Класици и култни филмови кои не ви се допаѓаат

  • Креатор на темата Креатор на темата џимеј
  • Време на започнување Време на започнување

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.467
Поени од реакции
25.435
Мислам дека насловот е океј поставен и отприлика дава до знаење која е поентата на темава. Јас ќе бидам краток со воведот. Значи, култни филмови, по дефиниција, критика, рејтинг, се она што го содржи поимот култен (класика) филм, а не ви се допаѓа.
Еве еден пример.
220px-Citizenkane.jpg


Citizen Kane е еден од најпознатите и најубавите филмови направени некогаш. Ремек дело на Орсон Велс, според многу критичари број 1 филм на сите времиња.
Мене не ми се допадна многу во периодот кога го гледав. Можеби затоа што мислам дека некои филмови е многу важно да ги гледаш во одреден период од животот и кога ќе го испуштиш тој период после филмот нема да има некое посебно значење и доживување.
Има филмови кои се безвременски и различно се доживуваат во секој период од животот, ама кај мене Граѓанинот Кејн не побуди некакви емоции и желба за повторно гледање.
Можеби ќе го "обвинам" моментот кога сум го гледал, некое одбивно чувство без да знам зошто, така да отприлика субјективноста ќе владее во мислењата.
Значи, тоа е тоа. Филмови кои се сметаат за култни, водечки во својот жанр.
Овде не спаѓаат Авенџерси и Бенџамин Батоновци, отприлика сите знаеме горе/долу кои филмови се сметаат за врвни достигнувања.
Знам дека Io Sono Interista не го сака American Beauty.
Или дека на RocknRolaa не и се допадна A Clockwork Orange.

п.с. Мислењата се чисто субјективни. So, we are not here to judge. :X3:
 
clockwork orange, лижење цицки во бар....
 
Не можам да глумам дека е ДЛАБОК и дека којзнае колку бев фасциниран од кинематографијата. Јес да е понапред од своето време ама дооо сааа дееенннн
 

По ''култен'' и поглуп филм не е снимен на планетава од овој:):)
 
Само знам дека ќе пробам да не коментирам од сега натака на темава, затоа што уште сега се доведуваат на ниво на тинејџерски комедии ремек дела.

Џимеј, не требаше да ја отвориш темава :(

Иначе ајде да се изјаснам јас за еден,

Титаник, by far, ако може да се смета за култен.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom