Interpol

  • Креатор на темата Креатор на темата Erich Zann
  • Време на започнување Време на започнување

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.650
Поени од реакции
31.879
Возраст
34
Interpol e indie rock, post punk revival бенд од Њу Јорк, Америка. Бендот завзема значително место во post-punk revival ерата од 2000та година па натаму. Составен е од Paul Banks(гитара и вокал), Sam Fogarino(тапани) и Daniel Kessler(гитара и придружен вокал). Бендот може да се поврзи со двата постари култни бендови Joy Division и The Chameleons. Бендот е формиран во 1998 година од Daniel Kessler кој се запознал со тапанарот Greg Drudy поранешен член на бендот Joshua fit for battle во еден од универзитетските кампови. Подоцна во бендот е примен и Carlos D кој Kessler го сретнал на часот по историја. Поставата на бендот беше комплетирана кога Daniel го запознал Paul Banks во Париз. Во 2000та година Drudy беше заменет од страна на Sam Fogarino кој работеше во една од локалните продавници за музичка опрема. Во 2010та година басистот го напушта бендот, на негово место немаат земено постојан член, во зависност од потребата неговото отсуство го пополнуваат различни музички имиња. Првиот албум Turn on the Bright Lights (2002) беше успешно примен од страна на слушателите, па така се искачи на десеттата позиција на NME листата за најдобри 20 албуми од 2002 година. Подоцна го издадоа Antics во 2004 година и Our Love to Admire во 2007 година кои го зголемија нивниот успех ширум светот. Во 2010 го издадоа албумот именуван според бендот Interpol.
Вака накратко изгледа историјата на бендот. На форумов се надевам дека има фанови со кои можеме да размениме мислење. Досега сретнав неколку преку постовите во Хит на денот . Мој омилен албум е првиот Turn on the Bright Lights. И до ден денешен си го пуштам в компјутер иако бендот почнав активно да го слушам некаде околу 2004та година. Еве некоја песна од нив што онака ми има оставено впечаток колку да ја започнам темава, понатаму следуваат повеќе :)
 
Првиот албум е ремек дело, вториот никаков, третиот солиден, но со големи разлики во квалитетот на песните. Четвртиот сеуште го немам преслушано. Споредбата со Joy Division не држи многу.

;)

Eве две од моите неколку омилени песни...


 
Исто и мене ми е првиот албум најомилен од момциве, најдобра песна ми е Untitled.
Имам еден пријател што беше на концерт за нив и има пофални зборови за нивните перформанси.

 
Првиот албум е ремек дело, вториот никаков, третиот солиден, но со големи разлики во квалитетот на песните. Четвртиот сеуште го немам преслушано. Споредбата со Joy Division не држи многу.

;)

Eве две од моите неколку омилени песни...


Сега скоро секој од новиве влечи корени од некој, Joy Division си го обработиле своето, во едно од интервјуата Paul имаше спомнато околу Куртис демек подучувал од него. Чист пост панк си се двата бенда постари, овие го носат на кај алтернатива повеќе.
Инаку албумот од 2010та, мене искрено најслаб ми е. Не ме прими, дали дека повеќе очекував не знам. Така да не си пропуштил многу, но можеш да го слушниш и сам да оцениш :)
Еве ова песна ми остви впечаток од тоа новото. Во соработка со Линч иди нештово.
David Lynch created an animation piece titled "I Touch a Red Button Man" to accompany the song 'Lights' by Interpol. So here you have the web premiere of this Lynch/Interpol collaboration. Decide for yourself what's going on
 
Исто и мене ми е првиот албум најомилен од момциве, најдобра песна ми е Untitled.
Имам еден пријател што беше на концерт за нив и има пофални зборови за нивните перформанси.

не ја ни заслушав песната од ова мечката ! се згазив :pos::pos::pos:
 
Оваа песничка ми беше во средно едно време хитче. На прво слушање памтам ме прими во времете максимално.
 
Да ја живнам малку темава.
 
5-ти пост по ред а :) Гајле ми е.

 
Една страна има само на темава :place:

 
Треба некако да привлечеме уживачи на ваквата музика на форумов. Како владата шо привлача инвестиции. Ја би!

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom