Страшно: Деца заробени од секта, никогаш не виделе дневна светлина

  • Креатор на темата Креатор на темата Michael Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Многу промаши, верувај, особено со делот 'вас', иако знам на што алудираш. Само проблемите не се решаваат со досетки на форум. Кога последен пат си решил да присуствуваш на протест, да се обидеш (ако ништо друго) да промениш било што? Затоа што за да некој ти диктира режим во Твојата (?) држава, треба да има пермисија и од некој повисок орган hint; 'твоите'. Ако веќе ја бараш вината, барај ја на вистинското место. Не може секогаш оној другиот да е виновен. Ама отвараме друга темата која ни малку не е поврзана со оваа, тоа е исто како јас да почнам да го водам муабетот во насока за христијанските секти ширум светот, и да покажувам прст кон тебе. Зошто?
Не сум промашил ништо. Тој што ги затвора очите пред неправдата не е различен од оној кој ја спроведува.
А инаку до утре можеш набафтана да нагаѓаш ја што правам а што не во RL...
 
Не сум промашил ништо. Тој што ги затвора очите пред неправдата не е различен од оној кој ја спроведува.
А инаку до утре можеш набафтана да нагаѓаш ја што правам а што не во RL...

Тука се согласуваме, само на погрешно место го кажуваш ова. А за вториот дел, јас не негодувам ништо, само ја гледам реалната слика, која и двајцата многу добро знаеме како изгледа. Само барем кога ќе се уклучам на форумов, сакам малку да здивнам од политика и од национална омраза и да прочитам квалитетна дискусија за нешто друго. А не на секоја втора тема да го читам истово. Поздрав.
 
Иди на тема Љубав, лепота и здравље, тамо нема твоите фрагилни сетила да бидат надразнети на лош начин од секојдневието, туку ќе бидеш суптилно заинтригирана нот ин д бед веј офкорс...
...и све тоа у исто време додека Шкељзен ти го претвара приземјето у џамија.
 
Зарем не гледате дека е ова секта? Што ги мешате муслиманите со ова ? Тие што дошле на идеја да ја оформат оваа секта , и тој да се прогласи за пророк , тие значи не се муслимани ... Лупате само, секти има и кај муслиманите и кај христијаните , а све е тоа лудо според мене !
 
Сега даваа и на Сител, значи изворот е сигурен а тој прчот стариот 83 години имал и бил некои си пророк, шо им е на вие бе..се занесуваат многу во последно време..:facepalm:
 
Зарем не гледате дека е ова секта? Што ги мешате муслиманите со ова ? Тие што дошле на идеја да ја оформат оваа секта , и тој да се прогласи за пророк , тие значи не се муслимани ... Лупате само, секти има и кај муслиманите и кај христијаните , а све е тоа лудо според мене !
Никаква врска со ова нема Исламот, веројатно се работи за Будисти.
 
Никаква врска со ова нема Исламот, веројатно се работи за Будисти.

Тие можеби биле "муслимани " ама со нивната постапка веднаш се гледа дека тоа и не се . Исто како христијанин да се приклучи на секта некоја сеа лупам "Црна ружа" тој не е христијанин бидејќи се коси со сите работи кои ги има христијанството.
 
Овие се далеку од муслимани, обично тие лепат пластичен експлозив и се разнесуваат на плоштади, пазари...кај што има фрекфенција на луѓе :) Дека се секта тоа да, но секоја религија започнала како секта со неколку следбеници.
 
Грозоморните настани ширум светот навистина прават да се замислите дали станува збор за дел од хорор филм, а не за настан кој некој го почувствувал на своја кожа.
Најновиот таков случај, за кој повеќето не би поверувале дека некој може да биде толку суров, е за децата кои наводно 10 години живееле заробени под земја.

Четворица припадници на муслиманска секта во рускиот Татарстан се обвинети за насилство над деца кои наводно ги држеле заробени под земја, пренесува "BBC".

Полицијата открила 27 деца и 38 возрасни луѓе кои живееле во темни и студени ќелии кои наликувале на катакомби, ископани осум нивоа под куќата на водaчот на сектата Фазрахман Сатаров (83), кој себе си се прогласил за муслимански пророк. Некои од децата никогаш не го виделе светлото на денот, пренесуваат руските медиуми.

Сектата, која пред 10 години заробениците буквално ги затворила во подземјето и им ги попречила сите контакти со надворешниот свет, откриена е во предградието на градот Казан, при истрага на неодамнешните напади на муслиманските свештеници во Татарстан, регион крај Волга претежно населен со муслиманско население.

Руските власти спасиле 19 малолетни деца од кои дел сега се сместени кај старатели, а некои останале во болница. Инспекторите кои го истражувале подземниот комплекс откриле дека истиот имал лоша вентилација, немал санитарни услови и дека многу лесно во објектот би можело да избие пожар.

Срамота! Поддршка до руските власти за автоматска егзекуција на тој "муслимански пророк", ака стариот прч Мемик.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom