Одма кога ги видов од монитор ми засмрде дека е тежок фалсификат и смрди на гнасна кинеска пластика.
Не треба да одиш да пробуваш, одма ако се малку разбираш од патики гледаш дека е фалсификат.
Гледај ги само конците, гледај ја гумата, ова на ништо не личи.
Инаку не постои модел Air Max 88 (ова е Aip Maks Shutka) како што вели чичко Гугл.
Типов ставил у пеинт 88 на сликава.
На еден школски вакви слични му донесоа од некој бувљак во Белград не ги носеше ни 1 месец му се испоцепаа, зема 2 пара за 20 евра, на се личеше ама на патика не личеше, само колку да е Air Max. Свака му част на копиљов зашто има многу напалени тинејџери идиоти што ќе купат.
И што е финтава со Air Max, јез да е добра патикава ама ова ми е многу детска патика, вакви носев слични (само што светеа кога одиш) на 6 години.
За тие 7000 што ќе ги дадеш ќе си земеш некој подобар модел од Најк, Пума, Адидас или пак ако сакаш поефтино земи си од Ли Нинг или Рибок, имаш екстра патики за тие пари.
И сите оние скептици на оригинали, земи си оригинал да носиш лето-есен-зима, да не ти смрди ногата, да ти се направи партал за еден месец, да ти е удобно во нив и да носиш марка.
А ако зимате од скапаниве кинези ќе потрошите исто пари (ќе смените 5 пара за 1 година) само што ќе ви смрди ногата, нема да се осеќате удобно, ќе зинат за месец дена и ќе носите Naike.
Али добро, ова важи за оние кој се во подобра финансиска состојба.