SunWireless интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Акаша
  • Време на започнување Време на започнување
Моментална брзина download 0,12 Mbps а upload стои conecting и не може да измери, затоа што и го нема.


Алекс ќе може ли да ни кажеш на кое SSID си закачен и каков сигнал добиваш?

Благодариме,
 
Искрено дали ќе превземете нешто на терен? Кажувате дека имало надградба, но на терен ситуацијата е иста како и до вчера кога викавте дека се врши надградба. И не само кај мене туку многу што ги знам, а користат SunWireless се жалат дека им е премногу спор интернетот.
 
АВТОБУСКАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ ОДСЕГА СО БЕЗЖИЧЕН ИНТЕРНЕТ ОД SUNWIRELESS

SunWireless на задоволство на своите корисници објавува дека од пред неколку дена потпиша ексклузивен договор со менаџментот на Автобуската станица во Скопје со кој на сите посетители на автобуската станица ќе им овозможи пристап до квалитетна, безбедна и брза врска за безжичен интернет.

- “Особена чест и задоволство ни е што изборот за wireless провајдер во автобуската станица - Скопје, која несомнено е од највисока категорија и реноме, падна токму на SunWireless, па максимално ќе се потрудиме сите посетители да добијат првокласен сервис на безжичен интернет – каков што несомнено очекуваат и заслужуваат.“

Со овој договор, SunWireless продолжува со својата мисија да расне како најголем безжичен-мобилен провајдер во Македонија, да ги следи своите корисници во чекор и да им обезбеди квалитетна услуга на безжичен интернет секаде каде што се тие присутни.
 
Чисто сумјам дека ќе има квалитетна услуга.......
 
Искрено дали ќе превземете нешто на терен? Кажувате дека имало надградба, но на терен ситуацијата е иста како и до вчера кога викавте дека се врши надградба. И не само кај мене туку многу што ги знам, а користат SunWireless се жалат дека им е премногу спор интернетот.


Алекс, секако дека ќе поработиме на проблемот.

Нашите техничари веќе беа на секој кат во студентскиот дом и го мереа сигналот.

Утврдивме на кои места треба засилување и сега ги договаравме позициите од каде треба да се постави дополнителната опрема.
 
Во склоп на “Сајбер Понеделник“ (Cyber Monday) – светскиот ден кога се прават најмногу online купувања, SunWireless лансираше промо код : “CYBERMONDAY“ , со кој на првите 100 купувачи им овозможува да купат online SunWireless при-пејд картичка со 30% попуст.
pripejdkarticki.jpg


http://blog.sunwireless.com.mk/?p=506
 
SunWireless лансираше своја андроид апликација со која на корисниците им се овозможува автоматски да се прикачуваат на мрежата на SunWireless секогаш кога ќе се наоѓаат во некоја од нашите хотзони.

Информација за апликацијата
http://blog.sunwireless.com.mk/?p=496

Линк за андроид апликацијата
https://play.google.com/store/apps/...sMSwxLDEsIm1rLmNvbS5zdW53aXJlbGVzcy53aXNwciJd
 
Почитувани кајганџии, со задоволство Ви пренесуваме една убава вест на која сме особено горди :

Безжичен интернет и за студентите во СД “Пелагонија“ од Скопје

Станарите на студентскиот дом “Пелагонија“ од Скопје, имаат причина да бида задоволни со уште една убава вест која SunWireless предновогодишно им ја соопштува.
Имено, ги информираме студентите кои престојуваат во СД “Пелагонија“ дека од средината на минатата недела во самиот студентски дом во функција е пуштен сервисот на SunWireless со кој ним им се овозможува да добијат брза и квалитетна врска на безжичен интернет во нивните соби.

Линк од целата вест: http://blog.sunwireless.com.mk/?p=543
 
Се надевам дека планирате во блиска иднина(ДЕНОВИВЕ!!!) да го средите интернетот во С.Д. „Стив Наумов“. Еве веќе неколку дена со гоооолеми тешкотии се логирам на почетната страница, а со уште поголеми потешкотии отворам било каква интернет страница.
--- надополнето: 13 декември 2012 во 01:03 ---
Се надевам дека планирате во блиска иднина(ДЕНОВИВЕ!!!) да го средите интернетот во С.Д. „Стив Наумов“. Еве веќе неколку дена со гоооолеми тешкотии се логирам на почетната страница, а со уште поголеми потешкотии отворам било каква интернет страница. Дури и постов 3 пати го постирам!!!
 
Се надевам дека планирате во блиска иднина(ДЕНОВИВЕ!!!) да го средите интернетот во С.Д. „Стив Наумов“. Еве веќе неколку дена со гоооолеми тешкотии се логирам на почетната страница, а со уште поголеми потешкотии отворам било каква интернет страница.

Здраво mladenc0 ,

Најпрво да ти се заблагодариме на информацијава. Досега немавме пријавен тикет во хелпдеск центарот за СД “Стив Наумов“.

Ние кои го администрираме профилов на SunWireless на Форум Кајгана, Веднаш ќе пренесеме до центарот за корисничка поддршка да пуштат екипа и да проверат.

Би ни помогнале кога би ни кажале на кое SSID имате проблеми и дали и претходно сте имале слични потешкотии.

Во иднина за да се забрза оваа процедура - можете и да се јавите на броевите за корисничка поддршка кои се во потпис во истиот момент кога ќе Ви се појави било каков проблем - таму директно на мониторинг ќе проверат и ако има потреба уште истиот момент ќе пратат екипа.
Техничките екипи ни се дежурни и преку викенд така што да не се воздржувате да не побарате :)

Ајде поздрав и пријатен ден !
 
Зошто имавте испромовирано дека при првото користење на вашите безжични hotspots првите 15 минути се бесплатни, кога такво нешто немаше како опција.
 
Зошто имавте испромовирано дека при првото користење на вашите безжични hotspots првите 15 минути се бесплатни, кога такво нешто немаше како опција.


Здраво Члено,

Таква промоција сме немале оддамна (веќе 10 месеци).
Тоа најчесто сме го правеле кога сме промовирале некоја нова поатрактивна хотзона, како што последно е случајот со Автобуската станица во Скопје.

Поздрав и пријатен викенд,
 
Здраво Члено,

Таква промоција сме немале оддамна (веќе 10 месеци).
Тоа најчесто сме го правеле кога сме промовирале некоја нова поатрактивна хотзона, како што последно е случајот со Автобуската станица во Скопје.

Поздрав и пријатен викенд,
Па и за тој период зборувам, и тогаш не функционираше...но во ред.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom