(НЕХУМАНА АKЦИЈА): За донирани 100 денари, 21 денар стигнуваат до посочениот краен корисник

  • Креатор на темата Креатор на темата Windfucker
  • Време на започнување Време на започнување
Се осеќам силувано сеа.. зошто и ја пред некоја недела донирав...
 
2010 за Бела Ноќ имаше организиран настан, наводно од Livestrong, во МКЦ. Отидов надевајќи се дека навистина е од Livestrong и дека конечно во Македонија некој ќе организира нешто со што ќе им помогне на пациентите болни од рак. Беше најголемото разочарување во мојот живот. Беше организирано од некоја полудебилна, квазиневладина организација, составена од некој битолски глумец (не се сеќавам на името) и една тетка дотерана како за на бал која цело време се врткаше околу американскиот амбасадор, тогаш беше оној ќелавецот, Рикер, и не посвети ни 2% внимание на неколкуте луѓе кои беа дојдени таму како survivors и со желба да се вклучат и да помогнат.
На влезот продаваа "ваучери" со кои се "донираше" за помош на пациентите, ваучерите беа ми се чини 120 или 150 денари, а со нив потоа се подигаше гумена нараквица со логото на Livestrong.
На тие ваучери од задната страна со ситни букви, нормално, пишуваше дека од тие пари, 30 денари одат за помош на пациенти, а другите за организација на настанот. Инаку, си порачав шише вода и келнерот ми го наплати. Значи, останатиот дел од парите отиде за колачиња, сендвичиња и бесплатни пијачки за битолските глумци и амбасадорот и жена му. Толку се изреволтирав од односот на тие од организацијата и од тоа што настанот почна со "поетско читање" што станав и си отидов. Луѓе бре, поетско читање! :tapp: Значи, не само што не се помогна баш никако на пациентите, не само што се злоупотреби името на Livestrong, се изигнорираа луѓето кои навистина сакаат да помогнат, туку и некој се најаде и се напи бесплатно, веројатно и некој денар си заработи и таа дебилна битолска "организација за подобрување на квалитетот на живот" си го искористи настанот да му се упика на американскиот амбасадор и веројатно да си добие некој грант. После инцидентов немам отидено на ниеден таков настан и немам намера да одам.
Исклучиво индивидуална помош, кога е конкретно наменето за една личност. Во Македонија таквите "организации" во 99% од случаите се измама. Чест на исклучоците.
 
Низ Штип поминаа неколку пати , мене 2-3 пати ме имат прашано додека седам во кафич, дали сакам да купам вакви честитки и купивме со другарите неколку. Алине обрнав многу внимание зашто станува збор , си велам штом е за добротворни акции мора да е на арно. Али ете не било така. Иначе овие се од поодамна , прв пат налетав на нив зимото , кога влегуваа по кафичите и одеа од маса до маса.

Пичка им матер , на организаторот нека му се деси нешто такво , па да има вистинска потреба од хуманитарна акција и да не виде ни денар од неа !
 
Ништо чудно кај нас се е можно, и мене чудни некако ми изгледаа тие со честитките :D
се богатат на туѓ грб....
 
2010 за Бела Ноќ имаше организиран настан, наводно од Livestrong, во МКЦ. Отидов надевајќи се дека навистина е од Livestrong ..............
си начекал едни од многуте настани на невладини настани кои служат за перење пари и прикажување дека се работи нешто......кога парите стануваат збор нема повеќе исклучоци.....
 
Јас во принцип ги избегнувам уличните апели за помош, но девојката изгледаше прилично убедлива според начинот на држење и орацијата, секако сумата не е баш нешто голема и донирав 100 ден.
.

Во цицките имаш гледано затоа те убедила :icon_lol:.


Инаку дојде еден еднаш пијан пари за операција ова она, во ред е што сака парите да ми земе ама не чине тоа што будала ме прави. И го збркав малку арно не го фатив ќе требаше пари за него за операција после да се собираат :icon_lol:.
 
Значи да не ми е мака шо не ги есапам.
А можат и да ги апсат.
 
Пред неколку години, седиме со таткоми, глеаме тв, и некој ни затропа. Отвара таткоми глеаме човек во стара облека, држи неколку листа во раката, и почна да зборува дека неговата жена била болна, имале 4 деца. Операцијата не женаму чинела 25.000 Е, и ни вадеше документи да ни потврди дека е навистина болна... Ни јас ни таткоми не ги погледнавме документите, му дадовме пари од грев, и да го откачиме (да го догледаме филмот).
После неполни 20 мин, доага уште еден. Со истата приказна. и таткоми му рече АМАН БЕ, КОЛКУ МАЖИ ИМА ТАА ЖЕНА?
и овој просјакот - А, БЕШЕ ДРУГИОТ ОВДЕ, БЛАГОДАРАМ МНОГУ, ГОСПОД ЗДРАВЈЕ ДА ВИ ДАДЕ и избега како да го гониме со калашников.
Од тогаш, веке одбегнувам такви тардфакови.
 
Пред некој месец се шетав во велес, и ми налета еден човек од куманово/кавадарци ваљда беше појма неам имаше некој ливчиња помогнете помогнете нем сум, без глас како да не постојам, кога ја прочитав поракава се трогнав..незнам што ми стана ми падна многу жал извадив да му дадам 100 денари бидеејки пишуваше 50 денари а ние бевме двајца..овој самиот посегна по парите бидеејки имав и 500 денари ги тргнав и овој си зема 150..што му стана незнам..но го немам сретнато ни на телевизија ни на ништо, плус пушеше...ако нема пари за операција зошто пушат..и се мислам дека луѓево се прават болни само за да заработат..
 
Пред некој месец се шетав во велес, и ми налета еден човек од куманово/кавадарци ваљда беше појма неам имаше некој ливчиња помогнете помогнете нем сум, без глас како да не постојам, кога ја прочитав поракава се трогнав..незнам што ми стана ми падна многу жал извадив да му дадам 100 денари бидеејки пишуваше 50 денари а ние бевме двајца..овој самиот посегна по парите бидеејки имав и 500 денари ги тргнав и овој си зема 150..што му стана незнам..но го немам сретнато ни на телевизија ни на ништо, плус пушеше...ако нема пари за операција зошто пушат..и се мислам дека луѓево се прават болни само за да заработат..
Добро си прошол ти замисли на крај да ти каже фала, и то се има дешавано . Инаку пред една недела ми доага едно дете и ми тражи пари му дадов и бара од другарми и овој му вели, дај ми ти мене 50 ден, ова ни 5 ни 6 вади и му дава не мавна една смеа и нормално не му ги зеде дури му даде другаро +50ден.
 
Добро си прошол ти замисли на крај да ти каже фала, и то се има дешавано . Инаку пред една недела ми доага едно дете и ми тражи пари му дадов и бара од другарми и овој му вели, дај ми ти мене 50 ден, ова ни 5 ни 6 вади и му дава не мавна една смеа и нормално не му ги зеде дури му даде другаро +50ден.
Се има по народов * И државава..
 
Добро си прошол ти замисли на крај да ти каже фала, и то се има дешавано .

Во Охрид имаше еден што оставаше по масата пораки глувонем сум помогнете и после некое време иде и ги собира. И таман се врти од масава наша да си оди, другаров му вика почекај еве ти. И овој се сврте :)
Се разбира не му даде пари, туку му се „отвори“ пред цела кафана.
 
мене ми се има десено у Штип у Скверо, од тие циганчињата шо молат за 5-10 денари , да ми побара , а ја му викам : Немам 10тка ситно , цела стотка ми е , а оно ваде од џебот купче пари и ми вика : дај 10 ќе ти врнам кусурот ...
 
На овие скамери им посакувам да ги снајде маката на недолжните луѓе на чиј грб профитираат.
Срамота!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom