Блам состанок!

  • Креатор на темата Креатор на темата Plavooka
  • Време на започнување Време на започнување
а може блам состанок на кој сум присуствувала? да, ја бев поканета како сведок или кој знае што беше целта на моето присуство таму...
значи другарка ми и се свиѓа типот, он ја вика на пијачка, а она ме вика мене! зошто прифатив ни ја не знам, ме молеше, и било срам, а заљубена ептен! и ај, отидов. проблемот беше што муабетот што го правеа ми беше толку досаден, што едно време престанав да ги слушам. си пиев пивце и си блеев негде. во еден момент, изглеа се замислив нешто посериозно и ја гризнав чашата.... имаше еден момент на чудна тишина, додека јас ги плукав парчињата стакло од гризнатата чаша и си нарачував ново пиво, парот до мене ме гледаше...ја мислам очите од главата ќе им излезеа. и не, не се ни пресеков, ниту крв ми потече, ништо. само си ја грицнав чашата :D
типот после тоа никад више не и се јави на другарка ми :(
 
Еден колега научил дека одам в театар со другарките и купил карти па ме покани.... и како никогаш до тогаш претставате беше за на мочање да ти се оди, а дечково беше убав како бог, и после ме удави со муабети (за претставата) едвај чекав да ме испрати, не напрај никаков напор да ме бакне, сета сила ја вложи да ми ја објасни претставата што беше како пуштање чешма ужасна, ама овој беше убав како бог.
После тоа се криев низ факултет да не ме види намерно доцнев на предавања да не налетам в ходник... и сега се мачам да се сетам како се викаше, да не беше темава немаше да се сетам на ова.
--- надополнето: 5 декември 2013 во 18:28 ---
 
Ми текна на уште еден катастрофален состанок !
Со бившиот бев раскината некое време и се запна една другарка , да се запознаам со другар на тогашниот и дечко.И ја се чудам зошто и се согласив ! Ај што ги чекавме некои 45 мин на ладно сред јануари ги чекавме , пешки да идеа побрзо ќе стигнеа , а они со кола идат.Влегувам во кола ни здраво ни право ништо.Нема везе , влегуваме во ресторан се истепа кај да седне и кое место да го фати , ко децана мали буквално :cautious: требаше да седнам во ќош , господинот нејќеше со столот да се мрдне да поминам , едвај седнав се истепав.И почна маминиов син да си кажува како мајкаму му одбрала што да облече , му кажала што да пие и што да јаде, ја бев како оукеј :facepalm: Ај и тоа пројде , некое време од како седнавме другаркава отиде со дечкото до негде демек сами да не остават муабет да си поправиме , типов си вади телефонот си се уклучува на фејсбук и си прави муабет на чет . Е тука веќе ми зовре !:mad:Се вратија овие двајцава и им викам ај да си идеме демек , ајде земаа сметка овој се истепа кусурот да го земе што не беше ни за него точно пари си даде , а се работеше за ситна сума од 30-ина денари . Собра парите и правац врата , не дочека ни капути да облечеме , буквално трчаше до кола . Колку глупо изгледаше не сте ни свесни , овој напред , два метра поназад идам јас , позади мене паров.Само што ме оставија мене дома , ми се јавува другаркава и ми кажува господинов како кукал и се жалел не можел муабет да прави му текнало дека нешто му истекувало на некоја си игра на фејсбук таму морал да го заврши!(а он на чет дремеше ) Уште по трагично беше што бараше уште еднаш да се видиме , многу муабетот ни идел , а ние ни две реченици не кажавме што е најтрагично. После кратко време разбрав мајкаму му нашла некоја девојка во комшии со која и денеска е женет.
 
со првиот дечко, на прв состанок. ја ќе се прчам сум земала возачка, и као ја ќе те зеам од дома му викам. после 5 минути сфати дека возам едвај 2-3 дена, па на крајот од вечерта, за да не ме пушта сама накај дома со колата вика остави ме кај тебе пред зграда, со еден другар ќе се враќам накај дома. и ја така целата возбудена, заљубена до уши, возам накај дома. изглеав ко во некој филм, знаеш она коа возат право а гледаат десно? е баш така возев, се дур не ми текна да сменам лента, сеуште зјапајќи "најнеприметливо" во типот до мене, нормално колата до мене беше најневажен фактор во моментот. и значи така си зјапам, срценца на сите страни мислам летаат и се слуша БУМ! ја сеуште возам, не контам што се десило...или не сакам зашто во моментот гледам некој лут чичко ми мафта, ко да ме пцуе, се дере, па си викам, ако стиснам гас ќе му киднам, кој и да е овој. аха да, после 5-6 минути дечково ме наговори да ја запрам колата. ми вика диши длабоко ја ќе средам ситуација. излага надвор, муабет со чичкото, ја со рацете залепена на волан, очите гарант нааа отворени, ќе ми излезат од главата од што сум се уплашила. али ме спаси :D довозев до дома, овој не знае дали да се кикоти или да вришти од смеење. ја паркирав колата, ја остаив у прва, знаеш она моментот кога ја гасиш колата, не го тргаш стопалото од педалата...за после коа ќе го тргнеш да ти подскокне колата уште мааалку нанапред, доволно за да го удри ѕидчето од тротоарот пред тебе. више беше невозможно да се голта смеата. ја црвена се смешкам срамежливо, типот више плаче од смеење. али го натерав да се заљуби во мене, мишн акомплишд :P
 
Ај и јас да се пофалам на темава со еден мој и личен срам. Среќа е што можам да се тешам дека бев млад и неискусен, инаку тешко мене. Имав познаничка / другарка со која што немав некое точно одредиште на тоа што сме, како сме и нема врска. Ми вика : дојди кај мене во 8, друштвото ми доаѓа во 9 да се подружиме. И се ок, одам јас во 8, она со мокра коса, таква секси, ау. Пиеме алкохол, муабети ова она, и не знам зашто, не знам сериозно која ми била побудата да го направам следново, да ја викнам до компјутерот да и покажам клипови од страната bestgore... И ден денес кога ќе ми дојде мисла на тоа, се срамам. Може немала план за нешто повеќе, нормално, ама со оваа постапка сум се зациментирал.
 
^
Твојава ситуација ме потсети на една моја случка. Ме викна кај него дома, и заедно в соба седиме, тој се залепил пред компјутер си работеше нешто, и тоа во сабота навечер. Јас си легнав на креветот го пуштив телевизорот од досада не знаев што да правам, таман му текна да стане од компјутер застанува до мене и ми вика сакаш да те научам ( појма неам кој програмски јазик или којзнае што беше, ми го спомна) и тоа мртов сериозен. :facepalm:
 
Епа вака како нов на формумов и јас да кажам нешто.Се случи во средно 3-4год викенд беше,ми се јавува другар ми ај дојди кај мене имам нешто за пиење ке дојдат две другарки , на прашањата кои,како,сто....ми одговори дојди ке видиш.Се спремив и заминав ,тие веќе беа таму здраво како сте ,леле какви сте....:P додека почнавме разговор кај учите ова она ...другар ми прашува што ќе пиете, го прашувам што имаш вика пиво ,вотка и енерѓи дрик (ваљда имаше биг булл па не сакаше да не ги збуни или пак се правеше фраер):) викам за мене пиво и едната од нив две од прва како од пушка вика ЈАС САКАМ ВОТКА АМА ИМАМ ПИЕНО СО РЕД БУЛ А СО ЕНЕРЃИ ДРИНК НЕМАМ ПРОБАНО!!!:facepalm::tapp: како сто земав дим од цигарата ја исшустив од врака ми падна внатре во кошулата истовремено се смеам ,скокам цигарата ме гори,кашлам.... :vozbud: сакате верувајте или не, ке ми пукнеше СМЕАЛЧЕВО :pos:тој ден нема никогаш да го заборавам.
 
Јас само што раскинав со еден дечко (долга врска и се тоа) и не знам како се погоди тој период еден друг дечко ми пишуваше на фејсбук “ајде да се видиме, кафе да праиме бла бла“ и ми вика: Ти само дојди на рекорд во 9 саат јас имам се испланирано. И си реков па ај ке идам и онака ништо не ми се случува у животов. Одам јас во 9 саат на рекорд точо, и го чекав дечково некои 10ина-15 минути, кога дојде ми објасни дека автобусот му киднал. Ајде океј и го прашувам кај ке седнеме и он само ми кажа пааа не знам ке видиме. А јас во глава си викам па добро нели ќе испланираше се?
Шетаме што шетаме и јас си знам еден кафич у центар прилично е скриен и баш ми е онака швалерски. Почнуваме муабет јас дознавам дека дечкото е 2 години помал од мене и ми напраи муабет као не сакал да е*е девојки 1ва 2ра година средно, како некоја негова бивша го заебала толку гадно и веќе не верува на женски и останати детски муабети. Како капак на тоа му ѕвони телефонот и праеше муабет со некој другар некои добри 15тина минути. Јас си се ѕверев во таван и си размислувам што да излажам за да избегам од таму, Дечкото прекинува муабет со другарот и јас му викам ееј извини морам да идам сега ми текна иам закажано на забар а тоа 10 саат навечер некаде беше (провидна лага нема везе ама стварно не знаев што да му кажам).
Доаѓа време да си идеме и овој вика ај да ја најдеме келнерката и седи само буља ја бара келнерката за даја викне да дојде. После 10 минути ја најде, носи сметка келеркава и ми вика ај дај пари за тоа што пиеше и му дадов и на крај келнеркава ни враќа кусур, он кусурот на мене ми го даде ваљда му текнало одпосле дека не се испонашал ко шо треба, Како и да кусурот и го оставив на келнерката ко бакшиш. После тоа дечкото ме напињаше да излеземе уште еднаш, сакал у диско да ме носи, ама не го видов одтогаш..
 
Му дадов број на еден дечко во дискотека, изгледаше симпатичен. Се пишевме некое време, фин дечко. Ајде ќе ојме на кафе. Се договоривме кај ќе се најме, во чаршија во еден кафич. Одам јас, тој седнал надвор, времето сончево. Трупот не стана да се поздравит, остана како инвалид, јас му давам рака, тој мртов ладен "Вака ли ќе се поздравуваш место да ме бакнеш?", од погледот што му го дадов ја затна муцката и ништо веќе не рече, а рака не ми даде... :confused: Седвам што седвам а во истиот момент си реков море да станам и да си заминам ама ај. На масата гледам две кока коли, едната ја пиет тој другата за мене ја порачал. "Ти порачав кока кола, оти знаев дека редбул ќе порачаш а тоа е штетно, а вотки такви ми ти чуда дур си со мене, никако." Му се чудам на паметот, јас ни на крај памет не ми падна да порачам водка на сред бел ден, ама тој ли ќе ми кажува што да пијам. Кока колата не ја ни пипнав, си порачав џус. Не ми беше мене гајле за пијалокот туку се направив сто пати пишман што излегов со него. Ај фати некаков муабет, две дечиња на 5 метра од нас шутираа лименки од редбул демек фудбал играат ама звукот маваше директно во гла. Му викат на келнерот, разбркај ги дечиштата сакаме во мир да седиме. Им рече келнерот и избегаа децата. Ми викат "Гледаш што напрајв за тебе?".:pos::tapp::facepalm::vozbud::oops: Не знаев дали да се смеам или да плачам. Ама работата беше за плачење оти по 5 минути докажа дека човечката глупост навистина нема граници. Си збореше келнерката со едно друштво на масите ама онака гласно. Е сега "Schwarz" на германски значи црно, а "schwanz" машки полов орган ама побезобразно...:) Келнеркава си раскажуват онака гласно за облека дека и фалело нешто црно, тој се убацуват од нигде никаде "schwanz ли ти треба?". Како не се отвори земјата истиот момент да ме проголта, со каков кретен седам на маса. И му реков, што ти требаше бе оваа глупост да ја кажеш. Мртов ладен викат си го бараше многу гласна беше. Ја му викам си одам имам работа. Што се брзаш бе или се лутиш, па не ти реков тебе што се налути. Ајде чао му викам немам време. Го викнав келнерот да си ја платам сметката, не ќе чекам барабата да ми ја платит, ама не само што ја плати туку и на цел глас се пофали "Никогаш нема да дозволам да не платам на женска, никогаш, никогаш".Три пати ја повтори реченицата, разбраа сите и ете се пофали. Да те носам со кола, нема шанси. Да те испратам и да го чекаме возот заедно, нема шанси. Се изгубив со брзина на светлината.

Ова не беше планиран состанок, ни состанок не беше ама ајде. Пред два месеци....Во една дискотека со сестра ми и две другарки, три после полноќ, гледам еден дечко што ми се пуштат скоро една година. Италијанец, најзгодниот дечко што го имам видено во животов. Висок, зелени очи. Ама не сакав со него ништо, малку фалеше да се смирам со бившиот. Уште ко ме виде трчат да ме гушнит, ок се поздравивме. Го гледам дечково летва пијан, едвај зборвит, осмици прајт во одење а очите крв. Да му помогнам гледам готов е да паднит, викат морам да прам муабет со тебе, видов на фејсубук имаш тагирано дека си тука и дојдов по тебе. До 3 сатот ме барал низ дискотеката... :vozbud::) Дошол да се видиме и да прајме муабет. Ок, ај да прајме муабет. На скалите сакал да седиме :cautious: Луѓето горе долу по скалите, тој тука сакал. Седиме на скалите, гледам многу му е лошо на човеков, го прашвам кај му се другарите да го приберат не можам јас со пијани да се расправам. Не знаел кај му се другарите. Напна да сме излезеле надвор да ми кажел нешто. Ајде кажи тука, не надвор сакам да ти кажам. Ок ојме надвор, кажи што имаш да кажиш. Го заборајв телефонот во кола ајде да го зејме. Немат шанси. Се колнит, молит, не ме барал со лоша намера во кола, сакал телефонот да го земит. Му викам не можам сестра ми и другарките ме чекаат. Почна да галамит и беснејт, ме фати срам од обезбедувањето ме познават ај реков пијан е дан му се десит нешто, да го зејме телефонот. Јас јакната моја ја имав остаено во клубот. Надвор -10, паѓат снег, ветрот дуват силно, тој ми ја даде јакната негова и само соо кошула тргна на невремето. Не знаеше кај се имат паркирано, десет минути се вртиме во круг, му викам се враќам назад ова немат смисла, најди си ги другарите и одете до колата. Леле ко почна да повраќат :facepalm: неконтролирано. Капаче на се, откако исповрати, сакам да те бацам. Абе какво бакнување, ненормална работа. Романтично било на снегот, јас се тресам цела од студ тој за романтики зборит. Застана на пешачки премин на црвено и викаше не се тргат дур не го бацам. Јас да гледам ли сега како ќе го лупнит некоја кола и ќе го остајт на место или да се мислам да не ме видит некој познат, што да праааам. Зошто се вовлеков во оваа глупост? Ок си се напил што си се напил, биди маж бе. Јас му викам одам, тргна некако по мене, му светна кај се имат паркирано. Ај пошто стигнавме до тука да го земиме фамозниот телефон. Влегов во колата да се стоплам не ги осеќав рацете а богами ни нозете. Ама не беше тој воопшто крив, крива бев јас што верувам на пијани луѓе. Ма каков телефон, ме довлечка до кола да ме убедвит дека сакал да се фатиме. Добро бе ова не можеше во клубот да го кажиш? Не, гужва беше. Јас се што сакав беше да му помогнам оти пијан да не ојт сам по улици. Пробав даму објаснам да не возит вака пијан а јас морам да се вратам кај сестра ми. Не знаев дали да одам или да ги чекам со него другарите, да не тргнит да возит да го имам на душа. Човеков ни две ни три ја запали колата... :вонзем: Ќе сме се враќале во клубот, јас викав но никој не ме слушаше. Така возејќи се наденавме на нешто, ја бапна колата од десната страна и тоа бајги ја оштети мислам...:vozbud:Му викам абе ја удри колата, не бе пет пари не дават возит ли возит. И пошто видов дека немат шанси да застанит, се помирив со судбината и бев убедена дека вечерта ќе загиниме, ама си реков убо ми се напраи заслужив. Сама си бев крива. Ништо не му викаав, да не го вознемирвам и да се декоцентрират барем колку толку нека возит и така не е многу далеку клубот. Стигнавме здрави и живи. Сестра ми и другарките ме чекаа пред клубот а и другарите негови ко улави го бараа. Исповрати колку што можеше повеќе пред вратата од клубот а јас се мислев другиот ден да се селам во друг град. Таман пред да заминам викат оддалеку "Земи ја јакната, ти ја давам за поклон затоа што се грижеше за мене". :facepalm: Ова го слушнаа сите што го напуштаа клубот. Десет пати поголема јакна од мене, машка јакна за поклон. Другиот ден се извиниваше до бескрај, јас само му реков ок е. Го намалив контактот со него на минимум иако беше фин дечко, ова глупирањето не можам од глава да го исфрлам.
 
Последно уредено:
Бев со првиот дечко и сакаше да имаме односи, јас не знаев шо да му речам пошо ми беше многу срам и цела таква усрамена му реков
„Можи преку гаќи?“ :)
После то не ми праеше муабет цела вечер и го снема не ме бараше поќе кизне оти. А баш сакав преку гаќи. :(
 
Бев уште во средно школо, се фатив со едно типче шо ми се допаѓаше веќе извесно време. Првиот состанок беше интересен, прошетка, муабет на место, мување ово оно итн. (y) Дојде време за вториот состанок. Излеговме на прошетка и седнавме на едни скали пред една зграда. Муабетот течеше добро, се додека не тресна една глупост. Од никаде негде ме праша "Абе ние кога ќе имаме однос?"... Јас бев цела WTF па му реков дека е уште рано, да се стрпи малко :cautious: Па потоа ме праша "...епа тогаш анално?", пак одбив. "Добро тогаш, орално?", пак одбив. "А нели бива со рака барем?" Јас веќе не знаев како да реагирам. :pos: Ми ги изнареди прашањата како на квиз ебаго! Кога и да ми текне на оваа случка, многу се смеам. :ROFLMAO:
Ah good ol' days! :rolleyes:
 
Еве ќе пишам блам состанок,што јас го заебав,добро не го заебав,ама убава акција како Арсенал направив,испаднав сам пред гол,и не шутнав оти сум глуп.Се запознав со едно девојче од Скопја,на фб (кој вика дека од фб неможе да испадне ништо се лаже)се договоривме да се најдеме се како што треба,малава дојде со кратко суќниче и кратко маиче и цицкарникот и се гледаше,повеќе цицињата надвор и беа него внатре,и кај ќе одиме ај на кафе на кеј,се едно-друго муабети,нашколо,дома,спорт,телевизија,серии,се комуникативен и јас и таа зборуваме ова-она,најрелаксирно и после кафето (ме изгореа 120 денари) кај ќе одиме кај ќе одиме ај во зоолошка,првата моја грешка и таму се потурив 100 денари,и 40 за смоки за мечките,шетаме што шетаме,малава сакаше кур,сакаше да се изпоебе со мене,мислам дека ќе речеше дали сакам јас да имаме секс,толку беше очигледно,само ја немукаетен и тапа,ај излеговме од таму рече жедна била,ај по еден сок некаде,седнавме нарачавме,муабет пак (устата пена ми фана) ме изгореа и таму 140 денара мислам платив,и редно време беше да си одам на автобуска и кога ме баци во образ така посочно се освестив,сфатив дека сум можел да имам секс со оваа и без зоолошката и без сокот од 140 денари,после тоа имаше разговори на фб,на телефон,ама од онаквото ни Н.Само неискуството си го направи своето,сепак имав тогаш 16 години,сега сум троа постар.Сега кога се навраќам назад,ептен ми е криво за тоа,ама било поминало.Воа е досега Блам состанок кај мене што се има случено,другите се подобрени многу.
 
Последно уредено:
Пред неколку години, се шлаеме низ населба со другарите и приметувам едно девојче (дојдено на гости) ме гледа нападно. Поминуваат неколку минути доаѓа другар со абер дека ме свиѓа девојчето. Праќам абер да и пренесе да ме чека пред школски за 10 мин. Зимам колата и ја качувам и идеме на едно мирно место во близина. Дојдени за таа работа, ама ај да не биде одма, два реда муабет прво и ми кажува како имала братучедка на 12 год шо имала дечко од 20 и ми вика 10 год разлика. Си викам да не не слушнав добро, викам колку години разлика, повторува 10. си викам ај нема задачи да решаваме сеа. Поаѓам во акција и при првиот допир на јазиците ме удира страшно лоша миризба, како месец дена да не се измила заби. Си викам пиштол да ми стави не ја залапувам пак. Вадам телефонот со изговор дека каснам некаде и палам колата. Од со бев изгубен и името и го заборавив во истиот момент, па кога ја поздравив изговорив друго име. Изгледа сфати девојчево шо е работа и и падна незгодно, ама јбг:))

Друга сигуација, искачам со една од моја населба од околина на Скопје, ја собирам и по пат договараме да пиеме кафе во Бисер. Во кола ми врти муабети за градски шеми нешо ауу, си викам девојчево нашетано. паркирам пред Бисер и она поаѓа во правец накај Ново Лисиче :))) Ај се созема, седнавме на кафе, а шо е најтрагично на крај ми акна корпа коа пробав да ја залапам :))))
 
Излегвам со неколку другарки во парк, онака сите лежерно облечени.И успат си купувам чипс кикири, а мастики забораив.Ајде, ќе си купев на враќање.Гнетиме сите, корневме на вагета :/ После некое време доаѓаат три машки.И овие другарките мои се изгубија со двајцата, остана само едниот, а јас појма си немав за ова.Очигледно си беа договорени.И седнува детево до мене.Јас ќе се мрднев, каде најде сеа Господе отии.Ја трујам на вагета и мешани зачини, а он се доближува до мене.И ништо, се фатив за уста и така комунициравме некои 5/10 минути,уствари повеќето време јас само со да/не одговарав и дечково цело време настрано ме гледаше, ко некоја ретадра делував, не ја пуштив устата.Вака не изгледа нешто ау бау,али во живо прави комедии бев.И на крај се виде дека ништо од овој состанок, станав од клупа и му викам на дечково аа 10 е, треба дома да сум ќе одам на гости (ова прво ми текна).И ниту се поздравив ниту ништо, само чао и толку.Дома коа си дојдов не можев да престанам да се смеам, којзнае шо си помисли дечково.:pos:
 
Пред неколку години со еден дечко се договаравме да трчаме на кеј. Не се знаевме лично т.е само преку интернет. Си немавме разменето броеви, па ни слики (да знаеш со кој збориш), а комунициравме само преку мсн. Се договоривме да се чекаме на плоштад и после заедно да одиме на кеј и да трчаме. Е сега работава е што прво јас како и секогаш си каснев и тоа не 5, а 20 тина минути. И второ тој период од некаде ми имаше влезено во глава дека ако се виткам со целофан и трчам или вежбам повеќе калории ќе согорам па така фино лепо си се завиткав од глава до пети со целофан, си се облеков и тргнав. До плоштад па и после тоа се осеќав ко крава со ѕвонче.

Некако се најдовме, тој чекал језда ја си мислев дека веќе одамна си заминал и тргнавме накај кеј. Патем до таму му реков дека сум завиткана со целофан да не се чуди што му шушти, му кажав и зашто сум се завиткала не памтам како изреагира, ама и да ми се изнасмеал не ме чуди. :) И кога стигнавме ме праша дали можам да трчам ради целофанот, а ја му реков да бе да можам немај гајле и предходно имам трчано (а врска немаше само дома стомачни си правев :D). И ајде почнуваме и ја на 5 метри ко заклана јазикот до земја едвај дишев па кога ме стегна целофанот уште толку се угушив и овој гледа дека застанав и ми вика можеш. Ја да да немај гајле, ајде и пак почнавме и трчавме трчавме и на едно два три метра ја пак застанав па пак ме праша можеш ли, а ја да бе можам и продолживме и пак исто и така уште неколку пати па се до сегашна плажа вајда може и нешто погоре беше. И на крај човекот ми вика абе ако не можеш ќе одиме, а мене па ми беше жал за него пошто тој си планираше да трча, скоро секој ден си трчал, а јас сега се му пореметив и му викам не бе ќе трчаме ама малку да поодиме воздух да земам. :D Одиме одиме одиме и на крај му викам сепак ќе одиме, немам сили, ниту па воздух (од целофанот) да продолжам. И така си одевме до кај Аце и таман стигнавме заврна па ајде чекавме под мостот да преврне па да одиме до вецето (прв пат дознав дека имало веце таму :D) за да го тргнам целофанот и успат вода да се напиеме, олесниме што знам. :D
На враќање веќе беше полесно немав целофан богами немав ни некоја кондиција па така малку трчавме повеќе одевме и на крај пак одевме. :D
Но мислам дека додека одевме до кај Аце човекот илјада пати се покаја што се договори со мене да трча, сите планови му ги уништив. После тоа си пишавме уште неколку пати на мсн и го снема, или па мене ме снема, а може и мсн то пропадна не знам но и да го снемало не ме ни чуди, а баш ми беше симпатичен но тоа е.
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom