ММФ/ЕУ/ЕЦБ го одби нацрт-буџетот на Грција. Не им ја даваат последната транша (октомври 2012)

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Незнам до кога мислат Атинскиве цигани да се глупираат?!

Продолжуваат да лажат и сходно нема да ја добијат последната транша од 31 милијарди евра за да ја исплатат армијата неработници и џаболебари. Нема време да го средат буџетот пред средбата на министрите на финансии на Еврозоната на 8. октомври.

Им прогнозираат пад на грчкиот БДП за 5% идната година.


Тројката и го врати буџетот на Грција

Меѓународните кредитори на Грција ги отфрлија проценките на владата за 2,5 милијарди до 3,5 милијарди евра заштеда, од предложениот план за комбинирање на 13,5 милијарди евра во вид на кратења на буџетот и зголемувања на даноците. Овој потег ги попречи надежите на земјата дека наскоро ќе добие ослободување на новата помош, која ј е потребна за да продолжи да ги плаќа работниците и пензионерите.

Претставниците на Тројката на ЕУ-ММФ-ЕЦБ му рекоа на премиерот Антонис Самарас и министерот за финансии, Јанис Стурнарас, дека проектираните заштеди преку кратења во здравствениот, одбранбениот и јавниот сектор, се премногу оптимистички.

Самарас, водачот на конзервативната Нова демократија, ги убеди своите коалициски партнери, социјалистите на ПАСОК и демократската левица, да се откажат од своите предизборни ветувања претходно оваа година дека ќе повлечат линија за новите мерки на штедење, за тој да може да претстави обединет фронт.

Ставот на Тројката значи дека е мала веројатноста парламентот да може да дејствува пред состанокот на 8-ми октомври на министрите за финансии на Еврозоната. Стурнарас рече дека тој сé уште верува оти може да се постигне договор навреме, но призна дека несогласувањата се „прилично големи“.

Одолговлечените преговори се одржуваат во услови на растечки социјални немири по масовниот генерален штрајк на 26-ти септември, додека доказите покажуваат оти мерките на штедење што ги бараше Тројката во голема мера потфрлија, создавајќи 24,1 отсто невработеност и затворајќи 68.000 бизниси.

Владата објави дека петгодишната рецесија на земјата се влошува, додека економијата се чини дека пропаѓа побргу од плановите тоа да се спречи и предвидува 3,8 отсто пад на БДП следната година. Според Тројката, цифрата е 5 отсто.

Грција чека транша од 31,1 милијарди евра, последна од првата серија од 152 милијарди евра финансиска помош. Вториот пакет помош од 172 милијарди евра се одложени додека не биде одобрен буџетскиот план за 2013-2014 година од Тројката и парламентот.

Такис Папас, вонреден професор по компаративна политика на Универзитетот Македонија во Грција, рече дека владата на Самарас може да зависи од тоа дали може да ги натера Грците да прифатат нови мерки на штедење и да ја убеди Тројката дека е на вистинскиот пат.

„Тој или ќе застане цврсто на позицијата, а тоа е она што тој ќе се обиде да го направи, или ќе падне, што зависи од неговата политичка жилавост и силата на неговите противници. Ако падне, работите ќе бидат многу, многу лоши“, рече Папас заSETimes.

Самарас вети дека овој круг мерки на штедење ќе биде последен, како и дека алтернативата е бркањето од Еврозоната, враќање на драхмата и катастрофа.

Грците се притиснати до крајни граници со повеќе од две и пол години кратења на платите, зголемувања на даноците и намалени пензии. Самоубиствата и банкротирањата се зголемија и државните службеници, лекарите, фармацевтите, полицијата, униформираните воени офицери, чистачите и другите сектори од општеството одржуваат штрајкови или протести, при што се заканува нов бран од истите.

„Грција не е oсудена на неуспех. Има едноставно решение кое го предлагаат големо мнозинство економисти, но [истото не се] спроведува поради ,политичката цена’“, рече за SETimes Николас Економидес, професор по економија на Бизнис школата Стерн на Универзотетот Њујорк.

Тој рече дека планот за успех би бил да се собираат даноци, да се намали даночното затајување -- кое чини околу 11 милијарди евра загуби во приходите, да се отпуштат 50.000 државни службеници, да се затворат оние што земаат мито и да се потрошат 2 до 5 милијарди евра во инфраструктурни инвестиции.

Тројката бара Грција да го намали бројот на своите вработени за 150.000 во текот на следните три години, но партнерите на Самарас сé уште даваат отпор за отпуштањето на 15.000 работници во буџетскиот план за кој се согласија.

Агелос Цаканикас, истражен директор во атинската Фондација за економско и индустриско истражување, рече дека верува оти ќе има компромисно решение.

„Тројката претерува со очекувањата имајќи ги предвид сегашните економски состојби“, рече тој за SETimes. На Грција итно ј треба раст, а не само мерки на штедење, рече тој. „Ако наскоро не направиме нешто за раст, ќе бидат неопходни дополнителни мерки.“

Кратењата се повторно највеќе насочени кон работниците, пензионерите и сиромашните, заедно со други 2 милијарди евра кратења на даноците како дел од пакетот кој ќе ја зголеми возрасната граница за пензионирањето на 67 години, ќе ја продолжи работната недела на шест дена, ќе го елиминира она што остана од празничните бонуси кои ги поттикнуваа бизнисите, и ќе направи големи кратења во пакетите отпремнина за отпуштените работници од приватниот сектор. ...

„Грчките креатори на политиката го делат ставот дека ММФ ќе одлучи да ја напушти програмата за фискална консолидација на грчката економија ако [нема] понатамошни кратења“, што ќе доведе до загуби за ЕЦБ како што претходната влада направи со приватните инвеститори и банките, изјави Пантелис Камас, предавач по економија на Универзитетот Јанина во северна Грција, заSETimes.

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2012/10/04/feature-02

.
--- надополнето: 5 октомври 2012 во 16:27 ---
Апдејт: работниците на бродоградилиштето во Атина насилно влегоа во Министерството за одбрана, кое се смета дека е најобезбеден бастион на власта, и потоа беа истепани од специјалците.

Власта, не сакајќи да сесоочи со џаболебариве научени да добиваат пари од ЕУ на гага , се обиде да лаже во нацрт-буџетот, но истиот и беше вратен. Сега изгледа ќе мора да се соочи и да им објасни некои работи.


ANDYphoto.jpg


Greek shipyard workers storm defense ministry in protest

05/10/2012

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/en_GB/features/setimes/features/2012/10/05/feature-01
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom