А
Антоние
Гостин
Моите родители беа мошне толерантни со мене, лениентни. Како дете се извлекував од многу последици. Многу долго време бев изолиран од тешката реалност на така наречениот "вистински свет". Сега ги разбирам што се обидуваа да направат - сакаа да ме заштитат од вистината.
Меѓутоа ако родителите не ги учат децата на последици - кога тогаш самиот живот ќе ги научи. А тоа не го сака никој. Животот не ти попушта. Животот не сака да ти ги слуша изговорите. Ако заебеш работа, одиш во затвор. Ако не учиш редовно, ќе паднеш. Ако не работиш вредно, ќе се мачиш. Овие лекции треба да започнат дома, во безбедна средина.
Мислам дека дисциплината е знак на љубов. Доказ дека се грижиш. Потребен е труд и стрплење за да создадеш консистентна дисциплина. Исто како што во љубовта треба да бидеш ранлив (додирлив) но да не се наметнуваш - така и со децата треба да ги учиш на дисциплина но во исто време и да бидеш срдечен.
Родителите се обично или едното или другото - таткото од кој што постојано се плашиш или мајката на која можеш да и се понашаш како сакаш затоа што премногу те сака.
Постои рамнотежа и добар родител треба да биде и двете.