S
Sagan
Гостин
Токму сега е вистинското време кога Република Македонија може со право да побара од Генералното собрание на ОН, и од оние 130 земји кои веќе ја имаат признаено под уставното име, да се согласат да биде призната и во Светската организација под тоа име, со една придружна препорака, која ќе биде целосно прифатена од Македонија, дека Грција и Македонија треба да ги удвојат своите напори за да го решат нивниот билатерален спор, а со помош на Генералниот секретар и на медијаторот Метју Нимиц. Ова е оценката на Робин О Нил, британски дипломат и прв медијатор во овој спор дадена во интервју за програмата "Порта" на МТВ.
Во неа тој го посочува значењето на неодамнешната посета на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун на Македонија во контекст на спорот за името. Според него, членството под уставното име не треба на никој начин да се судира со мисијата на Нимиц да им помага на Грција и Македонија да ги решат нивните билатерални разлики.
- Бидејќи спорот е само меѓу Грција и Македонија, една можна насока за напредок би била Грција во своите односи со Македонија да употребува име поинакво од “Република Македонија“, а Македонија да го прифати ова во тие односи. Македонија би продолжила да нема проблем да го употребува уставното име на „Република Елада“, и таму не гледам проблем; а се надевам дека Македонија ќе биде флексибилна во однос на името кое Грција ќе го употребува кон Македонија-вели О’Нил.
http://www.time.mk/cluster/283bdbad57/index.html