SunWireless интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Акаша
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво-живо Момци,

Дај кажете за кои локации станува збор да провериме :)

На некои места каде правевме надградба на капацитетите сме свесни дека мал период имаа проблеми, но дајте да провериме да не станува збор за некој друг технички проблем да пратиме екипите да проверат!

Пријатна вечер,
Јас сум во СД„Стив Наумов“, а другарчево мислам дека е во СД„Гоце Делчев“.
 
Почитувани пријатели кајганџии да Ви споделиме една нова информација од денеска.


Корисниците на ОНЕ ќе сурфаат преку Сан Вајрлес

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ и Сан Вајрлес на корисниците на домашен интернет и мобилна телефонија на овој оператор им овозможуваат нова услуга за пристап до интернет преку Ви-Фи мрежата на Сан Вајрлес.

„Придобивки од користењето на оваа услуга се поголема достапност, Ви- Фи интернет по цена на фиксен, но и едноставност при пристапување на интернет и за корисниците на мобилната телефонија на ОНЕ“, информира Сашо Србаков, менаџер за производи и иновации во ОНЕ.

Месечната претплата за пристап на Сан Вајрлес за корисниците на резидентниот интернет изнесува 99 денари, а најавата со код за корисниците на мобилната телефонија на ОНЕ изнесува 29 денари.
 
Аиии топ ви е ова, само кај има подетално како можам да се најавам со нетот што ми е дома?
 
Доволен е wireless usb-адаптерот за да се фати мрежа или ?
 
Аиии топ ви е ова, само кај има подетално како можам да се најавам со нетот што ми е дома?

Здраво Alex The_Great,

На официјалната веб страна на ONE има малку повеќе околу новата понуда
http://one.mk/detalni-informacii-1210/items/-3325.html

А можете да ги прашате и на нивната ФБ страница http://www.facebook.com/ONE.mk

Поздрав и пријатен викенд,
--- надополнето: 27 октомври 2012 во 12:08 ---
Доволен е wireless usb-адаптерот за да се фати мрежа или ?

Здраво Боби, ако зборуваме за користење на SunWireless сервисот за домашна употреба - препорачуваме користење на наша дополнителна опрема која во пост-пејд пакетите можете да ја изнајмите за 100 ден месечно.

Во однос на користење на нашиот сервис во нашите хотзони (центар на град, ул.македонија, кеј, студентски домови, хотели, аеродром) - не Ви треба никаква дополнителна опрема.

Само ги скенирате достапните wi-fi мрежи и се закачувата на таа од SunWireless со најдобар сигнал. После првото пребарување ќе бидете пренасочени на нашата логин страна каде го внесувате кодот од при-пејд картичката или ако сте пост-пејд корисник правите PPPoE конекција со Вашето корисничко име и лозинка.

Поздрав Боби,
 
Аха, значи ова функционира повеќе како мобилнава телефонија отколку како кабелскиов интернет. Јас мислев дека со wireless усб-адаптер ќе може да се фати мрежата онаму каде што ја има.
 
Интернетов моментално го користам, од СД „Гоце Делчев“ и да, се слагам со Alex The_Great... нетов го користев и лани, беше доволно брз за некои ситни потреби, но сега во последно валда пола гоце веќе го користи и е многу слаб, освен во ова неартикулисано време кога останати нормални луѓе спијат... Би било океј да пуштите поголем bandwidth на станиците, најверојатно моменталниот неможе да издржи толку корисници.
Успат исто би било фино да направите некој студентски пакет поготово за нас во студентски дом каде што никој оператор не пушта кабел а домскиот интернет е... катастрофа. Гледав тие постпејд пакетите но 2 години договор ми е многу плус дома си имам интернет а никаде во близина не фаќам ништо од SunWireless...
 
Здраво @SormRage ,

Ви благодариме на коментарите и сугестиите.

Во “Гоце Делчев“ определен период додека траеше надградбата имавме помали проблеми со брзината, но сега и тие би требало да се исчезнати.Ќе те замолиме во иднина кога ќе имате некаков проблем со брзината веднаш да ни пишете или да се јавите во корисничка поддршка со точното SSID на кое сте прикачени.

Ние информацијава ќе ја препратиме до техничка служба, па се надеваме дека во иднина ќе нема никакви поголеми проблеми.

Во однос на посебниот пакет за студенти, сметаме дека тоа е одлична идеја и секако дека можеме да смислиме и да понудиме и нешто такво.

Поздрав и пријатен ден,
 
Проблемот со брзината е константен.
Секој ден од 14 до 22 е спор, а најспор е од 19 до 22, понекогаш страна да отвориш е чудо.
 
Кај мене фаќа сигнал само на едно место од станот и тоа под одреден агол на лап топот, кај вас е супер. :)
 
AirOptic S
до 5Mbps, неограничен сообраќај
499 ден

  • За постпејд пакетите потребна ви е соодветна Wi-Fi корисничка опрема.​
    • Потребната корисничка опрема можете да ја купите однапред за 3.500 денари.​
    • Потребната корисничка опрема можете да ја изнајмите за 100 ден. месечно.​
  • За инсталација на постпејд пакет се наплаќа 1.500 ден (односно 500 денари доколку опремата се купи однапред).​
  • AirOptic пакетите не се достапни во целата мрежа на SunWireless.​
Прашања:
Штпо е потребно од корисничка опрема, вид на антена и начин на поврзување - дали се работи само за акцеспоинт или се работи за рипитер кој осем што обезбедува интернет за корисникот ја шири мрешжата понатаму и го засилува сигналот...дали антената е надворешна или може да биде и внатрешна доколку има добар прием?
Дали опремата мора да се изнајми или купи од кај вас или....
Дали мора да се плати инсталација..или пак корисникот може сам да ја инсталира опремата?
 
Ќе ви дадев линк од моментална брзина, ама ми требеа 2 минути да ја отворам странава, а спидтест.нет не сака ни да го отвори
 
AirOptic S
до 5Mbps, неограничен сообраќај
499 ден

  • За постпејд пакетите потребна ви е соодветна Wi-Fi корисничка опрема.​
    • Потребната корисничка опрема можете да ја купите однапред за 3.500 денари.​
    • Потребната корисничка опрема можете да ја изнајмите за 100 ден. месечно.​
  • За инсталација на постпејд пакет се наплаќа 1.500 ден (односно 500 денари доколку опремата се купи однапред).​
  • AirOptic пакетите не се достапни во целата мрежа на SunWireless.​
Прашања:

Штпо е потребно од корисничка опрема, вид на антена и начин на поврзување - дали се работи само за акцеспоинт или се работи за рипитер кој осем што обезбедува интернет за корисникот ја шири мрешжата понатаму и го засилува сигналот...дали антената е надворешна или може да биде и внатрешна доколку има добар прием?
Дали опремата мора да се изнајми или купи од кај вас или....
Дали мора да се плати инсталација..или пак корисникот може сам да ја инсталира опремата?

Здраво arakenx ,

Благодариме за прашањето :)

Корисничката опрема не секогаш е неопходна. Ако сте доволно блиску до базната станица можеби ќе можете да го користите сервисот и без неа.

Сепак ние преферираме да инсталираме дополнителна опрема (локо, нано станици) како би постигнале најдобар перформанс на сервисот кој го промовираме. Целта на опремата е да го засили сигналот и да овозможи најдобар квалитет на сервисот.

Да, опремата се изнајмува/купува од нас.
Инсталацијата исто така преферираме да ја правиме ние доколку опремата ја изнајмите со оглед на тоа што по завршувањето на договорот таа останува во наша сопственост и потребно е целото “управување“ со неа да го правиме ние.

Досега не сме имале барање од корисник сам да се инсталира , па би Ви сугерирале да се јавите во центарот за корисничка поддршка на броевите во потписот и да прашате за таа опција.

Поздрав и секое добро,
 
Моментална брзина download 0,12 Mbps а upload стои conecting и не може да измери, затоа што и го нема.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom