Македонското стопанство се распадна деведесетите, пред се како резултат на намерното уништување на фирмите и фабриките, супервизирано од власта која беше во корелација со нивните директори, за истата групација да може да ги купи поефтино.
Затоа и беше отфикарен моделот на приватизација со делење на акции на граѓаните, како Словачкиот и Словенечкиот (чинам) модел. Нашите рекоа - не така, ние на пазар ќе ги понудиме фабриките/фирмите и истите тие ги уништија, за да можат да ги купат.
Долговите се секундарен фактор.
Се што спомна е точно, а долговите и како секундарен фактор, сепак се фактор, можеби не се главниот фактор кој придонесе за распаѓањето на македонската индустрија во 1990-те години, но дефинитивно беа еден од клучните фактори за истото тоа распаѓање на македонската индустрија во 1990-те години.
А Каталонциве негуваат надеж дека ако се отцепат од Шпанија и прогласат независна држава, економската и социјалната состојба во нивната област, која патем, е најзадолжената област од цела Шпанија, ќе се подобрат.
Јас од секогаш сум го поддржувал правото на самоизразување и правото на самоопределување, факт е тоа дека по победата на фашистите на чело со Франциско Франко во шпанската граѓанска војна во 1930-те години, со помош на Адолф Хитлер и Бенито Мусолини се разбира, Франко ги укинал автономиите на Каталонија и Баскија, а како антифашист, јас сум меѓу првите кои се за независна Каталонија и за независна Баскија.
Но Каталонците очигледно немаат појма што значи тоа независност, бидејќи кога би знаеле, во целост би биле против било какво членство на Каталонија во ЕУ, бидејќи било какво отцепување на Каталонија од Шпанија и прогласување на независна држава која сепак би била полноправна држава членка на ЕУ, не би била вистинска независна држава, нема да имаат право на сопствена валута, ќе го користат еврото, ќе бидат дел од евро-зоната, ќе ги зголемуваат и намалуваат даноците според препораките од ЕУ, ќе штедат според препораките од ЕУ, а тоа е се, само не независна економија, а држава без независна економија не може да се нарекува независна држава.