Кино сали во Македонија (Cineplex, Шминеплекс и се останато)

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Обавезно друг ден. Прво си планирав и јас да се обидам да одам на премиера или вториот ден, онака филм ми беше, многу добро е оценет Skyfall и ќе биде сигурно одличен филм али вака нема шанси, ми го скршија филмот :), ќе одам после 1 недела од премиера некаде.
 
Кога планираат страната да ја пуштат во употреба?
 
Многу ми е глупо ова што 45 мин. пред проекција ќе ги пуштат картите, најверојатно ќе ја избегнам гужвата и друг ден ќе си одам на раат, мразам вакви глупави испади од страна на македонциве:гомце:

Исто . Нема да дозволам да бидам овца во стадо кое го брка некој овчар ! Ти ибам попуст и се ! Ќе си одам нормално , фала им.
 
Ваљда ќе биде Нептун all over again....
Јас планирам да отидам, ако нема многу народ да купам, ако има многу не се буткам.
 
Админот на страната на киново очигледно е политичар.
На ниедно прашање не даде нормален одговор.
На се одговара со "Наскоро.." и гледа само постови што му одговараат.
 
Кината Синеплекс се отвораат на 22 ноември во Сити мол (ФОТО)

cineplex-1.jpg



Со премиерите на филмовите „Животот на Пи 3Д“ и на „Џемс Бонд – Скајфол“ ќе се отвори новото кино во „Скопје сити мол“.
Со овие две премиери австриската киногрупација Синеплекс (Cineplexx) заедно со партнерите Ем-си-еф филмс (MCF Films) и Континентал филм (Continental Film), ќе го отвори своето ново кино во Македонија.

„Наша цел е да им овозможиме уникатно доживување на посетителите на нашите кина во Македонија, што ќе ги врати луѓето во кината. Oва ќе го постигнеме преку фактот што користиме најнови технологии за дигитална проекција, овозможувајќи совршена удобност на седиштата во салите и ги донесуваме најновите блокбастери“, вели Кристијан Лангхамер, генералниот директор на Синеплекс интернешнел.

Деветте сали, кои се дел од „Скопје сити мол“ се опремени со 3Д-технологија, овозможена од „Реал Д“ и ги имаат најголемите екрани во Македонија. Сите сали имаат суперудобни седишта поставени во т.н. стадионско седење. Најголемиот екран има димензии 14×7,6 метри и е поставен во најголемата сала со капацитет од повеќе од 300 гледачи. Вкупниот капацитет на салите е поголем од 1.400.
„Синеплекс“ ќе биде првата компанија во Македонија што воспоставува систем за онлајн резервации во своите кина, давајќи ѝ тотална флексибилност на публиката да резервира преку веб-сајтот на киното, вели Игор Станковиќ, сопственик на Ем-си-еф филмс и генерален директор на Синеплекс Македонија.

Синеплекс е австриска семејна компанија со долга традиција. Мрежата на Синеплекс се состои од 42 кина во Австрија, Хрватска, Србија, Словенија, Црна Гора, Италија и Македонија, и има вкупно 271 сала со повеќе од 53.000 седишта.
Ем-си-еф филм ДОО, на сопственикот Игор Станковиќ, е белградски независен дистрибутер, кој исто така го застапува и студиото „20 сенчури фокс“ во неколку земји од регионот на бивша Југославија. Компанијата исто така организира филмски фестивали и ја составува програмата на арт-кината во Србија.
На отворањето на кината Синеплекс билетарниците за публиката ќе бидат отворени во 20.45 часот, а сите проекции почнуваат во 21.30 часот за што ќе се нуди специјална цена на вечерта во износ од 90 денари за уживање во првото вистинско кино во „Скопје сити мол”.

ИЗВОР
 
za mocani 90 denari da ides da te gazat...PU i toaletnite i kinoto....
 
Јас дека сум во близина ке поминам ако нема гужва ке идам да го гледам 007 иначе да се буткам не паѓам на тоа ниво:)
 
Глупост невидена. Јас лошо разбрав или само за премиерава ќе биде 90 денари, т.е за оние кои ќе бидат будали да се туркаат ко стампедо за филмов. Колку лош почеток значи за киново, тоа чудо едно.:facepalm:
 
Глупост невидена. Јас лошо разбрав или само за премиерава ќе биде 90 денари, т.е за оние кои ќе бидат будали да се туркаат ко стампедо за филмов. Колку лош почеток значи за киново, тоа чудо едно.:facepalm:
Така ќе биде.
После тоа цената ќе зависи од филмот,што е најдебилно нешто што имам чуено.
Некој спомна на претходните страници дека цената може да биде од 250 ден. па натаму.

Инаку демек како страната ќе им се отвори деновиве и ќе може да се нарача преку нивната страна карти за отварањето.
Ај и тоа чудо да го видиме...
 
гледам пепељари на седиштава ,ќе смее да се пуши или тие не се пепљари ?

Бонд нема да е во 3D :eek:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom