The`bItCh
AdJuStAbLe mAdNeSs
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 4.605
- Поени од реакции
- 114
Една појава е раширена и кај двата пола, но многу повеќе е изразена кај жените, најчесто младите: чувство дека нешто ќе пропуштат. Повеќето од луѓето мислат дека таканаречените прави прилики ретко се појавуваат во животот и дека треба да се искористат. Меѓутоа тоа што треба да се искористи не е створено за нив, туку шанасата ја направил некој друг раководејќи се од своите интереси. Доколку ви е понудено добро работно место, тоа не е напревано заради вас – тоа морате да го имате предвид. Но, тоа не значи и дека треба да ја отфрлите секоја понуда, туку само да бидете доволно свесни што стои позади неа, па дури по тоа да одлучите.
Од страна се работните односи, но се станува многу поозбилно кога тој однос ќе премине спонтано во однос помеѓу половите. Спектакуларноста на било која понуда, а посебно љубовна, најчесто не носи со себе и делотворност. Повеќето мажи, а многу повеќе и жените, не знаат да се огледаат на таканаречената шанса и ветувањата кои ги следат ваквите прилики. Едноставно, љубовната шанса не постои во онаков облик каков што го замислуваат луѓето. Шансата ветува многу но во нашиот мозок, додека во стварноста може да биде баш она што најмалку сме го очекувале.
Значи, кога некој ќе ни каже дека немаме шанса кај него, дали доколку подоцна се покае за тоа би му дале втора шанса? Дали нас не интересираат шансите кај луѓето или тие како предмет? Колку би се потрудиле да добиете уште една шанса?
П.С. Оваа тема нема никаква врска со темата “втора шанса“.