Раскопани улици

  • Креатор на темата Креатор на темата annaja01
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Локација
skopje makedonija
Освен што се раскопани (што е нормално кога се работи) улиците во нашево Скопје,не се обележани и осветлени навечер.Имено улицата Илинденска,која се проширува и се прави двосмерна е катастрофа,и се прашувам колку коли настрадале!?:(
 
И охрид исти случај е :/ рушена е 520-ката ( цевката што го снабдува скоро цел охрид со вода ) и тоа на повеќе места и сеа се копа цел асвалт за да се санираат дупките (n)
 
Кога не се гради не ви се допаѓа, кога се гради ви пречи :confused:
Не ми беше поентата,на кого му смета на кого не!
Намерата ми беше, колку коли настрадаа....реков не обележани и осветлени улици.
Мислам дека нормално е, во таква состојба кога е нешто е во изградба да биде обележано,осветлено...да може да се види.
Нашата кола настрада...и ќе не кошта над 1000е.Па тие пари не се наоѓаат на улица...:(
 
Внимавајте ако се движите како пешак по улица Теодосије Гологанов ( бивша Иво Лола Рибар ) од Рузвелтова до Алумина. Воопшто нема тротоар, а ископани се длабоки канали и дупки. Подобро е да се движите по некоја паралелна улица.
 
Освен што се раскопани (што е нормално кога се работи) улиците во нашево Скопје,не се обележани и осветлени навечер.Имено улицата Илинденска,која се проширува и се прави двосмерна е катастрофа,и се прашувам колку коли настрадале!?:(

Не само коли, опасно е и за пешаци....си одиш тап тап тап, и оп! Право во дупка:(
 
Јас со месеци им пишувам на Општина Аеродром да ни санираат неколку дупки,а од таму еден ист одговор веќе 20 години наназад:
“Почитувани,санирање на ударните дупки е во тек,ако вашата улица не е опфатена во овој термин ке биде во следниот“ ....

И така години наназад продолжува ова вреѓање на интелигенција.
Колата си ја кршам 5 пати во денот што поминувам по неа,а морам,нема друга улица.
Па побарав во законот дали може да се покрене тужба за оштета на возило од ископани улици.
Ке видиме што ке каже адвокатот,има или нема можност.
 
Не само коли, опасно е и за пешаци....си одиш тап тап тап, и оп! Право во дупка:(
па тогаш не оди по штикли инаку тап тап тап и пуфф затоа најубаво патики:D

он-топик: ма не ми пречи па ако треба и кратер да си стори само да биде тип-топ бидејќи многу се размножија автомобили и паркинг место тешко се наоѓа,а за пешаци и тротоари ќе направи инаку улици без тротоар е како село;)
 
па тогаш не оди по штикли инаку тап тап тап и пуфф затоа најубаво патики:D

:pos: Абе, да со патиките е помалку бучно, ама последиците се мање-више исти;) Со исклучок на скршена штикла, секако.
 
Вечерва забележав: Улица Македонија, кај хотелот Бристол е едносмерна. По неа се вози само од ул, Даме Груев кон ул. М, Хаџивасилев Јасмин. Половина улица е затворена со ограда од градилиште. За пешаци нема никакви проблеми за движање на страната кон Бристол,
 
Раскопана и оваа мојава Македонско-Косовска бригада горе во Север за да напраат кружен ток...Па калишта и светла нема, па тротоарите раскопани ваљда и нив ќе ги прошируваат...
Ваљда ќе се исплати
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom