Бездомници и по 9 години од Охридскиот договор

Статус
Затворена за нови мислења.
Нека ми одговори некој на овие прашања :

- Дали добиле 8.000-20.000 евра обесштетување?
- Дали живеат 11 години без ниеден трошок ?
- Дали барале нови куќи да им се изградат во градските средини?
- И дали поред сето ова сеуште се сопственици на куќите во Арачиново или Матејче ?
- Ако ги продале имотите во овие села , тогаш зошто сеуште живеат со државна помош ?

1.Само дел.
2.Не.
3.Да.
4.Само на земјиште.
5.Не им се продадени на дел од нив.

Лошо е да дадеш груба проценка за истите, иако поголем дел чекаат гратис.Никој не сака да биде иселен од дома, а притоа да живее во помизерен дом.Секој очекува еднаков на она што го имал.
 
Кај ќе се вратат бе, пред три месеци едни пријатели од таму им ја земаа куќата за џабе пари им се закануваа им викаа калаш ќе игра ако не си заминете.. Како ние да не знаеме дека има фабрики за дрога во Арачиново уште и зошто се плашат да не ги издадат.
 
Имам близок човек иселен од Липковско. Од време на време оди во селото онака...да си ја ѕирне куќата. Куќата која ја имал е уништена 2001, потоа е обновена со финансии од владата и од меѓународната. После извесно време е повторно унипштена. Украдено е комплетно се од неа од паркет до санитарии, прозори, се се и на крај фрлено мртво животно внатре. Човекот нити учествувал во конфликтот, ниту имал замерки со некого, првите комшии му се албанци (кои нормално поим немаат кој го направил тоа). Е сега последен пат кога бил оградата (која за чудо до тогаш си стоела) сега е срушена а комшијата си посадил зеленчук во дворот. На прашање зошто? -Па да ти го сочувам имотот од другиот комшија којшто сакаше да си го присвои целиот твој имот. Пред некоја година не сакаше да го продаде имотот, сега сака ама комшиите не се брзаат не му нудат пари (можеби си мислат дека ќе го присвојат без пари, т.е. тоа е веќе присвоено само немаат тапија), па сега и тој се изнервира и вика нема шанси да го продаде... И после некој вика оди врати се.
Мојот предлог е да се даде државно земјиште во околина на селата од каде што има раселени. На пример за Арачиново спроти Арачиново изгради куќи, дај им ниви и нека одат таму.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom