Моите никогаш не ме удриле. Се дереле, ме ставале под казни, еднаш дури ми ја заклучија влезната врата

, ама никогаш не ме тепале. Мајка ми и да сака не може, а татко ми има многу меко срце, и да сака да ме удри, една солза да му пуштам- и одма омекнува, го научив веќе

Е имаше само еден единствен пат... Во седмо одделение буквално збеснав, пропушував цигари, бегав од школо, ништо не учев(среќа ми помина тој период оддамна

) и еднаш се врати татко ми од родителска, и разкажа на мајка ми што и како се жалеле наставничките(ко по обичај) и мајка ми почна да се дере и оп! Ни две ни три, ми залепи шамар! Јас пуста, ненаучена на такви работи, се изненадив... и почнав да плачам! Она кога ме виде ја дека плачам, од жал што ме удри, се расплака и она! Тоа е единствен пат да добијам ќотек.
Јас никогаш не би ги тепала моите деца... Се може да се реши со убав збор.:wink: