Бесплатен полнач за мобилни на скопскиот плоштад

  • Креатор на темата Креатор на темата arheolog
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.095
Локација
СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА
Граѓаните од денеска бесплатно ќе можат да ги полнат своите мобилни телефони на полштадот Македонија.

11-500.jpg

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со Никола Љушев, главен извршен директор на Вип оператор и Лазар Гечевски, директор на Агенцијата за енергетика на Р. Македонија, денеска официјално го пуштија во употреба првиот јавен универзален полнач за мобилни телефони на сончева енергија во Република Македонија.
Соларниот полнач е лоциран на северозападниот агол на Плоштадот Македонија во Скопје, во непосредна близина на споменикот на Јустинијан I.
22-500.jpg

-Овој соларен полнач на мобилни телефони засега е единствен од ваков вид и со него можат да се полнат повеќе видови на мобилни телефони во исто време. Целта е дополнување на мобилните телефони со енергија директно од сонцето, доволно за да си ги искористите Вашите потреби со телефонот кој претходно ја потрошил енергијата во себе, истакна градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.
Соларниот полнач е со уникатен дизајн и ќе работи по принципот на конвертирање на сончевата енергија во електрична преку фотонапонски панели. Изработен е како независен островски систем кој ќе служи за напојување на мобилните телефони како и за остветлување на објектот.
44-500.jpg

На горниот дел од соларниот полнач се поставени поликристални фото напонски модули коишто ги претвараат сончевите зраци во еднонасочна електрична енергија која потоа преку соларен контролер ја полни батеријата, а потоа преку инвертор еднонасочната се претвара во наизменична.
Батеријата е потребна за вечерните часови кога нема сончево зрачење и истата ќе ги напојува мобилните телефони како и лед светлото кое е поставено на соларниот полнач.
33-500.jpg

Целосната изработка на Соларниот полнач е од страна на компанијата ХБ Солар Балкенерџи, компанија која менаџира, проектира и поставува, модерни фотоволтаични системи со висок степен на искористливост и со точно утврден рок на отплаќање на инвестицијата.
Проектот за поставување на Соларен полнач е поддржан од страна на Град Скопје и Општина Центар.
 
Инаку супер идеја само што овие што крададат мобилки ова ќе и биде како ќорава продавница за мобилки :sneaky:

Фала богу нешто и кај на да има вакво нешто и супер идеја од вип (y)
 
Сега сите ќе се наредат да го искористат, а за 2 недели (ако уште функционира) никој нема ни да го погледнува.
 
Има цена бакарот сега а ? :D

Нема ќар од жиците, само хулиганишта колку штета да направат...панелите да не ги однесат...
 
Ја типувам за месец дена. :D Идејава е добра ама на плоштад ли па уште тоа му фалеше на плоштадов.
 
Баш вчера поминав и се чудев што е ова. :pos::pos: Од сега не трошам струја дома, ако ми се испразни идам на плоштад да го полнам телефонот.
 
Барем едно столче да ставеле бе
 
Не би рекол...........а и чисто да не си го тупиш мозочето,има сигурно некое камерче негде скришно ставено. Уживај си ти. :)
Братче кога циго краде ни камера него гледа :pos: шала на страна циго и да го фатат што ќе му направат? ај кажи? :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom