Градење верски објекти заради потреба или од инат?

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Во последно време двете најголеми верски заедници во државава забрзано градат верски објекти. Едната да ја прикаже Македонија како Христијанска земја, а другата како Муслиманска земја.. Иако има доволно обејкти и за двете и треба да се одржуваат веќе постоечките, тие не запираат со градењето.

Најновото доаѓа од ИВЗ на Македонија и бара изградба на џамии каде нема муслиманско население и каде поголемиот број на населението според последните пописи се атеисти.
---------------------
ИВЗ бара џамии во Центар, Маџир маало и Ново Лисиче

s_sultan_murat.JPG
Изградба на Бурмали џамија во Центар, џамија во Маџир маало и во Ново Лисиче, побараа претставниците од ИВЗ. Тие ја прашаа градската власт дали во новиот план е предвидена изградбата на овие џамии. Доколку не е, најавија дека писмено ќе се обратат до Градот за да им се дозволи изградба на ваквите објекти.

Освен џамиите, дел од присутните прашуваа и за структурата на вработените во Градот Скопје. „Зошто Градот Скопје има 127 надворешни соработници, а меѓу нив нема ниту еден Албанец“, праша претставник од Општината Чаир, за време на стручната расправа по нацрт Генералниот урбанистички план во општината.
Од општината му одговрија дека Конкурсот е отворен за сите, без разлика на боја на кожа, верска или етничка припадност. „Ние со сила никого не можеме да натераме да се пријави на конкурсот“, одговорија оттаму.
-----------------------------
Извор: http://www.skopjeinfo.mk/gradot/420663979/ibz-bara-dzamii-vo-centar-madzir-maalo-i-novo-lisice

P.S. Ако темава не е за тука, префрлете ја или канта.

И сеа да се изјаснам јас:
Признавам не сум некој голем верник, ама ова што се случува може да го забележат сите. И според мене има доволно верски објекти и наместо да се трошат пари на нови, да се гледа да се зачуваат веќе постоечките затоа што навистина има премногу и нема потреба од повеќе.
 
Од инает нормално, инаку во Маџир Маало има една албанска фамилија доселена пред 2 години абе мирни мирни помирни здравје може за нив бараат да се гради џамијата. И не би било лошо да се ограничи висината на минарињата и на камбанариите како и буката која што ја прават истите. Или еднакво за сите или ништо за сите.
 
таква им е тактиката,така се почиња,така им е наредено(и купено)
и во Арачиново било некогаш со една -две фамилии,па види сега
инаку тие сегде пробуваат,до крај дури во Берово или Струмица пробаа.
А прават џамии и каде не треба или на видни места како на пример на влезот во Скопје,во Катланово е испрчена пред очи како да влегуваш во Арабија и секој да се замисли во која земја се наоѓа,па и од авион убаво се гледа,а таму за кого ја направиле,за ромите.
А и цркви се прават каде немало,ама пред тоа и народ немало на тие места како Ново лисиче.Сега заградиле веднаш до мостот,пред авионот.
За некој работи сме си сами криви.Изгледа секој Албанец го читал Бак и
„добра земја“- ама ние не ЗЕМЈА НЕ СЕ ПРОДАВА,така ја губиме,така ги губиме и селата и потоа тие се населуваат(пример Арачиново)
 
Е тоа е и намерно се прави така, воопшто не ми сметаат џамии ама неможе бе 60 метра минарето да биде, невкусно е бедно е се знае заднината на таа постапка која им е и после ќе рокнат мегафони на него и на 5км околу истата го мачат немуслиманското население. И до муслиманите на форумов немојте да го споредувате оваа со 1минутно чукање на камбани, нема основа за споредба според буката. Или ИВЗ на пример, бараат ова бараат она, го бараат ова земјиште го бараат она земјиште се било нивно, на која основа на турски документи се разбира према кои целата земја им припаѓа на нив( исламската заедница и религија).
 
....ајде да са кладиме дека неможат да донесат закон покрај секоја куќа или стан да има црква или џамија, а во секој парк, плоштад или поголема јавна површина барем 3 :tapp::tapp:
 
Да не бидам погрешно сфатен, не сум религиозен ниту пак патриот некој јас, али според моите набљудувања во последниве година за ова "натпреварување", муслиманите т.е. Албанците го започнаа ова. Почнаа да прават џамии, првин во секое село, но тоа е нормално. Единствено беше големината малце претерана т.е. преголеми за тој број на жители. После се префрли за по 2 џамии во село и џамии што поголеми во мешаните села. Па потоа преиде на градење на џамии во градовите, каде било, само да се поголеми, посебно минарињата. И еве стигна сеа ИВЗ да бара џамии каде што нема муслиманско бројно население. Јас како нерелигиозен и непатриот, приметувам дека тоа е само да покажат, дека еве сме, ќе дигаме џамии, јаки сме. Еве, до Ѓорче, има едно селце Крушопек, дали има 300 жители, изградија џамија со 2 минариња а блиску до неа т.е. Сарај, има веќе 2 џамии, ако не и 3 веќе.

Таа игра на силење ја преземаа, пред се македонските власти, кои почнаа исто така, да форсираат цркви на видни локации. Но, изградија само на места каде што немаше џамии и само се силат дека ќе градат али ништо од тоа т.е. ИВЗ ги средува со една закана дека ќе градат џамија блиску до тоа место ако се изгради таму црква. Ама битно се силат и очекувам повеќе цркви периодов, посебно околу центарот.

И тоа ќе продолжи и ќе продолжи, се дур не направат секоја куќа да е верски објект...

А искрено, вие верниците, што мислите за таа претерана градба на верски објекти, кои и за празници ќе бидат празни? Дали толку сакате да го покажете дека вашиот религиозен "пенис" е поголем од тој од другата религија?
 
Си го мерат кој је јачи.
Наместо старите верски објекти било цркви било џамии да ги одржуваат кои патем речено се и културно наследство, овие на секој чекор нови прават. Ама тоа е прост народ силна држава.
Верглањето на оџата по неколку пати на ден е бонус.
Сепак сме секуларна држава и најфер спрема сите би било освем за најголемите верски празници кога ете нека се испукаат до даске( а тоа е два пати годишно евентулано три) нека ги ропаат тие камбаните дури пукнат или нека завива оџата дури не му се расипи појачалото, ама во другите 363 дена во годината штама. Така сите среќни и весели.
 
Здраво на сите!

Иако сум верник, градење верски објекти без потреба, било џамија, било црква, било како верски објект, без потреба за мене е грев. А уште полошо ако се градат за инает на некого. Јас како муслиманин албанец сум за градење на било што но само ако навистина има потреба за тоа.

Сега вака. За Маџир Маало и Ново Лисиче, не можам да зборам ништо, бидејќи неам појма колку муслимани има таму. Ако има добар број на муслимани во тие места, тогаш редно е да им се овозможи да изградат џамии

Зошто! Ние муслиманите се клањаме 5 пати на ден и плус ја имаме големата петочна молитва во која во ниедна џамија низ Македонија не не собира.

Зошто муслиманите од Маџир Маало или Ново Лисиче да поминат голем пат до Чаир 5 пати на ден и да дојдат во централните Џамии? Ако има малку муслимани во тие места, 50-60-тина, тогаш не мора со минаре да се напраат. Доволно е некој објект за клањање да се направи за да им биде блиску на тие верници и да можат да ги извшуваат нивните секојдневни верски обврски без мака.

А за џамија во Центар, признавам, тоа е мојот сон. Не дај Боже, не го велам за инает на никого, но поради лично персонална потреба. Вие не сте свесни колку ни е потребна џамија во Центар. Јас персонално често фреквентирам низ Центар. И кога доаѓа време за клањање, немам нигде каде да се обратам и да ја извршувам таа верска обврска. Истотака кога излегувам со друштво, морам да станам, па да пешачам до Чаршија и да се клањам таму. Замислете колку време ми зима тоа. Во зависност од тоа каде сум во Центар, да идам до најблиската џамија и да се вратам ми требат минимално 30 минути. Немам кола, затоа пешачам. Замислете уште колку муслиманите така прават.

Дај да не ги заборавиме и многуте муслимани кои работат во државна администрација, министерства, банки. Моментално не зборувам за 5 пати клањање, туку само за Петочната молитва. Навистина на нив им е потребна една џамија во Центар, каде би можеле на брзина да ја извршат петочната молитва и да се вратат на работното место. и не мора да има МИНАРИЊА. Нека биде магацин, некоја мала сала, било што, само да имаме каде да се клањаме, да не шетаме по град да бараме џамии. Неколку пати сум бил принуден да препуштам молитва, и тоа е грев во Ислам.

Нејсе, тоа е све што имав да кажам за ова тема. За ничиј инает туку за моја потреба, јас сакам да има џамија во Центар.

Поздрав до сите
 
Ех да, у маџар маало треба џамија....

Леле сега овие распејани скопјани, Милчин и остали пролив, коа ќе им се сипе на ИВЗ...
...со донации.

Нека ви влезат дома и нека ви зградат џамија у кревет измеѓу вас и жена ви. Тоа го заслужувате македончиња.
 
Нит је од инат, нит је од потреба..

Него од глупост е... Им притребало на Аеродромци црква на секое ќоше.. пфффффффф како не бе?!
И џамија на г`зе место за 5-6 души..,, абе ај!

смешки...
 
Нит је од инат, нит је од потреба..

Него од глупост е... Им притребало на Аеродромци црква на секое ќоше.. пфффффффф како не бе?!
И џамија на г`зе место за 5-6 души..,, абе ај!

смешки...
Ти донираше веќе, или уште не си?
Срамота е да идеш да клањаш, а ни денар не си дал за џамијата...
 
Ти донираше веќе, или уште не си?
Срамота е да идеш да клањаш, а ни денар не си дал за џамијата...

Шо да донирам бе? Пари? !?! :pos:
Ма не доаѓа в предвид, ни за црква ни за џамија.. како не! :))))))) :pos:

По радо, и црквине и џамиине, би ги претворил во музеи и центри на култура, кај шо ќе се одржаваат концерти, театарски претстави, филмови да се прикажуваат, изложби.... шо да не... :-)

Знаеш, ко у време СССР.. .тоб!
 
Шо да донирам бе? Пари? !?! :pos:
Ма не доаѓа в предвид, ни за црква ни за џамија.. како не! :))))))) :pos:
Што знам, после толку коленичење и умилкување кон АлКаедаиве, чудно би било да не донираш за џамија во каурски кварт. Тоа е многу побитно неголи да донираш за џамија во место во кое живеат верните алахови робови.
 
...
Зошто! Ние муслиманите се клањаме 5 пати на ден и плус ја имаме големата петочна молитва во која во ниедна џамија низ Македонија не не собира.

Зошто муслиманите од Маџир Маало или Ново Лисиче да поминат голем пат до Чаир 5 пати на ден и да дојдат во централните Џамии? Ако има малку муслимани во тие места, 50-60-тина, тогаш не мора со минаре да се напраат. Доволно е некој објект за клањање да се направи за да им биде блиску на тие верници и да можат да ги извшуваат нивните секојдневни верски обврски без мака.
...
Нема никаква обврска да се оди во џамија за секое молење. Може дома, може на работа.
Не мора да излегуваш со пријателите во град кога знаеш дека ќе треба да се молиш.
Значи нема никаква неопходна потреба, туку чисто покажување сила.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom