Грозоморните настани ширум светот навистина прават да се замислите дали станува збор за дел од хорор филм, а не за настан кој некој го почувствувал на своја кожа.
Најновиот таков случај, за кој повеќето не би поверувале дека некој може да биде толку суров, е за децата кои наводно 10 години живееле заробени под земја.
Четворица припадници на муслиманска секта во рускиот Татарстан се обвинети за насилство над деца кои наводно ги држеле заробени под земја, пренесува "BBC".
Полицијата открила 27 деца и 38 возрасни луѓе кои живееле во темни и студени ќелии кои наликувале на катакомби, ископани осум нивоа под куќата на водaчот на сектата Фазрахман Сатаров (83), кој себе си се прогласил за муслимански пророк. Некои од децата никогаш не го виделе светлото на денот, пренесуваат руските медиуми.
Сектата, која пред 10 години заробениците буквално ги затворила во подземјето и им ги попречила сите контакти со надворешниот свет, откриена е во предградието на градот Казан, при истрага на неодамнешните напади на муслиманските свештеници во Татарстан, регион крај Волга претежно населен со муслиманско население.
Руските власти спасиле 19 малолетни деца од кои дел сега се сместени кај старатели, а некои останале во болница. Инспекторите кои го истражувале подземниот комплекс откриле дека истиот имал лоша вентилација, немал санитарни услови и дека многу лесно во објектот би можело да избие пожар.