Жената не сака, а мажот сака дете...

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување

tha CaspeR

NV.mk
Член од
1 мај 2006
Мислења
1.508
Поени од реакции
162
Локација
Скопје
Веб-сајт
nv.mk
Интересна ситуација нели? Значи детето е веќе направено, ама жената сака да абортира а мажот сака да се роди детето? Треба ли некој да го послуша мажот и неговата желба да се роди детето или одлуката е само на мајката? Кој треба да одлучи/ да пресече?

П.С. Да не дојде до забуна, ова ми се нема случено :)
 
Гарфилд би рекол - my body, my choice
Дали треба да е така?
 
Па жената треба да го носи 9 месеци. Ако е ситуацијата обратна, таа ќе го роди без оглед на тоа што сака мажот не? Нема ваљда да го роди и да му го даде на мажот. Што значи дека жената ќе го абортира .. ваљда мислејќи на последиците кои ги носи самиот абортус. Ако бременоста е случајна, детето направено се тоа .. мајката е таа која одлучува што и како ќе прави со него, пошо сепак е во нејзе. Јес да треба двајцата да одлучат, но ако жената мисли дека не и е време да раѓа .. можеби мисли дека е млада, неспремна да биде мајка и ред други работи .. таа пресекува и абортира.:toe:
 
Ако не го сака детето, и ако не сака да раѓа, ќе абортира.
 
The`bItCh напиша:

Зашто? Мажите се неспособни за чување деца?
 
tha_Casper напиша:

Далеку од тоа. Ама ако двојката е во брак .. жената не сака дете - мажот сака и? Таа нема да го гледа а тој ќе го чува? Ми нема логика .. а пак ако се во врска уште полошо. Таа ќе го роди и ќе треба да раскинат за таа да не го гледа, пошо нели не сакала да го роди.:toe:
 
за во брак друго, тогаш повеќето идат кон тоа да направат дете. Зборам ако се во врска... дали ќе преовладее љубовта кон мажот (дали ќе му го даде тоа што го сака) или љубовта кон самата себе (убавината пред раѓањето и чувањето на дете).
 
Не верувам кажав и погоре. Таа може психички да не е подготвена да е мајка, да мисли дека и е рано за деца итн. така да ќе абортира, а ако не абортира ( шо нема логика ), да речеме љубовта на мажот победила и ќе го роди детето иако не сакала .. и што потоа? Ќе го сака и ќе го чува исто ко да сакала да го роди? Чисто сумљам. Или ќе му го даде на него и ќе раскинат? Нема да може да живее со фактот дека има дете кое го родила на иницијатива на нејзиниот партнер и кое му го оставила него. Што значи нема да роди..:nesum:
 
мажот ако го сакат имат право да го земит, ама да му водит рачун и све то. ако таја абортират во ваква ситуација, имат и такви шо би ја задавиле на место
 
The`bItCh напиша:
Не верувам кажав и погоре. Таа може психички да не е подготвена да е мајка, да мисли дека и е рано за деца итн. така да ќе абортира, а ако не абортира ( шо нема логика ), да речеме љубовта на мажот победила и ќе го роди детето иако не сакала .. и што потоа? Ќе го сака и ќе го чува исто ко да сакала да го роди? Чисто сумљам. Или ќе му го даде на него и ќе раскинат? Нема да може да живее со фактот дека има дете кое го родила на иницијатива на нејзиниот партнер и кое му го оставила него. Што значи нема да роди..:nesum:

А ќе може да живее со фактот дека си го убила детето?
 
tha_Casper напиша:
А ќе може да живее со фактот дека си го убила детето?
Па ваљда полесно е да знаеш дека не постои отколку да знаеш дека постои а не е со тебе .. го раѓаш и го оставаш. Тоа расте а ти не знаеш како изгледа. Се некако исто ти доаѓа. Дали родила и го оставила или пак абортирала.:toe:
 
Д бич, мн се сложвам во све со тебе, ама сеа грешиш. Ито многу.
Како мојт да е поубо да убиеш свое дете, отколку да е живо, макар и да не го гледаш.
Прост пример: Раскинвиш со дечкото: Дали ќе ти бидит поубо да си продолжите и ти и тој со животот, или ќе го убиеш, за никоја друга да не го има?
можда малце не е соодветна споредбава, ама блиску е...
 
И јас бич обично се слагам со тебе ама овде не. Ти (не ти де) нема да го оставиш детето на улица, него со татко му. Што ако умре (недај Боже) мајката? исто...
 
Fantom_oh напиша:
Д бич, мн се сложвам во све со тебе, ама сеа грешиш. Ито многу.
Како мојт да е поубо да убиеш свое дете, отколку да е живо, макар и да не го гледаш.
Прост пример: Раскинвиш со дечкото: Дали ќе ти бидит поубо да си продолжите и ти и тој со животот, или ќе го убиеш, за никоја друга да не го има?
можда малце не е соодветна споредбава, ама блиску е...

Море сограѓанецу .. се е то океј со споредбата ама, во денешно време да не речам абортусот е секојдневие. Во ситуацијата од да каспер, жената нема да роди ( ево почекај нека се изјаснат и другите ). Според мене да го родиш и да оставиш ( да не гледаш како расте, да не си со него кога ги кажува првите зборови, кога му растат запчиња итн. ) ти е исто ко да абортираш. И вака и така не го сакаш. Само што ситуацијата ти е сосем поинаква. Во една знаеш дека постои ама не знаеш каде е и како изгледа, а во другата знаеш дека не постои пошо си го убила .. а ќе родиш друго кое ќе го сакаш и кое навистина ќе сакаш да го имаш. Не знам тоа е мое мислење. Не дека оправдувам абортус и такви ствари .. не дај Боже .. него чисто за ситуацијата кажувам дека жената ќе абортира не мислејќи на ништо друго. Мое тело, мој живот правам со него што сакам не?:)

Да каспер, реши ја дилемата и кажи како беше ситуацијата кај тебе. Ако сакаш и ако не мислиш дека е ептен лично.:wink:
 
1. токму така, тоа и ме плашит
2. ако е исто, шо те болит дал си родила или не? Дај му го детето на мажот и крај, а не да го убијаш детето.
3. Не е така!!! во 99% случаи да, но во овој никако:nenene:
ако е така, (мое тело мој живот) замисли колку тинејџерки ке имаја пирс на папок или јазик, или по 100 убетки на ушето... а немет само зато шо имат попаметни љуге шо им го забраниле сето то.

П.С. сумљива си ми дек си ориѓанка... мн литературно зборвиш :wink:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom