Добро, темата ме натера вечерва конечно да ја започнам Lucky Louie. Со само една изгледана епизода можам да кажам дека, како што и очекував, ова не е типичен ситком со смеење во позадина (duh', captain obvious). Ми се чини дека серијата е иста Louie, со истиот главен лик, само поведра, со понискобуџетна сценографија и снимана пред публика. Повеќе ќе имам да кажам кога ќе ја изгледам цела, т.е. утре.
Еве и јас да ставам нешто:
Некои делови од клипот ги има во првата епизода од Lucky Louie, а исто и дијалогот со ќерка му од почетната сцена го знаев од стенд-апите. Мене не ми сметаат ваквите повторувања. Нормално е во сериите да искористи нешто кое веќе е проверено дека е смешно, бидејќи бројот на луѓето кои го гледаат на телевизија е многу поголем од бројот на оние кои го гледале во живо или на YouTube.