Македонија - Нов Зеланд (84:62) | Квалификации за ОИ, Лондон

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Вечер осеќам дека ке ги напраиме сарма овие плавуши!!
Него ае ако е онлине Мерсад Биљали или било кој експерт од сите области да ми каже дали ако тепаме со 6-7 разлика а плавушиве ги тепаат овие Created Player from Angola имаме шанси да бидеме 1-ви у група??
 
@ Види Фотос ти беше тој среќлијата за отворање теми, ама вчера среќата ти го сврти грбот :D

П.С Темата со Ангола е затворена па тука ќе напишам мислење за вчерашниот меч...

Ни го скршија кошот ѓупците :tapp:
9 тројки прво полувреме ни стегнаја :facepalm: Тројчина ни лепеја како слободни да шутираат :tapp: Шутираа како да играт во НБА...
Во скокови па :facepalm: Онај Мингаш не отепа под кошот, многу офанзивни скока ни напраја, Мингаш и Чиприано најдобри кај нив, кај нас само Бо ќе го издвојам...

Овај па Лазовски толку глуп да е незнам :facepalm:
Го игра Гечевски цело време а само 2 коша цела утакмица има даено, клај го Самарџиски бе, најголем напредок има од сите во репрезентацијата, се виде и на пријателските си газеше, на почетокот од мечот изигра 5-6 минути даде 8 коша и 4-5 офанзивни скока имаше и ШО САКАШЕ ПОЌЕ ЛАЗОВСКИ :tapp:
 
Можеше и Кирил малку да го пушти...Детето ке се расскокаше..
 
Добро, уствари што им е фората со ова Хака? :) Пред секоја утакмица го играат? Како ритуал за среќа им е? Дека гледам сега клипчиња гледам си со Аргентина го играле, со Грција...
 
Во кладилница ни дале само 1.10 коефициент :pos: додуше си знаат дека секако тепаме па таман е.
Инаку вечер очекувајте да ни играат Хака и нас ..

Синоќа само 1.25 беше во мкд кладилници, а 1.15 на нет за нас... полувреме 17 разлика не го кажуваат тој коефициент хаха
 
Антиќ: Или ќе продолжиме да се бориме или ќе се вратиме дома (видео)

s_PeroAntic.jpg
Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ ги повика своите соиграчи на максимална борбеност во текот на целиот натпревар.
- Мора да се вратиме и да заиграме посилно. Да најдеме начин да се кренеме, да продолжиме да се бориме во наредните натпревари. Следниот е решавачки, или ќе продолжиме да се бориме, или ќе се вратиме дома. Мораме поенергично на теренот од стартот, не да чекаме противникот да направи предност, па потоа да ја бркаме. Потребно е да се бориме максимално од почетокот во сите 40 минути, истакна Антиќ пред вечерашниот натпревар со Нов Зеланд.
Македонскиот капитен за синоќешната победа на Ангола вели дека била заслужена, а упати комплименти за играта на Анголците.
- Тие имаа одлична шутерска серија, со повеќе од 70 проценти реализација за три поени и тоа е тешко да се брани. Сите нивни шутеви беа преку наш одбранбен играч и тие имаа навистина добар ден. Ангола е добра репрезентација, физички доста подготвена и им ја честитам победата која ја заслужија, рече Антиќ.
Извор.
 
Навивачиве и патриотиве се собираат од турнир за турнир. Предлагам федерацијата да си организира пријателски турнири или по еден меч во слободните термини, можеби ова треба и со ФИБА да биде усогласено, вака се прави тензија од година за година што е апсурдно. Одеднаш сите се скокнати до небо.
 
Добро, уствари што им е фората со ова Хака? :) Пред секоја утакмица го играат? Како ритуал за среќа им е? Дека гледам сега клипчиња гледам си со Аргентина го играле, со Грција...
star novozelandski tanc, site nivni sportisti i sportski selekcii pred pocetokot go igraat, imaat dozvola od site federacii za toa :)
 
star novozelandski tanc, site nivni sportisti i sportski selekcii pred pocetokot go igraat, imaat dozvola od site federacii za toa :)

Претпоставував, ама да си прашам, што би рекле Србите “ко пита, не скита“...:icon_mrgr:
Данкешен. :pipi:
 
Добро, уствари што им е фората со ова Хака? :) Пред секоја утакмица го играат? Како ритуал за среќа им е? Дека гледам сега клипчиња гледам си со Аргентина го играле, со Грција...
Хака им е традиционален танц на предизвик на противникот. Потекнува од Маорите а први го имаат изведено националниот тим на рагби на Нов Зеланд и од тогаш сите селекции нивни си го превземаат како традиција некоја.

Клик
 
Значи тие планираат да не предизвикаат со Хака вечерва, ама ако им заиграат нашите едно Пајдушко нема да знаат што ги снашло:sneaky: Бо ороводец:pos:
 
Навивачиве и патриотиве се собираат од турнир за турнир. Предлагам федерацијата да си организира пријателски турнири или по еден меч во слободните термини, можеби ова треба и со ФИБА да биде усогласено, вака се прави тензија од година за година што е апсурдно. Одеднаш сите се скокнати до небо.
Леле не дај боже да сврзиме неколку поголеми настани, се создавало тензија, па ако сакаме да бидеме во самиот врв нормално е тоа да се создади тензија, сепак некои од тука очекуваат да се пласираме на ОИ..
Кога се слободни термини или се одржува ЕП/СП или квалификации за ЕП, е сеа ние со тоа четврто место во Литванија се пласиравме директно на ЕП во Словенија наредна година, и во септември нема да играме квалификации, можеби тогаш ќе се организираат неколку пријателски натпревари, ако не, пред почетокот на првенството наредна година сигурно ќе имаме добри подготовки, како што имавме за ЕП, а и сега за квалификациите за ОИ.
Мора да признаеме дека кошаркарите далеку се по организирани од ракометарите, во однос на подготовките, а во пристапот на мечевите ќе видиме на овој турнир т.е после вечерашниот натпревар.
 
Читај уште еднаш убаво се ствара тензија од година во година и слепците прогледуваат, во меѓувреме никој не ни знае кој ни е составот ниту кој ни е селектор, треба да се работи повеќе за развивање и промовирање на спортот, а не само за локал патриотите кои се собираат само за настапи на селекција. Потребни се и турнири, пријателски мечеви што се вели да останеме во континуитет и секако поголемо зближување со спортот и не е само првата селекција, МКФ е далеку поорганизирана федерација од останатите и во поглед на младинските репрезентации, школи, детски лиги и се останато.
 
Навивачиве и патриотиве се собираат од турнир за турнир. Предлагам федерацијата да си организира пријателски турнири или по еден меч во слободните термини, можеби ова треба и со ФИБА да биде усогласено, вака се прави тензија од година за година што е апсурдно. Одеднаш сите се скокнати до небо.
А што треба, професионално да се занимаваат со навивање 24/7?
Фала богу дека се собираат од турнир за турнир.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom