Пет Европски земји бараат заем од Русија

  • Креатор на темата Креатор на темата *LION*
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Русија доби барања од пет европски земји за итна финансиска помош, пишува московскиот весник „Независимаја газета“. Весникот наведува дека оваа вест ја соопштил кон крајот на минатата недела рускиот министер за финансии, Антон Силуанов. Од петте земји конкретни податоци постојат само за Кипар, кој е заинтересиран за заем од Русија во висина од пет милијарди евра. Останатите земји рускиот министер не сакал да ги открие. Весникот шпекулира дека станува збор за Грција, Ирска и Исланд и уште една јужноевропска земја.

- Не сакам да кажам за кого станува збор. Тоа се неколку земји, поточно пет, кои ни се обратија. Нивните барања ги разгледуваме. Тоа не се големи земји, изјави Силуанов. Барањето на Кипар не е тајна, со оглед на тоа дека кон крајот на минатата година оваа земја од Москва доби петгодишен заем од 2,5 милијарди евра, со камата од 4,5%.

Меѓу останатите потенцијално заинтересирани за руските пари весникот наведува и некои источноевропски земји, како Унгарија и Бугарија, а евентуално и Летонија и Литванија.

http://www.kapital.mk/MK/evropa/88421/pet_evropski_zemji_baraat_zaem_od_rusija.aspx
 
Си еба мајката Светот и Европа, кога дојдоа такви времиња да се бараат пари од фукара и од нацисти.... на Русија и Германија мислам се разбира. Германците, ‘‘ибер алез -Наци‘‘ ако не на воено поле тогаш на економско ја добиваат војната.... а фукарава, која несакајки се обогати со поскапување на ресурсите и енергенсите во глобала... сега ќе дели кредити на пропаднати национални економии од Европа.
Се повеќе мириса на германска победа.... и на тоа дека Рус повторно ќе ја примени онаа послевоената парола: ‘‘Ја ослободил, ја ебал‘‘ *ја выпустил ја буду ебать* како што и правеа во земјите на источниот блок, кои ги ‘‘ослободија‘‘... не мислам во метафорична, туку во буквална смисла!
Изгледа дека, што би рекол комшо: иде Свет у три лепе п..... материне!
 
Oва вест само зборува дека светските финансии мора да се реконструираат. Според мене грешка е направена кога е укинат Бретон-вудскиот договор во 1971
 
Оваа вест кажува дека треба да се фатат за работа, а не да живеат на стара слава.
 
Со поскапување, на енергенсите русија доби многу, а овие се задолжија а тоа е една причина за тоа, сега бараат заем, и уште толку у дупка..Нека се фатат за работа типциве.
 
Славјански ви говореше за ова поодамна.

Русија во моментот има огромни вложувања во сите сегменти од индустријата.
Наскоро ќе имаат чисти руски брендови.
Ние во Москва треба да бидеме 24/7.
Имаат историски долг кон нас, треба некој тоа да им го презентира, треба да успееме од нив да добиеме стратешка подршка.

Утре светот повторно ќе се крои, оваа кројка веќе не држи.
 
Летонија и Литванија ги мразат Русите и ги сметаат како окупатори. Русија за да ги придобие овие земји ќе им да де помош. Има голем број на Руси во Балтикот. Ќе ги држи.
 
Летонија и Литванија ги мразат Русите и ги сметаат како окупатори. Русија за да ги придобие овие земји ќе им да де помош. Има голем број на Руси во Балтикот. Ќе ги држи.
Дали си сигурен во ова што го тврдиш? На основ на што го засниваш ова мислење?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom