Денеска има многу јаки утакмици:
1. Жалгирис-Ефес 18:45 Јака утакмица, двете екипи се навистина напреднати во однос на претходните сезони. Жалгирис искрено разочара во Топ 16 , во однос на тоа како го заврши регуларниот дел по групи. Ефес од друга страна се навистина на доста солидно ниво годинава иако никогаш не ми биле омилени. Сепак Жалгирис тешко дека може да ја помине Топ16 фазата.
2. Барселона-Каха Лаборал 20:45 Шпанското дерби кое на Барселона не им значи, бидејќи се убедливо први, а многу важно за тимот од Виторија. Искрено им давам поголема можност на Каха за победа, затоа што на ним им треба победата за да поминат понатаму, а сигурен сум дека Шпанија сака да има што може повеќе претставници понатаму. Сепак ќе биде доста интересно.
3. Реал Мадрид-Панатинаикос 20:45 Натпревар на неделата, јас би рекол. Ова е според мене најинтересната утакмица во колото. Реал како и Барселона се сигурни на своите пролази понатаму. Панатинаикос мора да победи доколку сака да се пласира понатаму, бидејќи се израмнети со Уникаха Малага по бројот на победи и порази со скор од 6-5. Навивам за Панатинаикос и покрај тоа што се Грци, бидејќи мислам дека имаат повеќе да понудат отколку Уникаха за која мислам дека немаат толкаво искуство за да поминат понатаму.
4. Уникаха- ЦСКА Москва 20:45 Уште еден солиден натпревар, кој како и претходните два има значење за едниот тим, а нема за другиот. Па така и овде ЦСКА оди сигурно понатаму, а Уникаха е пријатното изненадување во овој Топ 16 со Маркус Вилијамс кој често беше човекот на одлука во оваа фаза. Уникаха е со истиот скор како и Панатинаикос од 6-5. Мораат да победат за да поминат понатаму, односно да се зацврстат на 4та позиција. Лично мислам дека тука станува збор за разлика во квалитет. Иако ЦСКА е сигурен патник во четвртфиналето, сепак сите знаеме дека Армејците никогаш не се штедат и дека ќе нападнат со целиот свој арсенал.
Една замерка за ова коло од моја страна е тоа што три одлични утакмици ќе се играат во истиот термин, а баш секоја утакмица е интересна. Ваш е изборот за утакмица, драги кајганџии. Која и да ја одберете нема да згрешите
