Јас доаѓам на протестот пред Регулаторна. Тие треба да си поднесат оставка се е ова нивно масло....
Председателот на Регулаторна и ако е по занимање електро инженер, кој поим нема што е водено централно греење, дури изјави дека ниту дома немал централно греење, што значи не ни видел само слушнал што е централно греење, даде изјава дека за високите сметки на Топлификација се виновни „ исклучените “. Па објаснива за колориметри и распределители мислејќи дека се тоа уреди слични на струјомерите.
Еве што тој јавно кажува па заклучете сами:
Соседите што го откажаа парното ги вивнаа сметките
Регулаторите со соломонски одговор. Топлификација не е виновна за високите сметки, туку соседите што се откажале од нивните прескапи услуги. Ако сакаат фер сметки, корисниците требало на свој трошок да си набават распределители и за тоа да платат уште по 250 евра.
Високите сметки за парно греење ги предизвикале соседите што се откажале од Топлификација. Според Регулаторната комисија за енергетика, топлинската енергија мора да се наплати од оние кои останале приклучени на мрежата. Највисоки се сметките во Скопје Север бидејќи таму за 30 проценти е зголемена бројката на корисници кои се откажале. Од 525 на 510 мегавати е намален конзумот, вели првиот регулатор Петров.
„ Исклучувањето од обврските на секој поединец којшто живее во колективна зграда е малку проблематично. Тоа значи дека секој еден којшто ќе се исклучи од било која давачка, го префрла тоа на останатите коишто остануваат вклучени“, вели Димитар Петров – претседател на Регулаторна комисија за енергетика.
Методологијата нема да се менува, таков начин на пресметка на топлинската енергија има секаде, вели Петров. Овие проблеми можат да се надминат само доколку се постават распределителите. Засега мерачите се обврска на Топлификација, чинат 250 евра, а треба да ги платат граѓаните. Опција е да се измени Законот за домување и Законот за градба, по што ќе се овозможи мерачите да ги плати инвеститорот и да ги пресмета како свој трошок.
„Да ги прилагодиме нашите подзаконски акти, идните наши потрошувачи во новите згради да бидат обврзани со одобрението за градба инвеститорот да инвестира во распределителите“,додава Петров.
Регулаторите нема да го санкционираат „Промгас“ кој неколку дена го запре гасот за компаниите поради високите трошоци. Утврдено е на месечна основа да се определуваат цените на природниот гас.
Маја Дамјановска
17.01.2012, 18:03
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=85768