Жената не сака, а мажот сака дете...

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Fantom_oh напиша:
2. ако е исто, шо те болит дал си родила или не? Дај му го детето на мажот и крај, а не да го убијаш детето.
Боли. Девет месеци во тебе .. го носиш, живееш со него, растиш со него и на крај го оставаш? Не, не, не и не!:nenene: Или го раѓам и останува со мене или воопшто не го раѓам. Имам кажано порано .. дека мое дете ни под разно не оставам но, ако не дај Боже забременам на 17 години што е и логично дека ќе го абортирам - иако сум против тоа. Но, ако дечко ми толку многу сака да има дете нека си посвои, но ако инсистира јас да му родам .. тоа ќе се деси тогаш кога јас ќе сум подготвена на тој чекор а не кога ќе посака тој. Ова е мој став на темава воопшто.

П.С. Морам да пишувам литературно .. се бунат дека на охридски не не разбираат.:wink:
 
The`bItCh напиша:
Да каспер, реши ја дилемата и кажи како беше ситуацијата кај тебе. Ако сакаш и ако не мислиш дека е ептен лично.:wink:

А бе што ти е? Јас имам 17 години и ако затруднев некоја досега и да знаев дека е трудна сигурно ќе се пореметев до сега, ќе бев во Вардар можеби... РЕКОВ И ПАК ЌЕ РЕЧАМ: темава нема везе со мене.

Инаку у целава прича не ми се свиѓа тоа што таткото не е третиран ко човек кој го направил тоа дете, како човек способен да чува дете него како туѓинец. Тоа не е во ред.
 
tha_Casper напиша:
А бе што ти е? Јас имам 17 години и ако затруднев некоја досега и да знаев дека е трудна сигурно ќе се пореметев до сега, ќе бев во Вардар можеби... РЕКОВ И ПАК ЌЕ РЕЧАМ: темава нема везе со мене.

:oftopic::pos::pos::pos::pos::pos: А јас од почеток си читам дека ТЕБЕ ти се има вакво нешто десено. Леле еј.. :zid: Извини, моја грешка.:pos: Знам дека ќе ме бришат ама тоа е.. :tapp:
 
Мај боди, мај чоис? Мај малку морген!

И телото е мое, па до вчера морав да одам во војска... со моето тело за кое никој не ме прашуваше што сакам да правам со него. Одлуката треба да биде резултат на заеднички став до кој ќе дојдат оние кои го напрвиле. Зошто таткото е тука во подредена позиција? Ако таа сака да го здржи - ќе го гледа и задржи (и покрај противењето на таткото, кој ќе треба да и` плаќа алиментација), ама затоа кога овој си го сака чедото кое го создал, таа има право да не го послуша?

Или ќе воспоставиме принцип дека ако еден не се согласува треба да се абортира или обратното - ако само еден е против, да не се абортира. Понижувачки е мажот да се става во вторична позиција. Жената не го нарпавила сама детото, тоа не е само нејзино, нема право сама да одлучува.

Зарем ова не е еден вид дискриминација против која сите жени насекаде пекаат и против која се борат? Или, убиството кое го прави жена не се смета, ама машкото (убиство, де, оти абортусот е тоа, пред се`) е злочин?
 
Д Бич ај пак ке пишам:
Можит ќе ме критикувет за ова ама ај:
Ако мене лично ми се десит ова, таја да сакат да абортират, а јас како секој нормален чоек, да си го сакам детето, ако таја абортират, то ќе и е последното нешо шо ќе го напрајт. таја ми го убила детето, јас нејзе ќе и пресудам, по цена и да ја одлежам... за сево ова сум сериозен
толку засега
 
Бич читај од првиот пост:

tha_Casper напиша:
П.С. Да не дојде до забуна, ова ми се нема случено :)

Thief напиша:
Мај боди, мај чоис? Мај малку морген!

И телото е мое, па до вчера морав да одам во војска... со моето тело за кое никој не ме прашуваше што сакам да правам со него. Одлуката треба да биде резултат на заеднички став до кој ќе дојдат оние кои го напрвиле. Зошто таткото е тука во подредена позиција? Ако таа сака да го здржи - ќе го гледа и задржи (и покрај противењето на таткото, кој ќе треба да и` плаќа алиментација), ама затоа кога овој си го сака чедото кое го создал, таа има право да не го послуша?

Или ќе воспоставиме принцип дека ако еден не се согласува треба да се абортира или обратното - ако само еден е против, да не се абортира. Понижувачки е мажот да се става во вторична позиција. Жената не го нарпавила сама детото, тоа не е само нејзино, нема право сама да одлучува.

Зарем ова не е еден вид дискриминација против која сите жени насекаде пекаат и против која се борат? Или, убиството кое го прави жена не се смета, ама машкото (убиство, де, оти абортусот е тоа, пред се`) е злочин?

Браво бе Тиф тоа го зборам. Таткото се става во втора позиција. Ако жената сака дете а мажот нејќе она пак ќе го роди. ако мажот сака дете, жената нејќе - ќе абортира. ТАТКОТО Е ДИСКРИМИНИРАН. Детето е плод на мажот и жената, не само на жената.
 
The`bItCh напиша:
Далеку од тоа. Ама ако двојката е во брак .. жената не сака дете - мажот сака и? Таа нема да го гледа а тој ќе го чува? Ми нема логика .. а пак ако се во врска уште полошо. Таа ќе го роди и ќе треба да раскинат за таа да не го гледа, пошо нели не сакала да го роди.:toe:
Мислиш дека доколку би го родила нема до чува?Кога ќе го види такво малецко,како излегува од нејзе,9 месеци и било под срцето,кога ќе му ги види очињата,плачењето,ќе се разбуди мајчинството во неа и мислиш нема да го глеа?
Исклучок болните и пореметени жени мислам...
Колку и да сум била против раѓањето на тоа бебе кога ќе се роди нема да можам да му одолеам и би го чувала!
Сега во врска со темата..ако сум во брак ќе разговарам убаво со маж ми и ќе се обидеме да најдеме најдобро решение..што значи тука нема да биде ја како сакам само!
А ако сум во врска и сме премногу млади за дете и лично ја ако сметам дека треба да го абортирам ќе абортирам,тука ми важи тоа мое тело мој избор!
 
jas kazav, samo ako abortira, a jas si go sakam deteto, ke ja zadavam na lice mesto

P.S. Tif mi predlozi, da ja ucukam dva-tri pati so hebla prvo, po glaa.
da vi kazam pravo ako naprajt neso vakvo zasluzvit
 
Полека со убивањето ти..:) А бе мажот треба да ја убеди жената дека тоа што ќе им се роди дете е убава работа. И плус жените често абортираат поради тоа што мислат дека не се спремни да станат мајки. Јас мислам дека детето не треба да се свати како нешто што ќе ти уништи пола од животот (ретко излагање, непреспиени ноќи...) него како нешто што ќе ти го разубави животот. И глупо е заради убавината на некоја девојка да несака да роди. Значи таткото пробува да ја разубеди да го роди детето, и не треба никако да остапи од тоа дека сака детето да се роди. И треба таткото да има право да одлучи подеднакво колку што има право и мајката. На крај каева како што реков, нека му го даде детето и нека си го чува таткото.
 
најубаво е да се договорат помеѓу себе потенцијалните родители ама ако не можат да најдат заедничко решение нормално е дека девојката ќе го има последниот збор. колку и да не е фер тоа спрема машките, едноставно така е и машките мораме тоа да го имаме во предвид.
 
Би се согласил дека жената има право да абортира без консултација со машкото, само ако истото биде применето и во ситуација кога таткото не сака да има ништо со евентуалното дете.
 
ама ние не збориме за абортус. и што ако таткото сака да го има тоа дете?
 
tha_Casper напиша:
ама ние не збориме за абортус. и што ако таткото сака да го има тоа дете?

Се изнапишувавте за кога мајката сака, но што ако таткото не сака да го има тоа дете? Ќе биде ли приморан да го издржува, алиментации, што се не?
Така да погорниот мој пост може да е пат кон компромис.
 
Ама Никола темата е ситуација кога таткото сака! Ти прочита ли што е темата?

Жената сака да абортира, а мажот сака дете...
 
tha_Casper напиша:
Ама Никола темата е ситуација кога таткото сака! Ти прочита ли што е темата?

Да но се вртите во круг.. не можеш да двоиш желба на едниот или другиот.. тоа треба да биде или заедничко решение или да се пресече и се каже кој сака што сака нека си прави, никој нема никакви обврски, ако не ги сака.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom