О Нил: Македонија да побара ОН да ја признае под уставното име

  • Креатор на темата Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување Време на започнување

Државниот врв да побара признавање на МК во ОН под уставното име?

  • Да, веднаш

    Гласови: 50 94,3%
  • Не

    Гласови: 3 5,7%

  • Вкупно гласачи
    53
S

Sagan

Гостин
Токму сега е вистинското време кога Република Македонија може со право да побара од Генералното собрание на ОН, и од оние 130 земји кои веќе ја имаат признаено под уставното име, да се согласат да биде призната и во Светската организација под тоа име, со една придружна препорака, која ќе биде целосно прифатена од Македонија, дека Грција и Македонија треба да ги удвојат своите напори за да го решат нивниот билатерален спор, а со помош на Генералниот секретар и на медијаторот Метју Нимиц. Ова е оценката на Робин О Нил, британски дипломат и прв медијатор во овој спор дадена во интервју за програмата "Порта" на МТВ.

Во неа тој го посочува значењето на неодамнешната посета на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун на Македонија во контекст на спорот за името. Според него, членството под уставното име не треба на никој начин да се судира со мисијата на Нимиц да им помага на Грција и Македонија да ги решат нивните билатерални разлики.

- Бидејќи спорот е само меѓу Грција и Македонија, една можна насока за напредок би била Грција во своите односи со Македонија да употребува име поинакво од “Република Македонија“, а Македонија да го прифати ова во тие односи. Македонија би продолжила да нема проблем да го употребува уставното име на „Република Елада“, и таму не гледам проблем; а се надевам дека Македонија ќе биде флексибилна во однос на името кое Грција ќе го употребува кон Македонија-вели О’Нил.

http://www.time.mk/cluster/283bdbad57/index.html
 
Во тој случај, би преговарале САМО за име под кое би биле примени во организации во кои членува и другата страна, како и кое другата страна би го користила во комуникацијата со нас, така?
Инаку... јас оддамна велам дека треба да ја прекинеме таа лакрдија со оние јужно од нас...
 
Од Времената спогодба меѓу Македонија и Грција:
Член 5
2. Признавајќи дека постои разлика меѓу нив во врска со името на Македонија, секоја страна ги задржува сите права кои се во согласност со наведените обврски превземени со оваа Времена Спогодба.

Член 11
1. По стапувањето во сила на оваа Времена Спогодба, Грција се согласува да не се противи на пристапување или полноправно зачленување на Македонија во меѓународни, мултилатерални и регионални организации и институции на кои Грција е член, но Грција го зачувува правото да се противи на какво било членство наведено погоре ако и само во случај да Македонија е ословувана во таквите организации и институции различно одошто во параграфот 2 на Резолуцијата 817 (1993) на Советот за Безбедност на Обединетите Нации.

Член 23.
2. Оваа Времена Спогодба ќе остане во сила се додека не биде заменета со трајна спогодба, со тоа што после седум години секоја од Страните може да се повлече од оваа Времена Спогодба со писмен допис, кој ќе стапи на сила 12 месеци после доставувањето до другата Страна.

----------------------------------------------------------------------------------
Бидејќи ја отворив темата а не се изјаснив:
1. Предмет на преговорите опишани во Резолуциите и Спогодбата е ИМЕТО на Македонија. Спорот е билатерален, тоа е факт. Секоја гарнитура од македонска страна која преговарала, преговара или во иднина има намера да преговара за нешто повеќе од ИМЕТО, за мене е ПРЕДАВНИЧКА и треба да биде осудена за кривично дело Велепредавство.

2. Грција неколку пати ја прекрши Спогодбата. Седум години се изминати. Билатералниот спор во ниеден случај не ја попречува Македонија да бара преименување во ОН под уставното име. Единствено логично објаснување за траењето на ова велепредавство на сите гарнитури, е дека: има користење на спорот како изговор, бидејќи реално не се сака влез на Македонија во НАТО и ЕУ, за сметка на поделба на државата и присоединување кон друга држава, или државното водство е поткупено за да одржува status quo додека некој да создаде клима за некаква промена.

3. 40.000 Македонци имаат бугарско државјанство. Бидејќи секој се има изјаснето дека и неговото семејство се Бугари по потекло, Бугарија (која е во длабока демографска криза) рачуна на 120.000 Бугари за пропаганда, а со добар поткуп и на 70-80.000 гласови за некаква идна партија на Бугари во Македонија, што би било рамно на десетина пратеника во македонското Собрание. Тоа би бил почеток на крајот.
 
Не веднаш но ова треба да се направи и нашата дипломатија да се стави на максимум овие две год. Доста беше чекање и виткање кичма. Или ќе не биде, или не. Друго нема, не сакам да животарам и да не сум признаен. Но за жал кај нас никој политички субјект нема муда за ова. Народот треба да изврши притисок, и да е спремен на притисок од сите страни. Мислам дека ова ќе го издржиме без проблем, треба да се ангажира и диаспората силно.
 
Плус ниедна од постојаните членки на Советот за безбедност да не стави вето, што е поголем проблем од собирање на тие 2/3 од гласовите на Генералното собрание.
 
Плус ниедна од постојаните членки на Советот за безбедност да не стави вето, што е поголем проблем од собирање на тие 2/3 од гласовите на Генералното собрание.

Франција и Британија се стари безрезервни поддржувачи на Гејлада, обавезно јадеме вето од нив. Така да оваа иницијатива е само правење бајрам на памет.
 
Франција и Британија се стари безрезервни поддржувачи на Гејлада, обавезно јадеме вето од нив. Така да оваа иницијатива е само правење бајрам на памет.
Британија би била неутрална, барем додека им е Камерун премиер. Франција е невозможно да ја убедиме да не стави вето. Орланд дојде сега, тешко дека веднаш би ги менувал надворешните позиции. А на крајот на краиштата, Грција им е стратешки побитна и може да им понуди повисока компензација за поддршката.
 
Британија би била неутрална, барем додека им е Камерун премиер.

Во Британија надворешната политика е во рацете на кралицата, а претпоставувам дека знаеш дека кралицата е мажена за Грк. Така да вето не ни гине.
 
Во Британија надворешната политика е во рацете на кралицата, а претпоставувам дека знаеш дека кралицата е мажена за Грк. Така да вето не ни гине.
Знам, ама во СБ Британија ја претставува министерот за надворешни. Досега, на седниците на министрите на надворешни на ЕУ редовно поддржува Македонија да ги започне преговорите со ЕУ, спортивно од грчката позиција.

Сепак во право си, не е тоа сигурен гарант дека не би ставиле вето. Сепак, во Британија владите се пролазни, а политиката на кралското семејство вечна.
 
Во Британија надворешната политика е во рацете на кралицата, а претпоставувам дека знаеш дека кралицата е мажена за Грк. Така да вето не ни гине.

мислам дека во овој момент не треба да се плашиме од Британија, Франција е поголем проблем.
 
Франција дефинитивно става вето...Шајзен Французен :гомце:...Британија е поОКеј...Како и да е не е реално да се очекува МК да си го стави своето има во УН...Но може да се проба...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom