Замислете сега една ситуација. Што ако биле и останеле такви вашите родители. Ау, колку помалку членови ќе имаше на форумов...

Прво, мислев до годините е, мали се децава, шо ќе им се врски. Потоа ми текна дека во денешно време нема веќе невини средношколци, за основците не знам баш до каде се, па ги тргнав на страна годините. Сигурно не се тие пресуден фактор за вака ладна младина. Ама добро, правете како ви е ќејф на душата и гледајте се` што правите вистински да ве исполнува. Нема врска и ако е тоа поминат голем дел партнери од ваша и поблиските други генерации, со кои не би се "врзувале" на подолго од една вечер, за да не ви одземат многу од скапоценото време. Времето е пари, не е мајтап.
А јас... па јас сум ви од оние помутавите, што се личности за врска. За мене нема ништо поубаво од долго време поминато со сакан човек и делење со него се` што имаме и немаме. Ама ајде да не ја тупам многу. Не го разбирате вие тоа, не сме растеле со исти цртани филмови.