LG F180 - новиот ривал на S III

  • Креатор на темата Креатор на темата banjifiko
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 септември 2011
Мислења
81
Поени од реакции
6
Возраст
53
Се шпекулира дека LG работи на нов мобилен телефон со superphone спецификации и име кое звучи како ознака на суперсоничен авион.

Според некои гласини што кружат по интернет, F180 ќе биде името на следниот предводник на LG телефоните, а тој ќе биде меѓу првите уреди кој ќе го користи новиот Qualcomm 4G quad-core Краит процесор клокнат на 1.5GHz, и тоа на секое јадро. Телефонот ќе има 2GB RAM меморија и најновиот Adreno 320 графички процесор.
Исто така, ќе биде опремен (со сомнително) 13-мегапикселна камера, и со 5-инчен HD IPS екран. Слично како кај Samsung Галакси S III, 2100 mAh батерија ќе се користи за напојување на овој ѕвер.

lg-4x_1.jpg

извор
 
LG без разлика каков телефон ќе направи не може да му биде конкуренциjа на Samsung :) Исто како што и Алкател никогаш нема да биде конкуренциjа

Siguren li si ?
 
Не ми се верува да му биде конкуренција на С3.
 
Додека не излезат со ревјувс и податоци за продажба, тешко дека некој ќе ја процени успешноста на телефонот. Инаку останативе фирми имаат далеку послаби маркетинг и пропаганда. Епл и Самсунг бомбандираат со маркетинг по филмови, телевиззи, фејсбук и уште на 100 други начини!

Еве излезе инфо по нет, дека на новиот спајдермен сите електронски направи ќе бидат од сони, кој вооедно е и сопственик на правата за филмот. Инаку во секој втор амерички филм има ајфон, ајпад или ербук!
 
LG без разлика каков телефон ќе направи не може да му биде конкуренциjа на Samsung :) Исто како што и Алкател никогаш нема да биде конкуренциjа

Да де,така и за нокиа порано се говореше..нокиа ко голф..само нокиа е телефон и само голф е кола..па сега гледаме како пропаѓа нокиа..така и преценетите самзунзи ќе се издуваат,ќе дојде денот кога LG ќе ги надмине,а може и алкател.
 
Само ако банкнотираат Самсунг. :pos::pos::pos:
 
Само ако банкнотираат Самсунг. :pos::pos::pos:

И нокиа не е банкрот,ама паѓа..факт..ништо не се знае..моторола пред 15 год беше жари-пали сега е нула..така да се е релативно.
 
И нокиа не е банкрот,ама паѓа..факт..ништо не се знае..моторола пред 15 год беше жари-пали сега е нула..така да се е релативно.

Ама далеку се многу Самсунг отидени. Нема никој да ги стигне. Евентуално можат ХТЦ.
 
Ама далеку се многу Самсунг отидени. Нема никој да ги стигне. Евентуално можат ХТЦ.
Така е, технологиjата што jа нудат Самсунг, Apple и HTC е наjнапредна и во последно време водат олигополска политика т.е ако некоj измисли нешто ново тие jа откупуваат лиценцата за тоа и никоj ништо не им може. Проблемот со Нокиа е тоа што додека другите креираа нови технологии тие спиеjа и не креираа ништо ново. Затоа до тука доjдоа. Алкател пак.. не сакам да ги потценувам но во догледно време не е можно да им парира на 3те наjголеми гиганти.
 
LG без разлика каков телефон ќе направи не може да му биде конкуренциjа на Samsung :) Исто како што и Алкател никогаш нема да биде конкуренциjа

LG е многу потценет на пазарот најголемата разлика помеѓу нив и Самсунг е во ненормалните суми на пари кои Самсунг ги троши на маркетинг. Така е и за телевизорите и за останатата техника.
 
И нокиа не е банкрот,ама паѓа..факт..ништо не се знае..моторола пред 15 год беше жари-пали сега е нула..така да се е релативно.
Motorola mobility е сопственост на Google. За цена од 12,5 милијарди долари се здоби со авторско право на преку 17000 патенти во делот на телефонијата. Затоа Apple и Microsoft се здружуваат во борбата против Google, иако е општопознато дека ни самите не се мирисаат многу многу...Интересното во развојот на мобилната технологија тек ќе се случува:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom