Самоубиство во Агенцијата за разузнавање

  • Креатор на темата Креатор на темата M.O.P.
  • Време на започнување Време на започнување
Јас незнам од каде донесе заклучок дека се застрелал несакајќи,немој да коментираш нешто кога незнаеш,напишав дека е самоубиство,а самоубиство не е несакајќи...
 
Кој знае што знаел овој па сега го скинале.. Многу нелогичности има настанов како и многу други работи што се случија во државава.o_O
 
Се работи за самоубиство од сигурни извори,затоа сите теории дека е застрелан од колегите паѓаат во вода.Многу луѓе кои работат во безбедносните служби после долгогодишна работа се со психички проблеми посебно оние кои имаат работено во време на конфликтот,но затоа е предвидено на секои 6 месеци до година да одат на медицински прегледи,ама кај нас ништо не се почитува.
У кофа да не се удавил и овој ?
Инаку незнам дал е ова соодветно место за прашањево со оглед дека темата за внатрешни случувања е затворена :eek:, вчера другар од Чаир ми пиша, т.е. не вчера него сабајлево рано, накај 3 ипол, 4, имало ептен пукање во Чаир, одамна не слушнал нешто со таков интензитет па да не знаете нешто повеќе во врска со ова, односно, дали некој медиум известил нешто во врска со тие пукотници ...
 
со 96 број на мислења и што се уклучуваш баш на темава јасно ми е што си ти или некое партско војниче или пак кече тие муабети дома
Не сум кече,ниту партиски војник,а и несакам да се расправам,не ги гледај мислењата нема да седам на форум и да јадам трици,ќе има јавно соопштение,ама овие теории на заговор ми се баш интересни,не донесувајте заклучоци кога незнаете.
 
Oh god... И сега сите ќе почнат со закани и револт... НА ФОРУМ! (таман и успат ќе ги заборавиме поскапувањата)

Дај не зезајте со ова веќе. Има такви намерни спинови и вртења на вниманието, но не се што ќе се случи е такво нешто.
 
абре пукал во огледалото карши него,ама тоа да ти било од непробојно стакло и ...
... и куршумот да ти се вратил назад и право во срце - десило се што да се прави
е ова се спрема за официјално соопштение како што разбрав кога задремав малку.
 
се удавил во кофа , се упуцал у срце додека си го чистел пиштолот а сите знаеме за да го исчистиш пиштолот треба да се расклопи а као расклопен пиштол пука ке видиме како ке објаснат властите и Гоца бркоња
--- надополнето: 15 септември 2012 во 13:26 ---
Лекарите од Градска го пријавиле случајот за разузнавачот во МВР



Категорија:
М
Сеуште нема нови детали за смртта на Јонче Груевски, долгогодишен оперативец на безбедносните служби кој вчера загина од огнострелна рана во својата канцеларија во Агенцијата за разузнавање. Министерството за внатрешни работи го истражува случајот и како што информираат од таму се чека на извештајот од обдукцијата на Судска Медицина каде треба да се прецизира поради што настапила смртта и колку огнострелни рани има на телото на починатиот.

Според полицијата случајот за ранетиот припадник на АР на 192 го пријавиле лекари од Градската болница во Скопје каде бил донесен. Но, поради сериозната повреда, Груевски починал. Денеска со кратко соопштение се огласија и од Агенцијата за разузнавање, од каде тврдат дека припадникот на тајната служба се самоповредил не прецизирајќи како, обајви Плус инфо.
Обвинител и истражен судија направиле разговори со дел од вработените во АР, но детали во која насока оди истрагата се уште нема. Од официјалното соопштение на МВР не е прецизирано дали четириесет и едно годишниот разузнавач се самоповредил или пак во него е пукано.
Единствено полицијата прецизира дека истрелот бил од пиштол. Исто така од МВР велат дека и во канцеларијата на Груевски бил пронајден пиштол, но вештачењето треба да покаже дали пронајдениот пиштол соодејствува со испуканиот куршум.
На местото на настанот е извршен увид при што е констатирано дека Јонче Г.со огнострелната рана се здобил во својата канцеларија, во Агенцијата за разузнавање, а на лице местото е пронајден пиштол кој е предаден за вештечење, се вели во дел од соопштението на МВР.
- Вработен во Агенцијата за разузнавање на своето работно место се самоповреди со огнено оружје во пределот на срцето. Повредениот итно беше префрлен во Градската болница, каде што беше констатирана смрт како последица на сериозноста на повредите. На местото на настанот веднаш беше повикана увидна екипа од МВР, истражен судија и јавен обвинител. Истрагата е во тек – вели Габриела Митевска од АР.
Јонче Груевски во разузнавање преминал од јули 2012 година. Претходно бил дел од МВР, работел како инспектор во НТШ, бил дел од мобилната единица Алфа, а неколку години бил и во Единицата за специјални задачи Тигар. Груевски учествувал и во конфликтот во 2001 година, пишува Плус инфо.

ПА сега видете сами дали не ова сомнителен сличај , значи лекари пријавиле ,нит полиција дошло ,нит форензичари да видат што како , собираат време за да ја објават приказната .
 
Се самоповредил во пределот на срцето:pos:кого лажат овие бе...
 
Значи човек крај неможе да фати од вас и нашиве медиуми што сервираат срања колку само да привлечат повеќе читатели!
Човеков му беше колега на татко ми, заедно работеа 20 години и јас лично го знам и тоа мноогу добро. Вчера кога се случило ова одма дознав, и не трескајте глупости, убиства, масакри и незнам ти што... Многу гледате Амерички филмови, лошо влијаат на вашето здравје! При чистење на оружје, може да е репетиран пиштолот и во цефката да остане куршум, а шаржерот неигра никаква улога дали е во пиштол или не е... Нејкам памет да ви солам, продолжете си со вашите филмски сценарија на темава, али срамота е ова до кај ви иде паметот;)
 
Хахахаа колку само некој од внатре може го има "порачано" ова, али ај :)
 
Мора да има вакви агенции кој ќе работат за државата макар тоа што го прават не е баш добро..само што кај нас работат за себе:)

Во која земја работат за државата.Во секоја држава агенцииве се главни организатори на трогивјата со оружје,проституција и дрога.Во секоја.
 
После кај тебе дома НТШ ќе дојде. Мојте се под стечај, дали жив ќе останаам. Ајде на шопинг во Чаир таму ми се сите што ги знааам..
 
Хахахаа колку само некој од внатре може го има "порачано" ова, али ај :)
Или не си ги исполнил обврските. Зезнато е кога работиш во оддел за оружје и дрога.
 
Личност со 20+ години искуство, со искуство од војна во најтренираната полициска единица каде не се потребни само општи знаења, наводно случајно се ранил чистејќи пиштол.ОК, можно е секогаш еден куршум изненаден, ама колкава е веројатноста да се случила баш на таа личност.Колкава е веројатноста при чистење пиштол цевката да ти е свртена кон себе???

Од друга страна, можно е да не се прилагодил од МВР во МО, од терен во канцеларија, од оператива во разузнавање ... па премногу работи научил спротивно на принципи на работа...

Зошто не е пријавено и не се дојдени полицајци одма после настанот, ниту КТ и слични екипи...туку директно бил однесен во болница без проверка на местото на убиството, па лекарите завртеле на 192? :гомце:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom