Слушни помагала/апарати

  • Креатор на темата Креатор на темата RedStarFan
  • Време на започнување Време на започнување
За дедо ми е паратчето. И не му е нешо многу расипано, него ваљда треба неш ода се прочисти пак слабо слуша и со него... А не знам колку е паметно нов апарат пошто вика дека овој го платил 700 евра...
аха значи, тоа не е ништо сериозно се чистат бидејќи како што се потел од горештина или од физичка активност и потта навлегува во микрофонот што прима звукот и втора работа ако апаратот е стар и долго време го користи околу 4-5 години тоа е знак дека му дојде крајот толку му е векот на траењето.Совет од мене за дедо ти нека земе од оние пензионерски слушен апарат малку поголемичко ама за таков апарат нема смрт и чинат околу 300-500 евра додека мојот Сиеменс што си купив и е постар модел(ланскиот модел) ме чинат 800 евра додека најновиот модел чинат 1200 евра со повеќе опции.

патем дечково горе што постира Слух 1 тоа е слушен апарат и претставник е за Fhonax и се наоѓа во лептокарија (карпош 3)
--- надополнето: 15 септември 2012 во 20:55 ---
Слабо слушам со левото уво и сакам да прашам дали апаратчињата самостојно се купуваат или ако препише доктор.
на доктор треба да одиш да ти проверат можно е маснотиите ти наталожат во увото затоа слабо слушаш, и не купувај слушен апарт своеволно не е тоа аспирин па да купиш во аптека, прво дискутрај со вашиот доктор па после ќе знаат што ќе прават;)
 
За Ваша информација, работам со слушни апарати повеќе години.
Било што да Ве интересира слободно прашајте ме.
Инаку слушните апарати се бесплатни т.е. Фондот за Здравство ги плаќа за вас доколку сте осигуран. (освен ако имате некои посебни барања или пак сакате 2 апарата ќе морате вториот да си го платите)
 
Оваа реченица последниве 2-3 години почесто ја употребував.
Во обичниот разговор со други лица а и телевизија не „слушав“ 2 години.
баш поради тој проблем за намален-оштетен слух.(на-глувост ли се вика)
(можеби ќе се најдат малку членови овде за муабет на оваа тема,
поради возраста што овој проблем се јавува повеќе кај постарите лица)
Но главен причинител за овој мој проблем е работата во бучава веќе 40 г.
А се почесто овие години ми бучеа ушите и главата и тоа долготрајно.
Па затоа на секој систематски преглед ми велеа да земам слушно апаратче,
кое и го направив минатиот месец, за да некако се стабилизира состојбата
и да не оди на полошо т.с. целосно оглувување. До пензија имам уште 4 год.
Не ми е познато ништо за оваа „болест“ и нејзиното лечење и др.сл.работи.
Има ли некој што употребува слушно апаратче овде,или некој ваш близок.
Каква е состојбата на лицето после неколкугодишна употреба на нив.
Каде ги набавувате слушните апарати,која марка,сервисирање,батерии и сл.
-----------
изгледа дека и нема до сега тема отворено за овој тежок проблем на некои.
 
Да додадам: Како до слушно апаратче,(на тие што им треба).
За до 65 години возраст важи ова правило
1-Упат од матичен до специјалист за уво,
2-потоа потврда од специјалист за набавка-потреба од ушно апаратче,
3-се заверува потврдата во социјално „до црвен крст“,
4- се зема ушно апаратче во Акус Медикус,до стара рампа,
5- за 2-3 дена добиваш нова влошка за увото,земена према вашето мерење-калап.
--------------------
до тука е целосно постапката бесплатна,со тоа што добиваш само едно слушно апар.
Но таму те предупредуват дека треба да земеш уште едно слушно апаратче,за да има на двете уши такви истоветни,од ист производител и сл. кои пак тие ги штелуваат,према испитувањето кое го вршат таму на лице место. Понатаму други прашања ќе има.Баш прашањето мора ли и на двете уши(еднакво оштетени) да се носи такви апарати.
 
Најпаметно ти е да си појдеш на ушно, да те прегледаат.
На систематски преглед многу многу и неможат да ти расчистат и погодат.

Оди на ушно, може ќе ти ги исчистат ушите, па ќе слушаш или ќе те направат некое испитување со што ќе ти препишат нешто ( капки или слушно апаратче) со што слухот ќе ти се врати во нормала.

Но кажи му на докторот и дека работиш во бучна средина, зошто обично луѓето кои постојано се изложени на бучава страдаат од ваков проблем.
:)
 
Спонџ, не прочита дека бил на ушно, му дале апаратче и веќе го носи апаратчето или сакаше да пишеш по секоја цена?
Темава е добра, досега нема тема за проблеми со слухот, Анчо многу убаво објаснил која е процедурата за добивање на слушни помагала, љубазно ве молам да не ја уништувате. Ако некој има искуства со апаратчињата нека сподели.
 
Да, но знаеш какви се денешниве лекари... ќе го видат стар човек и готово еве ти слушно апаратче.
Затоа му велам најфино му е детално да си го испита сетилото за слух и точно да знае што му е и кој е вистинскиот лек :)
 
Нема 903 години човекот. Слушните апаратчиња се даваат исклучиво по препорака на ушен доктор.
 
Второ ушно апаратче.
За првото прочитавме е целосно бесплатно т.с.преку социјално ако си осигуреник.
Бев денес за да прашам за второ слушно апаратче.
Радосни и услужни на ниво кога го слушнава прашањето ми ја кажаа и цената.
Цела една плата близу 20.000 денари. Значи еден месец на строга диета.
А таа цена е и за невработени и земјоделци и други,како ли само ќе ги најдат 20.000 д.
 
За Ваша информација, работам со слушни апарати повеќе години.
Било што да Ве интересира слободно прашајте ме.
Инаку слушните апарати се бесплатни т.е. Фондот за Здравство ги плаќа за вас доколку сте осигуран. (освен ако имате некои посебни барања или пак сакате 2 апарата ќе морате вториот да си го платите)

Со кој бренд на апарати работите?
Која фирма ја претставувате? Од мои 7 години носам апаратчиња и сакам да пробам нови брендови доколку ги има.
 
Представник сум на Данска фирма за слушни апарати. Имаме искуство повеќе од 10год. и представништва во неколку градови во МК.
На пазарот постојат неколку брендови и се многу слични. Во последно време се појавија и апарати со wireless и bluetooth технологија.
Несакам да правам реклама на форумов, така да ако си заинтересиран пиши ми ПП и ќе ти објаснам детали.[DOUBLEPOST=1393847144][/DOUBLEPOST]
Второ ушно апаратче.
За првото прочитавме е целосно бесплатно т.с.преку социјално ако си осигуреник.
Бев денес за да прашам за второ слушно апаратче.
Радосни и услужни на ниво кога го слушнава прашањето ми ја кажаа и цената.
Цела една плата близу 20.000 денари. Значи еден месец на строга диета.
А таа цена е и за невработени и земјоделци и други,како ли само ќе ги најдат 20.000 д.
Цената на второто слушно апаратче се движи од 11.000ден па се до повеќе од 60.000ден.
Зависи од какво имаш потреба или твојата желба за естетика и квалитет.[DOUBLEPOST=1393847385][/DOUBLEPOST]
Да додадам: Како до слушно апаратче,(на тие што им треба).
За до 65 години возраст важи ова правило
1-Упат од матичен до специјалист за уво,
2-потоа потврда од специјалист за набавка-потреба од ушно апаратче,
3-се заверува потврдата во социјално „до црвен крст“,
4- се зема ушно апаратче во Акус Медикус,до стара рампа,
5- за 2-3 дена добиваш нова влошка за увото,земена према вашето мерење-калап.
--------------------
до тука е целосно постапката бесплатна,со тоа што добиваш само едно слушно апар.
Но таму те предупредуват дека треба да земеш уште едно слушно апаратче,за да има на двете уши такви истоветни,од ист производител и сл. кои пак тие ги штелуваат,према испитувањето кое го вршат таму на лице место. Понатаму други прашања ќе има.Баш прашањето мора ли и на двете уши(еднакво оштетени) да се носи такви апарати.
Точка 4. Апаратчето може да се земе на повеќе локации во Скопје и во други градови. Има повеќе фирми што работат со слушни апарати а може да ги најдете и на интернет[DOUBLEPOST=1393847768][/DOUBLEPOST]
Оваа реченица последниве 2-3 години почесто ја употребував.
Во обичниот разговор со други лица а и телевизија не „слушав“ 2 години.
баш поради тој проблем за намален-оштетен слух.(на-глувост ли се вика)
(можеби ќе се најдат малку членови овде за муабет на оваа тема,
поради возраста што овој проблем се јавува повеќе кај постарите лица)
Но главен причинител за овој мој проблем е работата во бучава веќе 40 г.
А се почесто овие години ми бучеа ушите и главата и тоа долготрајно.
Па затоа на секој систематски преглед ми велеа да земам слушно апаратче,
кое и го направив минатиот месец, за да некако се стабилизира состојбата
и да не оди на полошо т.с. целосно оглувување. До пензија имам уште 4 год.
Не ми е познато ништо за оваа „болест“ и нејзиното лечење и др.сл.работи.
Има ли некој што употребува слушно апаратче овде,или некој ваш близок.
Каква е состојбата на лицето после неколкугодишна употреба на нив.
Каде ги набавувате слушните апарати,која марка,сервисирање,батерии и сл.
-----------
изгледа дека и нема до сега тема отворено за овој тежок проблем на некои.
Состојбата на лицето што употребува слушен апарат е секогаш подобра од моментот кога ке почне да го носи, бидејќи престанува да се напрега за да слушне. Враќање на слухот нема, но ако не почнете да користите слушен апарат може загубата и да се зголеми. Тоа е нормално за ваша возраст. Потврдата што ја добивате од специјалистот важи 5год., ретко се случува апаратот да има кварови ако се правилно употребува. Трајноста на батериите е од 10 до 28 дена и зависи од типот на апаратот и големина на батерија.
 
Последно уредено:
Имам дилема во врска со избор на слушни апарати, доколку има некој искуство овде да се понуди или да отворам нова тема?
 
I shto dilema imash be prijatele?
Plavi, crveni ili debeli tanki!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom