ШОКАНТНО: 23 годишниот Димитар од Неготино ја убил својата мајка и објавил на Facebook

  • Креатор на темата Креатор на темата Michael Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Еве, ги нападнал и цимерите и чуварите во затвор (Вест):

Убиецот на мајката направил 'ршум во притвор во Шутка
Димитар Спасов (23) од Неготино, кој пред десетина дена ладнокрвно ја искасапи мајка му Нада Спасова (57), направил 'ршум во Истражниот затвор во Шутка.
Скокнал од креветот и ги претепал цимерите во притворската ќелија. Тие со сета сила почнале да тропаат на вратата и да бараат помош. Кога неколкумина затворски чувари ја отклучиле вратата, пред нив стоел убиецот, кој со стиснати тупаници и без многу размислување се нафрлил и врз нив. Ги удрил неколкупати, по што чуварите успеале да го совладаат.
Инцидентот ни го потврди и директорката на затворот Сузана Гавриловиќ. "Точно е дека момчето предизвика инцидент, но, за среќа, никој посериозно не настрада. Ние во случајот постапивме согласно законот, и по наредба на Судот, тој во моментот е во одделот за психијатрија во арестантското одделение, од каде што стручните лица ќе треба да одлучат што понатаму. Жално е што млад човек е толку агресивен, и за неколку минути успеа да создаде хаос", ни изјави Гавриловиќ.
Неколку момчиња од Неготино, кои од мали другарувале со Димитар, велат дека како малолетник тој често учествувал во тепачки. Во средношколските денови се смирил, а потоа се запишал на Факултетот за физичка култура во Скопје. Им раскажувал дека често го сонувал неговиот починат татко, кој на сон му велел да ја убие Нада. Се подготвувал да замине на натпревар во боречки вештини во Холандија. Ден пред убиството, другарите го виделе како шета на Плоштадот во Неготино со маска на лицето и со сабја и свеќи во рацете. Кобната ноќ, три часа по полноќ, Димитар со нож неколкупати ја избол мајка му. Заминал да земе сабја, а таа, с уште жива, се влечела по ходникот во нивниот стан, но нејзиниот син единец ја искасапил. Убиството го открија вработените во "Комунална хигиена", кои ноќта додека Димитар се обидувал да го фрли телото на мајка му, ги празнеа контејнерите. Го прашале што носи, а тој им одговорил - месо. Се вратил дома и на неговиот Фејсбук профил напишал "Ете ви ја, ја убив, ја задушив". (К. Д.)
 
Смртна казна за вакви тоа е лекот и спасот ,после неколку години ќе го пуштат од затвор и што после тоа тој пак може да убие човечки живот, на ваквите памет не им доаѓа никогаш
 
болна работа, јас изгледа не сум слуснал до сега син да убие мајка. ајде се карал со брат, со татко сум слушнал али ова господ да чува и брани од зли гаврани.
 
Злосторство и казна на 21 век...
Се поместил од умот начисто.
И уште прашува зошто бегале сега сите од него.
#Ја убив мајка ми. YOLO.
Ја колку што знам Јоло го уби татка си со самострел, на серење, а не мајка му.
 
На типов изгледа никој не му обврнувал внимание како мал, пукнал и сега гледа на секој можен начин да привлече внимание.

Кретен.

Се надевам само дека нема да ме тужи за навреда. :cenzura:
 
Зашто јас мислам дека ќе добие помалку од 15 години у ќорка?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom