Марк Нофлер, 30.04.2013 @ Белградска Арена

  • Креатор на темата Креатор на темата dystopian
  • Време на започнување Време на започнување
D

dystopian

Гостин
MK_guitars_lespaul58b.jpg


Марк Нофлер, „гласот и гитарата“ на легендарните „Дајр Стрејтс“, автор на сите нивни песни и многу повеќе од тоа, ќе настапи во рамки на новата турнеја во Белград во „Комбанк арена“ на 30. април 2013. година.

Нофлер во 2008 година одржа концерт во арена пред околу 9000 посетители, а и овој пат освен новиот материјал ќе претстави и хитови на групата.

Продажбата на влезници по цена од 3000 до 4.600 динари почнува на 12 септември, а може да се купат во „Евентим“, „Билет сервис“, во Дом омладине, трговскиот центар „Ушќе“ и на благајната на Арена.

Линк

Мора бре оваа песна
и уште пар други да ги слушнам во живо, барем еднаш.

А знам дека нема да отидам... :(
Ама ај, има време до април, надежта последна умира.
 
Белград :(
Сакам да го слушнам Марк во живо и се надевам ќе го слушнам, ама не знам дали во Белград или на некое друго место...
А може и ќе извадам билети деновиве.

Патем, зошто на насловот вели 13 Април а во текстот 30 Април? Грешката е во насловот, така?
 
Па 30-ина евра не е скапо.Баш би сакал да одам.
 
Значи човечево си е прав виртуоз, еден од најголемите гитаристи во светов :cuc:
40-тина евра карта е ништо во споредба со чувството да се присуствува на ваков спектакл(y)

 
Ќе одам секако, освен ако не е некоја "виша" сила да ме спречи. Сакав да одам лани во Рим кога беа со Боб Дилан заедно на турнеја ова време некаде, ама беше прескапа картата авионска заедно со картата од концертот.
Еден од најдобрите гитаристи на сите времиња и многу искрен текстописец. Неговите текстови се ептен едноставни, нема скриено значење, но искреноста извира од нив и не може да не ги доживееш емотивно. Нешто како Балашевиќ во балкански рамки.
Мене Ромео и Џулиет ми е најдобра песна од него, од некое мои лични причини.

 
И така едно попладне додека Меган си го слушаше Нофлер и се спремаше за концертот кој следи за точно една недела во Белград, прочита еден коментар на јутуб и си го препозна својот дечко, па реши суптилно да се пофали на форум за тоа колку само е добра девојка.

6fl3JYZ.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom