Кристијан Ефремов на патот за Рио 2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Да оставиме тоа настрана што не барал, Ајдаров буквално секој ден е на стадион и според мене е еден од оние најпосветените спортисти барем во Велес, дечкото буквално спие на стадионот а Ефремов лично мене до пред олимпијадава ми беше потполно непознат, битно иста тактика со плачење како сега извади демек немале обувки за трчање и опрема а студира на ФОН каде што година е 2000+ евра мислам стварно смешно е.

Кој сака успева и наоѓа решение, кој неможе да оствари нешто си наоѓа изговори така е од секогаш :)

Мислиш дека сам го платил факултетот или Фијат за реклама, еве имаме и атлетичари на спортски менаџмент или како и да е тој смер...
 
За успех е потребен ТИМ! Секој спортис кој постигнал норма за Олимпијада, или освоил медал позади стои цел тим!!! Така треба да биде кога се работи веќе професионално, а талентирани што се надарани и генетски и го постигнале без ова тоа е веќе друго и тие се ретки случаи.

Ама вие не сте свесни ни за тоа, зошто не ве ни интересирало, а и никогаш нема да дознаете кои се стојат позади клучни спортисти без разлика дали се индивидуалци или спортски тим. Лекарски тим, 25/7 надзор лекарки прегледи, доктори, нутриционисти, кондиционен, фитнес тренер и тн. И секако најважното спонзори, а исто така и хејтери баш како вас за да се мотивираат истите за поголеми успеси, а да вие ќе тапкате во место :tapp: и секогаш ќе фаќате сеир и наоѓате мани од страна!!! Нјалесно е да се коментира од страна, ај бидете ми поздравени
 
Па од тој аспект гледано, да, во право си. Ама зошто да гледаме од тој аспект?

Пример: абе кога родителите на тие што не учат на школо им даваат на децата нивни по 100 денари секој ден, и јас на детево мое што не учи ке му давам. Од инает!

Или пак: ако веќе им дава на хулиганите и на административците им дава пари за безвезе, зошто и тебе и мене не ни даде пари бе?

Зошто на Ефремов да му дадат? Еве, мене и тебе нека ни дадат. И на сите други.

Ко што знам, Ефремов имаше шанса да се претстави пред Олимпијадата, и освен тоа што беше подобар од неговото лошо светло, па македонскиот лузерски дух тоа го перцепираше како успех, ништо друго не покажа, зошто да оди пак?

Еве, мене нека ми даваат пари па подобро ке ја претставам државава, ветувам. Не во спорт, во друго.
Верувам дека тоа важи и за тебе.

На сите нека ни даваат пари бе, зашто да не ни даваат на сите, онака, безвезе, кога веќе им даваат на хулиганите?


Зошто јас и ти не се трудиме да направиме нешто за државата исто како и тие хулигани и тие административци, тоа е разликата друже. ;)
 
Зошто јас и ти не се трудиме да направиме нешто за државата исто како и тие хулигани и тие административци, тоа е разликата друже. ;)

Не е точно. Во моите „толку и толку“ години, успеав да ја „афирмирам“ државата многу појќе од гореспоменатиот, за кој освен Македонците, никој не ни слушна, ниту пак дозна на олимпијадата. Како ти на пример што не знаеш за некој јадник од Науру што си го подобрил личниот рекорд. Нели?

Поентата ми е: зошто да не ми даде државата пари за тоа што јас ја афирмирам?
Секако, не на спортски план.

И дури воопшто да не ја афирмирав државата, или никој од нас воопшто да не ја афирмираше, пак ке имавме исто право да побараме пари ко Ефремов.

Сепак, тој бара пари за да ја афирмира државата во иднина, во Рио.
Еве, јас барам пари, помалку од него, нека ми даваат, пак исто/подобро ќе ја афирмирам. Дури и ништо да не направам. Пошо, ни за мене ни за него, ни за тебе нема да чујат во Пасадена.
Тоа е тоа.
 
Не е точно. Во моите „толку и толку“ години, успеав да ја „афирмирам“ државата многу појќе од гореспоменатиот, за кој освен Македонците, никој не ни слушна, ниту пак дозна на олимпијадата. Како ти на пример што не знаеш за некој јадник од Науру што си го подобрил личниот рекорд. Нели?

Другар поради тој дечко, гореспоменатиот и како него уште 3ца Македонија беше дел од свеченото отварање на ОИ кое беше емитувано насекаде во светот и 15тина секунди на екраните насекаде во светот стоеше името на нашата земја и се вееше нашето знаме. Да не беше тој и уште 3цата како него Македонија немаше да биде на отварањето.
 
Другар поради тој дечко, гореспоменатиот и како него уште 3ца Македонија беше дел од свеченото отварање на ОИ кое беше емитувано насекаде во светот и 15тина секунди на екраните насекаде во светот стоеше името на нашата земја и се вееше нашето знаме. Да не беше тој и уште 3цата како него Македонија немаше да биде на отварањето.

Можеа и мене да ме стават, ќе бевме петмина.
 
Која дисциплина? Тролање на форум?

Било која/ Битно е да „ме видат во тие 15 секунди како си ја претставувам државата“, па после, who cares?

Што впечаток ти остави бајрактарот од Папуа Нова Гвинеја, кажи ми, па да видиме дали парите што ПНГ ги давала за тој спортист, се исплатиле или не, дали добро ја претставил државата. Во нивните 15 секунди нели.
 
Можеа и мене да ме стават, ќе бевме петмина.
Ајде секој "надежен" спортист да го финансираат. И јас сум надежен спортист и мене сакам да ме финансираат.
 
Абе, кога може 10000 еура за 4то место, може 100 еура за подршка на спортисти.
чекај бе, во Македонија живеам...
 
Kaj nas vo sportot mn raboti treba od koren da se menuvaat, od upravi na klubovi,federacii i sekako MOK....i da se stavat ljuge na koi prioritet ke im bide razvoj na sportot vo nagorna linija,namesto da se pravat 100 igralista po selava neka gi vlozat vo sportistite i infrastrukturata kade sto e potrebno...najgolema dupka e zakonot za dodeluvanje na sportska nadez do 20 godini...a posle tie 20 godini SHTO??? Efremov sega treba da pocne da go dava maksiumot i leka po leka da se sprema za Rio....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom