Астрономија од Белград, од Академик Татомир Анѓелиќ вработен во институтот за математика од Белград. Негативна рецензија е добиена од нашиот Природно математички факултет, со што забавен е развојот на науката на светско ниво за неколку години затоа што моите истражувања со многу сознанија се потврдуваат како точни. Мојот труд е испратен и до НАСА, Вашингтон - САД, до Националната академија на науки, Вашингтон - САД, и до Британската Академија од Лондон. Но тие немаат соодветни одделенија за да ги испитаат резултатите.

Како да се ориентираме во Космосот?
Пеев: Со константна брзина на светлината не може да се зборува за никаква ориентација во Космосот. Со изнаоѓање на променливоста на брзината на светлината изведени се и параметрите на движење на Земјата во Космосот.
Пронаоѓањето на врската помеѓу времето и просторот овозможува да се изведе формулата на Космосот и да се пронајде константата на Космосот, потоа површина на Космосот, волумен на Космосот, волумен на Универзумот, волумен на Небото, волумен на Континиумот, масата на Космосот, средната густина на масата во Космосот.

Очекувани резултати од истражувањето?!
Пеев: Секако тоа ќе значи соочување на современата наука со вистината на нејзините фундаменти “ВРЕМЕ” и “ПРОСТОР”, со што ќе се добие реална состојба за нови истражувања што ќе ги изменат сегашните теории.
Пеев: Секако тоа ќе значи соочување на современата наука со вистината на нејзините фундаменти “ВРЕМЕ” и “ПРОСТОР”, со што ќе се добие реална состојба за нови истражувања што ќе ги изменат сегашните теории.
 
Пеев математички докажува дека Вселената може да се разгледа какко целина составена од седум светови, секој во различна енергетска состојба. Проучувајќи го животот и разумот во Вселената, Пеев докажува дека човекот на земјата е дојденец од друг свет и дека теоријата на Дарвин за потеклото на човекот од мајмун е сосем погрешна.
Според пресметките на Пеев, ние се наоѓаме во почетокот на седмиот свет, на човештвото му се отвара несогледлива перспектива во која човекот технички ќе дорасне да ги посетува сите светови во вселената.

Доволно е ова да го прочиташ за да сватиш дека Топилница не смее да има во Велес.
 
Што се не трпи државава......
Доволно е ова да го прочиташ за да сватиш дека Топилница не смее да има во Велес.
Брзина на време, брзина на простор. :pos:

Шо вие бе? Дека не го разбирате човекот не значи одма дека е луд или затруен.
Прво: Тој е инженер Второ: Луѓе 1000х попаметни од вас и од мене се согласни дека заслужува да биде публикуван и дека има доста простор за истражување.

Поентата ми е дека кога (pardon my french) мочковци, ќе прочитаат/видат нешто од некој шо не им се вклопува во ограниченото сфаќање, или во глобалната визија за нешто, одма скокаат со „тези“ тип луд, озрачен, сенилен...и останати „шо му е на чоеков“ муабети.

Па срамота е.
 
Оваа македонска космичка програма станува значајна по добиените експериментални податоци од НАСА - Вашингтон за постоењето на рајот (декември 1996 година)
Јас до тука стигнав да читам, и видов текстов е голем а според наведеново реков и хах, дали вреди да се продолжи да се чита..
Но стварно, ќе може подетално да ми го објасниш постоењето на рајот? нешто дека наса го открила?, пронашла?, жити се било какви информации за ова...
 
Шо вие бе? Дека не го разбирате човекот не значи одма дека е луд или затруен.
Прво: Тој е инженер Второ: Луѓе 1000х попаметни од вас и од мене се согласни дека заслужува да биде публикуван и дека има доста простор за истражување.

Поентата ми е дека кога (pardon my french) мочковци, ќе прочитаат/видат нешто од некој шо не им се вклопува во ограниченото сфаќање, или во глобалната визија за нешто, одма скокаат со „тези“ тип луд, озрачен, сенилен...и останати „шо му е на чоеков“ муабети.

Па срамота е.
И што ако е инжинер. И кои се тие луѓе?
Публикуван, можеби, во секција за комична научна фантастика.
Човеков вика ‘НАСА, Вашингтон - САД, до Националната академија на науки, Вашингтон - САД, и до Британската Академија од Лондон‘ немале соодветни одделенија да му ги испитаат резултатите.
Е не, тој во Велес има соодветни одделенија.
Ако тоја навистина имал и десетина од доказите, формулите итн. што тврди дека ги има но никаде не се појавуваат, тој досега ќе имаше 5 Нобелови награди за Физика.
Да не ти е нешто роднина во Велес па толку го браниш?
Инжинер бил, знаеш колку инжинери има само во државава? Или си уште во основно, па не разбираш?
Да го трпеше Германија, сега на сите ќе им беше идол.
Да беше во Германија, човеков ќе беше во лудачка кошула во некој санаториум. Само ние им даваме внимание на вакви таленти.

Не е ни прв ни последен ваков, тврди дека може науката наопаку да ја сврти, па кога ќе добие внимание бара пари за понатамошни истражувања, па кога ќе ги добие, го снемува.
--- надополнето: 18 октомври 2012 во 13:13 ---
‘Негативна рецензија е добиена од нашиот Природно математички факултет, со што забавен е развојот на науката на светско ниво за неколку години затоа што моите истражувања со многу сознанија се потврдуваат како точни.‘
Природно Математички Факултет го забавуваат развојот на цивилизацијата! Арам нека им е!
 
Прво: Тој е инженер Второ: Луѓе 1000х попаметни од вас и од мене се согласни дека заслужува да биде публикуван и дека има доста простор за истражување.

Прво и јас сум инженер и можам да проценам што е иновативна идеја а што забегано шлапање.
Второ, никој не се побуни да биде публикуван, кога можел Хитлер своевремено да биде бестселер можеби и овој ќе достигне таков успех.
 
Да беше во Германија, човеков ќе беше во лудачка кошула во некој санаториум. Само ние им даваме внимание на вакви таленти.

Не е ни прв ни последен ваков, тврди дека може науката наопаку да ја сврти, па кога ќе добие внимание бара пари за понатамошни истражувања, па кога ќе ги добие, го снемува.
--- надополнето: 18 октомври 2012 во 13:13 ---
‘Негативна рецензија е добиена од нашиот Природно математички факултет, со што забавен е развојот на науката на светско ниво за неколку години затоа што моите истражувања со многу сознанија се потврдуваат како точни.‘
Природно Математички Факултет го забавуваат развојот на цивилизацијата! Арам нека им е!
Види, ја не се разбирам од физика, не ни тврдам дека неговата теорија е точна, ама колку што се разбирам од историја, знам дека науката се проширува и се проучува повеќе, не треба да се стои во место. На секоја теза треба да и се даде шанса да биде проучена, ако е потребно фала богу и побиена, ако не било така уште ќе сме мислеле дека Земјата е рамна и сонцето се врти околу неа.
 
Вој ако седне до вас има да ви каже од А до Ш за физиката, има со отворена уста да го слушате. 1000 пати е поинтелегентен од вас али форум е мора да се сере за се и сешто, секако текстот не е прочитан а одма се пишува коментар, тоа што не го разбирате ова не значи дека човекот е ментален...:tapp:
 
Реално чуден му е доста трудот, а пристапот му е ептен шашав. Кој има време и го интересира слободно нека го разгледа.
http://www.scribd.com/doc/47018489/Stefan-Peev-Kosmos

Darling
Не му е трудов од денес, да е имало нешто би било прифатено, направи ми ќејф и ѕирни го почетокот и крајот бар.:)
 
Види, ја не се разбирам од физика, не ни тврдам дека неговата теорија е точна, ама колку што се разбирам од историја, знам дека науката се проширува и се проучува повеќе, не треба да се стои во место. На секоја теза треба да и се даде шанса да биде проучена, ако е потребно фала богу и побиена, ако не било така уште ќе сме мислеле дека Земјата е рамна и сонцето се врти околу неа.

Се сложувам со мислењево . И јас поим немам од квантна механика , атомска физика итн. , но тоа не значи дека човеков не е во право за некои работи . Неможи науката да оди напред ако не се истражува цело време , и покрај тоа што веќе одамна има некои востановени вистини во самата наука ( а и кој би знаел дали тие вистини се баш така како што е утврдено или не ) . Никој во случајов не го спори Ајнштајн , но не значи дека не треба повеќе да се истражува на тоа поле . Колку што знам некои од теориите на Ајнштајн не се баш така како што кажал ( и самиот збор теорија значи дека тоа што го обработува таа теорија не е апсолутно точно и непроменливо ) . Прв пат слушам за велешанецов , но тоа не значи дека се ова што тој го истражувал се глупости и шарлатанство . Можеби има нешто вистина во ова што го вели човеков , можеби нема , но тоа не значи дека од старт треба да се отфрли се што кажува . Сепак треба прво добро да се истражи ова негово мислење и од други институции пред да се донеси суд дали е точно или не . А тоа што тој вели дека добил негативна рецензија од нашиот ПМФ не значи ама баш ништо . Сите знаеме дека за жал се што е поинакво од веќе востановената наука ( во било која област ) , кај нас ( и не само кај нас ) се отфрла без воопшто да се испита или барем да му се даде шанса за да се види дали има некоја вистина во тоа . Проблемот во цел свет е во тоа што во најголем број од веќе востановените институции и начниците кои работат во нив , слепо се држат до откритијата кои се веќе востановени и не сакаат ни да пробаат да ги испитаат или потврдат некои откритија кои на прв поглед можеби личат на фантазија и тресење глупости . На таков начин науката и човештвото неможе да оди напред .

П.С. И на Галилео Галилеј на времето му се смееле кога изјавил дека Земјата се врти околу сонцето .
 
Види, ја не се разбирам од физика, не ни тврдам дека неговата теорија е точна, ама колку што се разбирам од историја, знам дека науката се проширува и се проучува повеќе, не треба да се стои во место. На секоја теза треба да и се даде шанса да биде проучена, ако е потребно фала богу и побиена, ако не било така уште ќе сме мислеле дека Земјата е рамна и сонцето се врти околу неа.
Неговите тези не ја прошируваат и проучуваат науката, негоите тези ја вртат науката наопаку.
Сулуди идеи и тврдења за кои има НУЛА поткрепа, зборува дека го претставил космосот во математичка формула, зборува за докази за постоење на рајот, збори за седум светови.
Науката е наука затоа што не можеш да ја свртиш наопаку. Можеш да најдеш мали несогласувања и детали кои не се потполно точни, но не можеш да ја свртиш наопаку. Неговите идеи можат да им идат интересни само на тие што немаат никакви базични познавања од физика и математика.
Меша баби и жаби, неговата логика оди отприлика вака (карикирана) - две круши плус една круша е еднакво на 3 круши, тоа значи јаболкото е зелено.
Се сложувам со мислењево . Можеби има нешто вистина во ова што го вели човеков , можеби нема , но тоа не значи дека од старт треба да се отфрли се што кажува . Сепак треба прво добро да се истражи ова негово мислење и од други институции пред да се донеси суд дали е точно или не . А тоа што тој вели дека добил негативна рецензија од нашиот ПМФ не значи ама баш ништо . Сите знаеме дека за жал се што е поинакво од веќе востановената наука ( во било која област ) , кај нас ( и не само кај нас ) се отфрла без воопшто да се испита или барем да му се даде шанса за да се види дали има некоја вистина во тоа . Проблемот во цел свет е во тоа што во најголем број од веќе востановените институции и начниците кои работат во нив , слепо се држат до откритијата кои се веќе востановени и не сакаат ни да пробаат да ги испитаат или потврдат некои откритија кои на прв поглед можеби личат на фантазија и тресење глупости . На таков начин науката и човештвото неможе да оди напред .

П.С. И на Галилео Галилеј на времето му се смееле кога изјавил дека Земјата се врти околу сонцето .
Да се истражуваа сите сулуди идеи на сите пациенти и болни за внимание просечни инжинери/научници, науката немаше да има никаков прогрес затоа што не вреди време и финансии да се трошат на секакви лудаци.
И го споредуваш овој со Галилеј? Алал нека ти е.
 
Прво и јас сум инженер и можам да проценам што е иновативна идеја а што забегано шлапање.
Второ, никој не се побуни да биде публикуван, кога можел Хитлер своевремено да биде бестселер можеби и овој ќе достигне таков успех.

Болдот ти е invalid argument од страшни пропорции... Инаку и експерт за експлозиви така експертски ко тебе преценил дека атомската бомба нема да експлодира ама оп видиш... БУМ!

Зато ќути си и имај малку отворен ум да прифатиш дека САД и ОК не се сезнајни и семожни божества, има нешто и во малиот човек
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom