Политички филмови

Незнам колку спаѓаат во политчки али од поновиве на овие два ми текна :
Michael Clayton
State of play


Иначе планирам да ги гледам Frost/Nixon и Bobby од Естевез.
 
Good Night and Good Luck, Класична битка меѓу новинар и сенатор за анти-комунистичка кампања.
J Edgar. ФБИ, Педер Директор, антикомунистички настроена држава со секакви методи за прогон и истрага, филувано со Лео у главна улога.
The Killing Fields Кмер Руж, Лудоста на Пол Пот, пресликана низ очите на двујца новинари, еденио Американец, другио од Камбоџа.
To Kill a Mockingbird, Грегори Пек, адвокат бране невин црнец за силувајне. Прохибиција, сегрегација, WASP Alabama, и интересни судски рочишта.
 
Прво, во интерес на темава (да не ја шириме) ќе избегнам да спомнувам историски филмови со вистински историски (политички) личности, воени филмови, Дистописки филмови (V for Vendetta etc...) и секако документарци (за овие би ве замолил строго да се придржувате зошто има цел жанр Политички Документарци и ако почнеме со тоа темава ќе изгуби смисла. Значи тоа во соодветната тема за документарци).

Можеби треба да се преименува во Политички драми за да го задржиме фокусот.

Убаво што се сети Crazy in Love да ни отвори ваква тема тука има доста материјал за пишување.

Редоследов инаку не значи ништо, како ми текнуваат така ќе ги пишам:

Das Leben der Anderen (2006)
Германски филм добитник на Оскар. Еден млад брачен пар и еден припадник на тајната полиција задолжен да ги прислушува. Нема да пишам повеќе за филмов освен дека е must-see и една од најдобрите драми излезени од Европа.

Good Bye Lenin! (2003)
Уште еден германски филм додека ме држи сеќавањето. Источна Германија на преминот од еден систем во друг. Филмот го почитувам затоа што не зазема страни и ги критикува негативните работи во двата системи, но пред се е филм за љубовта на синот кон мајката. Препорака за гледање.

Year of the Gun (1991)
Нешто подзаборавено и потценето. Италија во 1970-те, Црвените бригади, Шерон Стоун... :cool:

Големата Вода (2004)
Сите наши филмови се политички... но овде се одлучив за овој наш филм кој сметам дека е потценет и станува збор за многу квалитетна драма и сурова приказна за децата на „домашните непријатели“.

Network (1976)
Голем филм. Филмиште. Пророштво за тоа како ќе изгледа телевизијата во рацете на корпорациите и политичарите. Пропагандата денес во филм од 1976. Задолжително!

Malcolm X (1992)
Освен што е предолг и многу од првиот дел на филмот е непотребно, одличен филм за Малколм Икс со Дензел во главната улога.

Diarios de motocicleta (2004)
Филм за младиот доктор Ернесто Гевара, неговата авантура низ Јужна Америка и работите кои ги обликувале неговите сваќања и она што тој ќе стане во иднина. Постои филм за возразниот Че меѓутоа многу лош според мене, а за жал Холивуд уште долго време нема да сними добри филмови за оние ликови од „левата страна“ кои тоа го заслужуваат.

Three Days of the Condor (1975)
Со Роберт Редфорд, политичко/шпионски филм, веројатно предходник на многу филмови од овој жанр.

Hitler: The Rise of Evil (2003)
Не е воен, ова е филм за Хилтер и неговиот подем до освојувањето на власта во Германија што подоцна ќе доведе до WWII. Одлична улога на Роберт Карлајл.

Mississippi Burning (1988)
Добриот стар ЏИн Хекман, Југот и неговите „симпатии“ кон црното население во средината на минатиот век.

The Sicilian (1987)
Before Godfather, there was The Sicilian... еден од моите омилени филмови и дебело потценет, филм за вистинскиот бунтовник Салваторе Џулијано, човек во војна со власта и мафијата. Кристофер Ламберт во главната улога. Да се гледа, за домашно.

Ќе продолжам подоцна или во друга прилика :) Уште да кажам дека од поновите филмови Ides of March заслужува внимание.
 
Network (1976)
Голем филм. Филмиште. Пророштво за тоа како ќе изгледа телевизијата во рацете на корпорациите и политичарите. Пропагандата денес во филм од 1976. Задолжително!

Network е оооооодличен филм. Одличен! Баш пред две-три недели го начекав на кабловска и одново ко да го гледав по прв пат. Секој што го интересира ваква тематика МОРА да го погледне.

Во контекст на ова, морам да ја ставам оваа сцена, која ми е можеби и една од омилените сцени општо:


Легендарно!!!:cuc:
 
Network е оооооодличен филм. Одличен! Баш пред две-три недели го начекав на кабловска и одново ко да го гледав по прв пат. Секој што го интересира ваква тематика МОРА да го погледне.

Во контекст на ова, морам да ја ставам оваа сцена, која ми е можеби и една од омилените сцени општо:


Легендарно!!!:cuc:
Надополнување:


 
Heaven and Earth - Томи Ли Џонс, Виетнам + После Виетнам. Два комплетно различни света, а една фамилија. Проститутка, Мајка, борец за слобода.
Оливер Соун секојпат си е имал своја вистина за нештата и одлично ја доловува у филмовето. Дел од трилогијата за Виетнам, Platoon, Born On the Fourth of July, Heaven and Earth.

Fatherland, Германија и Хитлер са победиле на запад. Интересна алтернативна приказна за мирновременеска наци германија.
 
Fatherland, Германија и Хитлер са победиле на запад. Интересна алтернативна приказна за мирновременеска наци германија.
Добар ТВ филм, плаче за римејк на големо платно.
Кога сме кај Fatherland, ме потсети на Mother Night со Nick Nolte, исто така многу добар филм.
 
На овој ми текна. Election (1999)
Дејството се случува во едно средно школо каде се бира претседател на средношколците. Битката е помеѓу двајца средношколци: амбициозната и спремна на се' Трејси и популарниот и глуп спортист Пол. За целиот изборен процес е заинтересиран, дури и премногу, еден професор кој прави се' што може колку Трејси да изгуби. Бидејќи филмот црпи инспирации од вистинскиот свет на политиката, во него можат да се сретнат многу манипулации, заткулисни игри, марионети и други работи кои нам ни се познати од секојдневието. Election е сатира на средношколските денови, но и на политиката во светот. Преку хуморот и богатите ликови се зафркава со една од најсериозните и најдемократските работи во светот, изборите. Можеби звучи чудно што една средношколска комедија ставам во ваква до некаде сериозна тема, ама мислам дека тука и' е местото поради пораката која ја носи, а и поради тоа што филмот е добар сам по себе.
 
Rendition. Политички инспириран за затворите и апсејнето на модерна Америка. Другата страна на демократијата и борбата со глобалнио тероризам.
 
Поттикнат од реалните збиднувања од 2002 г. во Романија, режисерот на Of Snails and Men те враќа во 1992 г. време- кога Романија тоне буквално. Државната фабрика за автомобили треба да се приватизира - купувач е француски бизнисмен кој сака да отвори на нејзино место фабрика за производство на конзервирани полжави . Спремаат да ги отпуштат вработените и воедно да распродадат се’ во неа .Затоа лидерот на работничкиот синдикат ги убедува работниците да ја продаваат својата сперма за да соберат пари и си ја вратат назад фабриката .
http://www.imdb.com/title/tt2078586/

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom