Канал 5 VS Сител -1 : 0

Добро барем на МТВ даваат америнаски/британски серии а овоа што е ќе се потурчуваме ? народот повеќе отупави отколку што научи нешто од турските серии.
 
Турските серии не се од вчера, цело лето ги фураа, ама сега откако МТВ смени лого и поднови програма, сакаат да ги деградираат Шител и Анал. Кај беа цело лето, кога децата седеа по дома и го конзумираа тоа срање од програма!?

Некој сака да ја издигне МТВ на педерски начин.
 
Патетично во секој случај. Ова е една од причините ТВ да гледам само кога има добар филм, фудбал или пак нешто интересно.
 
А не треба да им одземе радиодифузија лиценца бидејки немаат доволно програма од своја продукција, програма на Македонски јазик (за ова најдоа чаре ги синхронизираат сериите) и слично?!?
На една телевизија поради тоа што немаа доволно програма од своја продукција, им ја одземаа лиценцата после неколку месец работа :facepalm:
 
Ова е страшно, ова е ненормално, подобро да си го отворам мозокот и директно да си внесам детергент за перење, барем нема да ме измачува толку. Малтретираат со одвратните серии и уште поодвратните синхронизации, а што е трагично млади луѓе се лепат пред телевизор и ги гледаат овие идиотизми, овие кретензими! ИДИОТИ, 10 саати турски серии, а остатокот се Вести, Ексклузив/Бекстејџ и дебилни реклами!!
Не можам да објаснам колку сум изреволтирана, и шпанските серии беа посебна приказна, ама не не малтретираа до волку. Ако некогаш си одам од државава ќе биде заради дебилизмот и простиве одвратни серии кои веќе буквално ми создаваат алергија.

Турските серии не се од вчера, цело лето ги фураа, ама сега откако МТВ смени лого и поднови програма, сакаат да ги деградираат Шител и Анал. Кај беа цело лето, кога децата седеа по дома и го конзумираа тоа срање од програма!?

Некој сака да ја издигне МТВ на педерски начин.
За ова истово одамна се прави муабет и е посочено како огромен проблем уште пред МТВ да се ребрендира. Имаше и тема со статистички податоци кои излегоа за тоа кој што колку пушта. Не се од вчера муабетиве и бунењево... И не се работи за цело лето, се работи веќе за две цели години...
Одвратно е ова што се прави, одвратно е што млади луѓе преферираат да седат залепени за Сител и Канал 5 и ги гледаат тие ужасни серии, со ужасно плачење и со ужасна синхронизација која звучи како лошо порно.
МТВ нема потреба некој да ја издигнува, ако го имплементираат тоа што рекоа дека ќе го направат, ќе бидат најгледани, нема да има потреба друг да ги издигнува. Демек па Канал 5 и Сител имаат квалитетна програма, па сега некој ќе ги деградира. Тие се деградација сами по себе со нивната програма...
 
You will obey me while I lead you
And eat the garbage that I feed you
Until the day that we don't need you
Don't go for help . . . no one will heed you
Your mind is totally controlled
It has been stuffed into my mold
And you will do as you are told
Until the rights to you are sold

Песнава како измислена за ова. :)
 
А и синхронизацијата е прича сама за себе, демек сме напреднале, а уствари најмногу е практикувана во земји со висок процент на неписмено население - отупување на народот до даска, по сите параметри...
 
Ова е страшно, ова е ненормално, подобро да си го отворам мозокот и директно да си внесам детергент за перење, барем нема да ме измачува толку. Малтретираат со одвратните серии и уште поодвратните синхронизации, а што е трагично млади луѓе се лепат пред телевизор и ги гледаат овие идиотизми, овие кретензими! ИДИОТИ, 10 саати турски серии, а остатокот се Вести, Ексклузив/Бекстејџ и дебилни реклами!!
Не можам да објаснам колку сум изреволтирана, и шпанските серии беа посебна приказна, ама не не малтретираа до волку. Ако некогаш си одам од државава ќе биде заради дебилизмот и простиве одвратни серии кои веќе буквално ми создаваат алергија.

Наместо некоја добра документарна емисија или некој добар филм, на Сител одат филмови од 1975та....за време Југославија што се давале....
Канал 5 иста песна... Тие барем не даваа турски серии порано....ама како тргнале лом направија 24/7. Па дури до толку е очајна ситуацијата што вонредно најавија и дека се срушил авион, а тоа уствари да ти било реклама за турска серија...

Таман си се понадевал за подобра програма, завршила серија, и почињаат Латас-Вестите....
Уште на самиот увод Латас нешто кака против СДСМ или некое дејствие од секојдневниот живот.
Дневникот на Сител е изработен врз база на гледиштето на Латас, а не врз база на реалноста и репортажите....

Вртиш Канал 5, и таму завршила серијата, и таму вести.
Татјана кажува дека се срушил авион, и ги паничи сите македонски семејства кои имаат фамилии што им се на авионски лет. Срамота и греота...за утепување се.
Завршило тоа и почнува најдебилната емисија на цел свет-„На турско кафе со Драган Вучич“!
Нема да коментирам повеќе за ова, пошто кога ќе ми текне колку е дебилна и глупа емисијата уште повеќе се нервирам!
А кога ќе видам и дека некој плаче пред ТВ пошто умрел Саваш, или некој друг супер херој од турските серии.... :facepalm: :facepalm: :tapp:

А оние од Едо па.....лелелелеле тие тие тиееееее.....
1 новинарка им чита вести, реклами, спорт, едо магазин итн итн.
Енфапен и Роло Оков рекламите уште ги даваат....

Катастрофа...
Да се надеваме Мтв дека ќе се оправа, пошто да не заборавиме дека беше најфеил телевизија...
На Ник Слотер сите епизоди на памет му ги знам...
 
Едно време мислев дека гледаноста и откупувањето на серииве ке се намали ама очигледно е дека сум се излажала...од 7 - 77 години знае што јаделе Шехерезад и Онур во прва епизода,зошто плачело Османчето.Да не ја спомнувам и музиката во позадина.Ме тера во депресија.
Едно време гледавме Шпански серии,друго Српско-Хрватски а сега народот продолжува да гледа што ке им сервират.Трагично...Златен интернет,ке морам да ја учам баба ми да работи на компјутеров само да ми се симне од глава со ср*њава.
Наместо Шителот и Аналот 5 да се угледат на МТВ 1 тие продолжуваат со бедава.Уште потрагично е што наместо да намалат со тоа емитување тие ги репризираат по двапати во денот и за време на викендот.
Или не им плакај кабловска на старците или избриши ги каналите.

206411_4268320820044_2019598198_n.jpg
 
видете вака, сапуниците не ги измислиле ни турците ни индијците, тие се стар отроФ. и не се само кај нас во Македонија (или на Балканот) феномен туку насекаде, без разлика дали се сиромашни земји од трет свет или најголема економија во светот. најдобар пример за ова се овие 3 американски сапуници кои одат во етер секој ебен ден и постојат подолго од независна Македонија! The bold and the beautiful (It premiered on March 23, 1987), The young and the restless (First broadcast on March 26, 1973) and the ultimate champion Days of our lives (It's one of the longest running scripted television programs in the world, airing nearly every weekday in the United States since November 8, 1965!!!). за оние што пратат ситкоми, оваа последната беше серијата кајшто глумеше Џои од Friends, во неговата глава пресадија мозок од некоја жена :tapp: поентата во цел овој муабет ми е дека овие серии не одат на некоја американска верзија на шутел или едо, одат на NBC и CBS. главната разлика со нашите „најгледани“ телевизии е што на овие американски канали има уште 10 други нормални серии како комедии, трилери, сф и само една сапуница, без репризи! и имаат и еден куп документарни и образовни програми, нешто што кај нас може да се види само на МТВ, каква и да била во последните години. bottom line, ако ти си добил лиценца за колажна програма, тогаш на твојата тв треба да има по нешто за секој тип на луѓе. проблемот е што овие нашите имаат програма само за прости маси, а најмалку за деца
 
Радио и книга може. Телевизија... ако најдам нешто интересно на дискавери и national geographic. Ова наше срање кој може да го гледа само алал да му е
 
најепски момент е кога на некоја тетка ке и кажеш дека се глупи сериите и дека затупавуваат со нив - се осеќаат толку навредени ко да си им ја запцул цела фамилија па и пошироко. уште и ке почнат д ти објасниваат како тоа се е вистинито - се тоа било дел од реалниот живот и така натака...

:tapp:
 
мене мие најмногу криво за во викендите...тогаш сите се слободни да се одморат со нешто по асолно пред тв ама сител и канал 5 по 4ти пат ги репризираат оние ѓупците или онај како се викаше али клешта :facepalm:
во догледно време мтв нема да можи да ги загрози овие лајнарите .... народот е веќе отупен(пример земам по баба ми порано знаеше само прва да пушти и да гледа приказна а сега иако не ги сваќа повеќето серии таја сител гледа )
 
Најкриви за целата ситуација се СРД, прво наметнува услови, како нема порно, нема пиратски филмови и слично.
Тоа повлекува телевизиите дека треба да купуваат најнови филмови, што се прилично скапи. Е сега ние сме 2 милиони народ, мало стопанство, рекламирањето не е толку големо, со што телевизиите немаат доволно пари. Плус еден филм можеш да го дадеш на ТВ во вечерен термин, еднаш до два пати во месецот, а за него треба да издвоиш голема сума на пари, а на него не можеш да заработиш многу од реклами што одат додека се емитува. За разлика од тоа, сериите тераат по 2-3 години + 30 минути реклами + реклами на репризите и доаѓаш до заклучок економски се поисплатливи за емитување во етер.
Ако се пуштаат пиратски филмови, ова нема да биде проблем, бидејќи со 100Е, месечно за интернет можеш да симнеш филмови емитуваш, за месец дена по два во вечерен термин.
За тоа во времето после осамостојувањето, програмата беше најдобрата програма во свет, телевизиите се натпреваруваа кој ќе даде подобар филм.
Нормално за да се сруши моменталната отровна програма, потребно е да се формираат локални телевизии што ќе бидат повеќе ориентирани кон забава, филмови, чат/пат вести, што нема да бидат казнувани за пуштање на пиратерија нешто како Едо ТВ, додека националните треба да си тераат по сегашен терк. Така ќе има за секој по нешто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom