Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Ова е еден од моите омилени жанрови, па затоа решив да ја отворам темава, да споделиме добри филмови каде се обработува ваква тематика. Ваквите филмови често создавале големи контроверзии, буки и дебати во времето кога биле прикажувани затоа што секогаш обработуваат “жешки“ и чувствителни теми.
На пример, еден од моите омилени филмови од оваа област е Spinning Boris. Филм направен според вистинска приказна за тоа како тројца американски политички аналитичари влегуваат во кампањата на Елцин за повторно да биде избран за претседател. Одличен филм и го препорачувам на секој кој сака ваков тип на филмови.
Еве и едно интервју со вистинските политички аналитичари според чија приказна е направен филмот:
Друг ваков тип интересен филм е Wag the Dog, кој исто така се занимава со моќта на спинувањето и мислам дека особено љубителите на теории на заговор многу би го сакале овој филм. Има и одлична екипа, а и предводат легендарните Роберт Де Ниро и Дастин Хофман.
Еве го трејлерот, па самите проценете дали да го гледате или не...
1984, според истоимената книга од Орвел, иако за мене филмот може само вода да и носи на книгата, али добро би било за секој љубител на вакви филмови да го погледне и овој филм.
Еве и трејлер:
На Кајгана имаше пред некое време статија за најдобрите политички филмови според Time, па можете да ја погледнете и таа листа.
Некој филм да додадете, искоментирате? Ви се допаѓаат вакви филмови?
Вие лично кој би го препорачале и зошто?