Колку вреди човечкиот живот во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Потресен од последните случувања со пожарите во Струмица и секојдневните сообраќајки со трагични последици си го поставив прашањето: „Колку вреди човечкиот живот во Македонија?„
Навистина е фрапантно со колку малку респект кон човечкиот живот се однесуваме, почнувајки од институциите завршувајки со секоја единка во нашето општество.Ќе почнам по ред со она што беше најголем мотив да ја отворам темата.
Случувањата во Струмица само докажуват колку не се внимава и не се почитува човечкиот живот. Со секој нов пожар народот со се институциите е изненаден и неспремен се впушта во борба со овој елемент. Сеуште ми минуват низ глава сликите кога видов дека цивли буквално со голи раце се пуштени да гасат пожар со кој тешко би се справиле и професионалци,. Уште повеќе низ глава ми минува кога видов како ги транспортираа повредените. Импровизирање до коска транспорт во багажник од лада нива покриени со ќебе и без никаква прва помош.
Истото е и со поплавите истото и со земјотресите. Степен на човечка свест 0, степен на образование на народот за превенција и борба против природни катастрофи 0, степен на опременост на институциите 0, степен на обучен кадар за справување со катастрофи минималел.
Ај да се само природните катастрофи.
Само денес имаше 3, 4 или повеќе загинати во сообраќајни несреќи. И покрај лошата инфраструктура најчесто е човечкиот фактор предизвикувач на несреќите. Преголема брзина, технички неисправни возила, некористење на безбедносна опрема. Неосветлени велосипеди, деца од по 14 години на скутери без заштитни кациги, врзувањето во автомобил табу за многу возачи.
И не застанува овде во Македонија според мене има најмногу сообаќајќи во железничкиот сообраќај ако се земе соодносот на несреќи со поминатите километри на нашите возови. Во проесек скоро секој месец има несреќа.
Продолжуваме со честите несреќи на работно место. Колку работници во последно време паднаа од скелиња, колку загинаа од струен удар, колку од друг вид на невнимание и незаштита?
Ако на сето ова се додат буквално секојдневните убиства, излегува на крај дека животот во Македонија невреди ништо.
 
large

ете олку вреди...
 
Незнам што не ти е јасно? лугето умираат и тоа е тоа, многу луге, многу сообраќај, многу случувања несреќи невнимание итн....смрта е природен процес, а човекот е немоќен да го спречи тој процес, дали на 14 дали на 41 или 84 години ќе се умре...
Судбина ти е тоа, на крај бог ке им суди на сите, во рајот има место за сите страдални души, а и пеколот не е така лош со оглед на тоа кој се престојува таму, а и ѓаоло не е така лош како што го замислуваме.....

Чувајте се!
 
А ти си го видел ви Ѓаволот??
 
Луѓето си умираат, да, но друго е муабетот тука. Некни вечерта кога погина детето со скутерот во Тетово, околните кафичи и клубови си продолжија со музика, народот весел игра скока, а на неколку метри од нив згасна млад живот. На што личи тоа?
 
Знаеш колку животи се губат во светот моментално, па ти си седиш на интернет. Таков е светот,секој си гледа него да му е убаво. Така било и така ќе биди. За некого жалосно, а на некого не му е гајле. Колку шо се грижат другите за моите проблеми, толку и јас за нивните.
 
Мислам дека прашањето е сосема на место. Еве да речеме еден живот во Сирија деновиве е помалку вреден од еден живот во Норвешка, а група египетски азиланти во Данска се веќе инфлација. Не го сфаќам муабетот на авторот, луѓе гинат во сообраќајки и разни несреќи секој ден низ цел свет, со тоа што во некои земји има построги регулации кои не којзнае колку влијаат на бројката. Македонија не е ништо посебна.
 
Тркните до Африка , некои делови од Азија и Мексико. Ќе сфаните колку вреди човечкиот живот.

Африка - 1 леб
Азија - 1 Нокиа/Најк патика/Адидас маичка
Мексико - 1 г кока

А за Македонија , шо се бунете со голи раци гасиле пожар. Важно има споменици кои ќе се финансират со кратење на пензиите.
 
1 милион долари во САД.
Во МКД помалце од 50 илјади евра.
 
Во македонија ништо не вреди
 
Гасењето на шумски пожари е многу тешка техничка операција за тоа е потребно многу обука и знаење, добро раководење и командување.
А погледнете го ова:
Во Скопје деноноќно „ стопанисуваат и поштено заработуваат “ 10 пајак - возила.
Истовремено има само 5 екипи за брза помош:
http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=81276B4B4E62544E9CF6D878E82DA6AA
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom