Роботика, интелигентни системи како дисциплина(гранка) од компјутерските науки

  • Креатор на темата Креатор на темата Doomy
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 март 2008
Мислења
51
Поени од реакции
8
Здраво,
Најпрво ми правеше логика темава да ја отворам во подфорум за наука и технологија, но еве, највеќе логика прави да биде во овој подфорум бидејќи колку што роботиката и интелигентните системи имаат поврзаност со хардвер, толку имаат и поврзаност со суштинскиот дел во нив - најразличните алгоритми кои им ја даваат придавката „интелигентни“.
Бидејќи сакам високово образование да си го „изсегментирам“ т.е насочам кон оваа гранка од ИТ, би било убаво да се развие една дискусија за оваа дисциплина, нејзината застапеност во Македонија, како и најразличните врати кои се отвараат со нејзино добро познавање, како една професија која е во подем во модерниот свет кој сите заедно се обидуваме да го изградиме експлоатирајќи ги можностите на компјутерите кои за одредени задачи, до одреден степен би можеле да го заменат човековиот мозок, имитирајќи ги неговите способности. Еве, на пример, интелигентни системи за насочување на цели автоматизирани транспортни мрежи(метро, трамвај, железничка мрежа), експлоатирање на роботите за домашни потреби, управувањето на фабричките роботи, со еден збор - машинското учење, заклучување врз база на логиката.
Особено би било убаво да слушнеме мислења на професионалци од оваа струка, некој кој работи во оваа струка или пак рекреативно се занимава со овие работи. Дали во Македонија постои „пристоен“ пазар за оваа дисциплина, дали има доволно научни истражувања или пак напредокот треба да го гледаме во западните држави каде очигледно ова е една од поразвиените ИТ струки во однос на истражувањето, како и создавањето на решенија на реални проблеми и олеснување на животот во општеството.
Едит: Ако модераторите мислат така, слободно нека ја преместат темава во посоодветен подфорум (y)
 
Јас бев на натпревар по робототика по техничко :) ото :)
 
Земи темплејти од различни алгоритми за машинско учење и играј си со нив. Почни со овој ако имаш машина со доволно меморија
http://en.wikipedia.org/wiki/Random_forest
 
Многу добар избор :cuc:.. во Македонија има недостатог на вакви професионалци односно мислам дека има само 2ца што добро ја разбираат роботиката...и за поправка на CNC машина земаат околу 50 евра на час, а не трошат материјал само користат мозок.:)
Работа има премногу за во оваа свера, само треба да си добар и да направиш добар углед.
 
^Во Македонија има многу што се разбираат не се само двајца ...

Дојди на КСИА т.е сега е КСИАР и е многу полесен смерот =).

За CNC машините не сум многу запознаен, тоа на машински мислам дека повеќе го има.
Се што гледаш наоколу е автоматика и роботика, не мислам конкретно на робот како што сите го замислуваат, туку на пр. роботизирана рака што ја има скоро во секоја фабрика (не со толку голема прецизност, но сепак е застапена)
Еве да тргнеме од најситни работи. Секој продукт како сок,млеко,јогурт, сирење итн. се пакува на автоматизирани постројки.
Во секоја индустрија автоматиката и роботиката е застапена. Фонтаните на плоштад се автоматика, семафорите на улица исто се автоматика....
Кажи конкретно што те интересира и ке падне дискусија (y)
 
^Во Македонија има многу што се разбираат не се само двајца ...

Дојди на КСИА т.е сега е КСИАР и е многу полесен смерот =).
Еден мој пријател (производител на соковите билјана) купи машина од Германија, али машината имаше некој квар бидејќи беше половна. Не можеше да најде компетентен човек во Македонија што ќе му ја поправи... така да човекот се изложи на екстремни трошоци...најми професионалец од Франција, му плаќаше по 60 евра на сат, службено возило и полн пансион во Дон Вито. Кварот го поправаа околу 3 недели а овој французинот истера добар одмор + добар кеш. Не сум многу упатен во роботиката само чисто информативно го запрашав зошто не земе од Македонија човек и колку го плаќа на французинот и колку земаат нашите... и овој одговор само го пренесувам како цитат на пријателот. Исто така наведе дека има само двајца во Македонија што се нафатиле да го средат овој квар но требало да чека слободен термин....еден бил вработен како главен оджувач и менаџер на некоја компанија во Битола за лифтови, а другиот е нонстоп во Скопје зафатен и мислам дека рече дека е од Кавадарци. Имало и Охрид некои двајца но не знаеле и не му давале гаранција дека ќе му ја поправат... а на човеков му се брзаше и немаше намера да се зафркава со аматери.
Друго нешто што е интересно, човекот се запиша на факултетот во Охрид на 32 години на овој смер... значи штом на таков бизнисмен му се исплаќа да потроши во учење одредено време во денот...тоа значи дека смерот е перспективен.
 
Еден мој пријател (производител на соковите билјана) купи машина од Германија, али машината имаше некој квар бидејќи беше половна. Не можеше да најде компетентен човек во Македонија што ќе му ја поправи... така да човекот се изложи на екстремни трошоци...најми професионалец од Франција, му плаќаше по 60 евра на сат, службено возило и полн пансион во Дон Вито. Кварот го поправаа околу 3 недели а овој французинот истера добар одмор + добар кеш.

E тука лежи зајакот =). Верувај дека не е така како што кажуваат сите, од прва рака имам видено :).
И скоро сите фабрики, бетонски бази и светлечки реклами во Косово ги прават фирми од Македонија, така да може му се брзало на човекот или не им се исплатело на другиве да трошат толку време и нерви.
Во секој случај има кадар.
 
Залудно, јас сум на смеров на електро, и со 50 евра на саат пак не можам да си дозволам сопствена јахта и живот од соништата. Така што, го учам срањето само за да си го "избистрам" и развијам умот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom