L
.Lost Angel.
Гостин
Македонската фудбалска репрезентација доби нов селектор во ликот на Чеде Јаневски. Фудбалската федерација му укажа доверба на 51-годишниот стратег да ја води Македонија во циклусот квалификации за светското првенство кое следува, давајќи му предност на поранешниот тренер на Црвена Звезда во однос на главните конкуренти Гоце Седлоски и Бобан Бабунски, поради неговото побогато искуство.
Покрај фактот што Јаневски може да се пофали со ретко солидно резиме за домашен тренер, исто така поседува и репутација и кредибилитет без дамки од некакви внатрешни конфликти, скандали или корупција. Поради тоа и поранешниот фудбалер на Вардар беше фаворит на јавноста, на која и е здодеано да ги гледа истите лица со сомнителен капацитет и морал како дефилираат во и околу националниот тим.
Јаневски на кормилото доаѓа по две неуспешни кандидатури, во кои беше игнориран од Харалампие Хаџиристески на сметка најпрвин на Мирсад Јонуз, а потоа и на Џон Тошак, но периодот го искористи за дополнителна тренерска пракса во европски клубови како Бриж, каде беше тренер на младиот тим и помошник тренер, како и кипарските Енозис и Етникос. Несомнена е позитивната атмосфера и оптимизмот околу одлуката за новиот селектор, но Јаневски ја презема селекторската функција во исклучително лош момент за репрезентацијата, така што без разлика на неговите претходни достигнувања, ова е без конкуренција најголемиот предизвик со кој се соочил во кариерата и во следниот период ќе биде под огромен притисок. Наскоро новиот селектор ќе треба и да го соопшти составот за првите две квалификациски средби со Хрватска и Шкотска.
Извор
Повелете со коментари околу овој нов селектор што мислите дали конечно ќе ја извади Македонската репрезентација од кал или пак не?