Колку ги познаваме македонските глаголи?

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Бидејќи немаше дадено глагол, ќе го сменам последниот на мацедалиен во МНН
Јас сум се бричел
Ти си се бричел
Тој се бричел
Ние сме се бричеле
Вие сте се бричеле
Тие се бричеле.
Следен глагол, глаголот ,пренебрегне, во предминато време :))))
 
(Јас) Бев пренебрегнал/а
(Ти) Беше пренебрегнал/а
(Тој/Таа) Беше пренебрегнал/а

(Ние) Бевме пренебрегнале
(Вие) Бевте пренебрегнале
(Тие) Беа пренебрегнале

Уфф.... Добро ли е? :))

Ако е во ред, следно е глаголот "мисли" во идно прекажано време. :)
 
(Јас) Бев пренебрегнал/а
(Ти) Беше пренебрегнал/а
(Тој/Таа) Беше пренебрегнал/а

(Ние) Бевме пренебрегнале
(Вие) Бевте пренебрегнале
(Тие) Беа пренебрегнале

Уфф.... Добро ли е? :))

НАЈхардкор глагол во македонскиот јазик,дефинитивно,покрај ,заџадаманчи, и ,собеседне,

едит: ќе заборавев, одлично е не е добро (y)
 
Менувајте и начини не само времиња ;) Потенцијал, заповеден... Богат е нашиот глаголски систем!
 
Се испоизнаприкажавте за глаголи, деј гиди, бреј. Channar Покушавам да ги употребам хардкор глаголите шо ги спомна. Ујдисуе ли ова: „Пеер, не ми се џадаманчи мене на вруќово, иди у соба и собеседни со соодветни собеседници на собна температура.“

А сега и малку сериозно: „собеседи“ сум го сретнал, ама свршениот “собеседне“ ми е малце шубе глагол. Каде си го сретнал „собеседне“?

Ај те молам дај некои примери за употрабата на „џадаманчи“. Може нешто/некој да се „заџадманчи“, “изџадаманчи“ или „подизџадаманчи“?
 
Заџамаданчи а не заџадаманчи...

Инаку дефиниција имате кај Мургоски : облече везен елек (џамадан).
 
Заџамаданчи а не заџадаманчи...

Инаку дефиниција имате кај Мургоски : облече везен елек (џамадан).

Е сега е малку појасно, знаев за џамадан како збор, ама стално мислев дека се однесува за срмен елек општо како именка, никогаш дека е глагол.
Кога сме веќе тука зборот пискул се однесуваше за тоа врвката од фес?
 
Сакам да се пожалам околу еден момент, може ќе сум надвор од темава, ама ајде. Ме вади од кожа кога ќе слушнам некој како употребува "допринесе" наместо "придонесе", а многу често почнав да го слушам по медиумите. Скоро сум сигурна дека не постои како збор, па сакав да ми потврдите. :)
 
Сакам да се пожалам околу еден момент, може ќе сум надвор од темава, ама ајде. Ме вади од кожа кога ќе слушнам некој како употребува "допринесе" наместо "придонесе", а многу често почнав да го слушам по медиумите. Скоро сум сигурна дека не постои како збор, па сакав да ми потврдите. :)
Провери во речник и во правописен речник но придонесе е најдобро ;)
 
Зборот „допринос” постои (страница 163 од речникот на Зозе Мургоски). Зборот „придонес” исто така. Глаголот допринесе според овој речник не постои а глаголите придонесе и придонесува постојат (стр. 635). На тебе останува да одлучиш според овие информации што се користи а што не :)
 
Браво за дискусијата!

Кога бев мала имав проблем со прашањата кои содржеа негација.
Кога мајка ми ќе ме прашаше: Нема ли да јадеш?, Нели доаѓаш? јас одговарав: Да, нема да јадам; Да, не доаѓам.
Не ми беше логично да одговорам Не, нема да јадам.
Но секогаш бев погрешно разбрана.

Поздрав
 
Заџамаданчи а не заџадаманчи...

Инаку дефиниција имате кај Мургоски : облече везен елек (џамадан).

Е, така мојт. Има и други глаголи од ова семантичко поле, На пр. „Опули го, целион светит -- избричен, џамаданосан, сТреден --асли зет!“

Него, мене баш ми се бендисува „џадаманчи“, чисто од фоноестетички аспект. Има турска патина и баш ми ујдисуе за кафански расправии и маалски претњи. Еве ја предлагам да почнеме со употреба на глаголот „(се) џадаманчи“ денес и да го инаугурираме као нов глагол со значење „се курчи, се чатали“.

Глеј шо добро звучи: „Абе не ми се џадаманчи многу да не ти ја скинам глаата. Ебате копиљ, ебате.“
 
Глаголот ,заџадаманчи, изворно од Долга'ец, Прилепско значи ,да натне, (елек, јакна, ау) а заџадаманчени се оние ,распуштениците, или на скопски (фукари,кураби.......), за нив најсоодветен термин доколку собеседувате со Долгаечанец, кому сакате за таква да окарактеризирате некоја фемејка (се користи во Св.Николе и делови од Крушево, земено од романскиот и влашкиот јазик, ,,фемејка,,-девојка). Исто, не знам дали некој друг е запознаен со ова, зборував со една лекторка, која е многу навлезена во етимологии и чуда и ми кажа дека македонистите имале некаков си собир за ,изворно, преведување на странцизмите како: даунладира (да прикине), и би било: од каде го прикина филмот?, универзум (сестан) или ,,Те сакам најмногу на сестанот,, и еден на сите познат збор ,,воздухоплов,, што би значело авион, но го немаме во таква форма како изм"кнат збор, туку се користи само во именката ,,воздухопловство,, А, да, за последново, не сум сигурен, ова е само кажано во разговор :) И за крај, заборавив на мојот омилен глагол: ,чиноначалствува,
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom