[7 Sep, 2012] Love Sensation Festival 2012 (Кавадарци)

  • Креатор на темата Креатор на темата Пепси_
  • Време на започнување Време на започнување
П

Пепси_

Гостин
599481_453721834667776_118445986_n.jpg



https://www.facebook.com/LoveSensationFestival2012?ref=ts - fan page-ot
https://www.facebook.com/events/514994665194395/?ref=ts - eventot

Од неофицијални извори дознав дека во игра се јаки спонзори и со самото тоа се надевам ќе биде на големо ниво журката,веќе е почнато со оградување на просторот на самата костурница.
 
Fala bogu dosta vice od CECI MECI :D Nesto dobro da slusneme KurdMaverick aaauuu :D
 
Вакви журки имаше далечната 2004 и 2005, супер е костурницата за ваква забава
 
na 8.9.2012 koga e zurkata na kosturnicata vo express cafe gostuva marko nastic :)
e kade covek poprvo da ode :D
 
па на Марко сум бил неколку пати,значи сигурно ќе бидам на отворено ;)
 
otvoreno si e otvoreno i sepak dobro e sto vo Kavadarci pocna revolucijata koja e zapocnata niz celiot svet :D Bravo za Kavadarci za nivnata manifestacija pravat zurki so DJ od svetski kalibar a ne CECI MECI ACA LUKAS i ostalo sranje :D
 
Целодневна(т.е. тродневна) програма за цел Гроздобер, некој ?
 
Целодневна(т.е. тродневна) програма за цел Гроздобер, некој ?
Славната белградска рок дружина Ван Гог, босанската атракција Дубиоза колектив и вонвременскиот бенд Галија се носечките имиња на овогодинешното издание на Тиквешкиот гроздобер 2012, кој од 6ти до 9ти септември ќе се одржи во Кавадарци. Покрај нив, на двата стејџа ќе продефилираат голем број на музички уметници, а бројните гости ќе може да уживаат и во првото издание на Love sensation festival, на кој ќе настапат познати имиња од светската и македонската клубска електро сцена.
Четиридневото чествување ќе започне во четврток со свечено отворање на ликовната колонија „Михајлово 2012“, за потоа да биде отворено новото издание на веќе традиционалниот фестивал „Песната на Никола Бадев“.
Петок, денот на ослободувањето на град Кавадарци ќе биде отворен со изложба на фотографии „Кавадарци во минатото“. Во попладните часови следува новото издание на Детскиот гроздобер, а веднаш по него и Свечената седница на Советот на Општина Кавадарци. Вечерта продолжува со Свечено отворање на „Винскиот боемски фестивал“ од страна на Градоначалникот Александар Панов, а веднаш по неговото обраќање следуваат концертите на Наташа Малинкова и легендарната група Галија. Точно на полноќ ќе започне изборот на винскиот крал и кралица, а ќе бидат примени и новите членови во винската академија. Забавата продолжува до раните утрински часови со Love sensation festival кој ќе се одржува на спомен костурницата во градскиот парк во Кавадарци.
Саботниот ден ќе започне со изложба на олдтајмери, а ќе продолжи со мото рели ревијата на над 600 моторџии. Саботната вечер е резервирана за главното карневалско дефиле кое и оваа година ќе продефилира по Илинденска, а по традиционалното откинување на првиот грозд и огнометот, ќе следат настапи на бразилската карневалска група Brazilian Show и концерт на Ван Гог. За оние најупорните, забавата ќе продолжи на спомен костурницата каде ќе настапуваат познати диџеи, а со традиционалната тиквешка серенада заедно со група Билјана ќе биде зачувана уште една стара, кавадаречка традиција.
Таблијадата ќе го отвори последниот ден од годинешното издание на Тиквешкиот гроздобер. Трката со магариња и оваа година е дел од програмата, целодневно шоу ќе следи и на паркчето спроти полицијата со настапи на ансамбл Билјана, Трио Гранде, Акустико Бенд...
Кавадаречките рок бендови The Muff и Журнал ќе ја загреваат атмосферата пред настапот на босанците Дубиоза Колектив, кои ќе ја имаат честа да ја спуштат завесата на овогодинашното издание на Тиквешкиот гроздобер.
 
ај ако знај некој точна сатница за сабота,кој кога,па ако можи да се оди и на Настич и на отворено ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom