Евролига 2012-2013

  • Креатор на темата Креатор на темата fidanmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Возраст
39
Ждрепката за групите за новата сезона во Евролигата ќе биде одржана на 6 јули 2012 во Барселона. Олимпијакос и македонскиот репрезентативец Перо Антиќ се наоѓаат во првиот шешир, меѓу носителите заедно со Барселона, Макаби и Панатинаикос.
Од останатите македонски интернационалци Лестер Бо МекКејлеб со Монтепаски се наоѓаат во вториот шешир уште со екипите на Реал Мадрид, ЦСКА Москва и Каха Лаборал. Владо Илиевски (Анадолу Ефес) и Предраг Самарџиски (Литвос Ритас) ќе ги очекуваат своите противници од третиот и четвртиот шешир.

Во првата фаза 24 екипи ќе бидат поделени во четири групи, а последниот патник ќе се дознае преку квалификациите. Таму Доњецк на Војдан Стојановски и Лукоил Академик на Марин Докузовски не се наоѓаат меѓу носителите, тие се наоѓаат во вториот сад, заедно со Остенде и Ратиофарм Улм. Во првиот сад се наоѓаат Уникс Казан, Канту, Нимбурк и Ле Ман. Само една екипа од овие осум ќе успее да се пласира во најеминентното европско клупско натпреварување.

turkish-airlines-euroleague.png


Прв шешир-Олимпијакос, Барселона, Макаби, Панатинаикос
Втор шешир-Монтепаски, Реал Мадрид, ЦСКА Москва, Каха Лаборал
Трет шешир-Химки, Партизан, Алба Берлин, Анадолу Ефес
Четврти шешир-Уникаха, Литвос Ритас, Жалгирис, Фенербахче
Петти шешир-Проком, Армани Милано, Бамберг, Унион Олимпија
Шести шешир-Цедевита Загреб, Бешикташ, Шалон, 1 екипа од квалификациите

 
Група на смртта Барса, ЦСКА, Химки, Литвос/Уникаха, Армани и Цедевита.......
 
Денеска со ждрепка беа одредени групите за новата сезона во Евролигата. Како најдобар тренер на Европа беше прогласен Душан Ивковиќ кој ја прими наградата „Александар Гомељски„. Новата сезона ќе започне на 19 октомври. Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ со Олимпијакос со кого стана европски шампион се наоѓа во Групата Ц. Лестер Бо МекКејлеб со италјанскиот клуб од Сиена се најде во групата Б. Додека нашиот репрезентативен центар Предраг Самарџиски со литванскиот клуб Литвос е во групата Д. Може да се рече дека токму последната група би била најнеизвесна.
Група А- Панатинаикос, Реал Мадрид, Химки, Фенербахче, Олимпија, квалификант
Група Б- Макаби, Монтепаски, Алба, Уникаха, Проком, Шалон
Група Ц- Олимпијакос, Каха Лаборал, Анадолу Ефес, Жалгирис, Армани, Цедевита
Група Д- Барселона, ЦСКА Москва, Партизан, Литвос Ритас, Бросе, Бешикташ

rs-2012-13.jpg

На втората слика се претставниците - квалификантите кои ќе го бараат последното место кое обезбедува пласман во Евролигата. т.е. во групата А. Шанса за настап во најквалитетното европско клупско натпреварување ќе бара украинскиот тим на Доњецк каде настапува Војдан Стојановски и бугарскиот Лукоил Академик, каде тренер е Марин Докузовски. Овој квалификациски турнир (25-28 септември) ќе се одигра во италјанскиот град Дезио. Како што забележувате, Лукоил ќе игра против незгодната и домашна екипа Канту. Додека Доњецк ќе ги одмери силите со Ле Ман од Франција. Да се надеваме дека Докузовски и Стојановски ќе се сретнат во финалето, но тогаш нели само еден би триумфирал и би обезбедил пласман во Евролигата. Им посакуваме успешни настапи и резултати на сите клубови каде што има македонски претставници.
captura-qualifying-2012-13.png


Во натпреварувачката нова сезона во Евролигата, во следната фаза ќе се пласираат првите четири екипи од секоја група. Ново е тоа што во таа следна фаза ќе бидат формирани две групи од по осум екипи. Во четвртфиналето ќе изборат пласман најдобрите четири екипи од двете групи, по што ќе се игра до три победи во таа серија. Фајнлфорот ќе се игра во Лондон, 10-12 мај 2013 година.

Натпреварите ќе се играат четврток и петок, за да не се вклопуваат со оние дуели од фудбалската Лига на шампиони. Колку за информација, престижната награда „Александар Гомељски„,, за најдобар европски тренер, досега ја добивале Пини Гершон во 2005, Еторе Месина во 2006 и 2008, Жељко Обрадовиќ во 2007 и 2011, Душко Вујошевиќ во 2009 и Чави Пасквал во 2010 година.
Доколку сакате повеќе информации посетете го официјалниот веб сајт на Евролига.
http://www.google.com/url?sa=t&rct=...55iDBQ&usg=AFQjCNHYOF2Q8Wd9gtQeSaLLHp4lMdZx_g
 
2 ин 1
Како прва информација ја наведуваме дека македонскиот репрезентативец Лестер Бо МекКејлеб дефинитивно ќе го напушти италјанскиот тим на Монтепаски Сиена. Тоа го потврди и претседателот на клубот, Фердинандо Минучи. Заедно со МекКејлеб си заминува и Дејвид Андерсен, додека како слободни играчи станаа Каукенас и Лавринович. Според зборовите на Минучи се подготвува нов проект и нови играчи за претстојната сезона.
http://www.google.com/url?sa=t&rct=j&q=minucci: mccalebb, andersen will leave, kaukenas, lavrinovic are free&source=web&cd=2&ved=0CEwQFjAB&url=http://www.sportando.net/eng/italy/serie-a/40674/minucci-mccalebb-andersen-will-leave-kaukenas-lavrinovic-are-free.html&ei=SnH4T8fpF4zPsgbloeWSBQ&usg=AFQjCNFjy5aGpxJ1eoQizo6kUj5KcNquEg
Како второ, прикажување на Топ 20 неверојатни погодени шутеви за ланската сезона 2011/2012. Кошаркари кои погодуваа од неверојатни позиции или оние кои успеваа во последните секунди да дојдат до вредна победа...(y)
 
Група Д до јаја. Професорот се врати во Партизан , ќе биде интересно.
 
3 in 1 :)

Како прво, еве дел од челниците на клубовите во Евролигата и нивните изјави по ждрепката на групите за новата сезона.

Претседателот на руската ЦСКА Москва, Андреј Ватутин, рече дека неговиот тим се наоѓа во тешка група и ќе игра во многу бучни противнички арени, каде што атмосферата е на високо ниво.
„Се наоѓаме во прилично течка група, нашите противници се горди што имаат секогаш верни навивачи. ЦСКА како клуб секогаш ја знае својата цел во ова натпреварување, но сметам дека во новата сезона ќе имаме многу предизвици. Клубот мора напорно да работи и веќе од денеска започнуваме со подготовките„.

Еден од првите луѓе во германскиот клуб Бамберг, Волфганг Хејдер, наведе дека целта на клубот ќе биде пласман во Топ 16 фазата, иако се наоѓа во неверојатно тешка група.
„Навистина тешка група, единствена во новата евролигашка сезона каде што сите противници се шампиони на своите земји. Тука се големи екипи како Барселона, Бешикташ и ЦСКА, но тука е и Партизан кој е многу успешен во претходните години, Мораме да дадеме се од себе, и да се пласираме во втората фаза„.

Директорот на литванската екипа Литвос Ритас, Мартинас Пурлис, кажува дека го очекува тешка борба.
„Нема да биде така лесно со врвни екипи како што се ЦСКА и Барселона, Очекувам многу тешки и интересни мечеви. Немавме среќа во ждрепката, рано е сеуште да се говори за нашите шанси понатаму, но се надеваме дека ќе ја оствариме целта„.

Директорот на хрватската екипа Цедевита, Крешимир Новосек, истакна дека добиле атрактивна група каде што се наоѓа европскиот првак Олимпијакос.
„Групата е многу израмнета и тешко е да се рече кој ќе се најде во Топ 16. Од наша страна верувам дека со тренерот Маљковиќ ќе се направи добар тим кој ќе биде конкурентен, да организираме контролни дуели, за да создадеме добра атмосфера. Секој противник има одлично искуство, но ние нема да се предадеме и ќе биде интересно како ќе делува нашиот клуб кога ќе игра пред огромни и полни арени до последно место, како што беше лани со Жалгирис„.

images


Спортскиот директор на Партизан, Драган Тодориќ, вели дека клубот веќе традиционално секогаш се наоѓал во тешка група.
„Два фаворита се издвојуваат, тие се Барселона и ЦСКА, кои сигурно ќе се борат за Фајнл фор турнирот. Останатите се изедначени, Бешикташ има нов спонзор и нов тренер па ќе видиме со каков состав тие ќе излезат. Како и да е секоја екипа е во фаза на реконтрукција. Рано е за прогнози, но сметам дека во нашата “Арена“ во Белград со секого можеме да играме„.

Тренерот на словенечкиот тим на Унион Олимпија, Сашо Филиповски, човек со потекло од Македонија, со словенечка патна исправа, вели дека тимот се наоѓа во тешка и атрактива група.
„Драго ни е што ќе играме со така силни екипи кои имаат искусни стратези. Панатинаикос, Реал, Фенербахче и Химки се фаворити, мотив плус нашите играчи да се подготват и нашите навивачи да спремаат спектакли кога ќе играме на наш терен. Верувам дека со добра волја и позитивна енергија ќе пристапиме кон мечевите. Да се надеваме дека и финансиската ситуација во клубот ќе се подобри до почетокот на новата сезона во Евролигата„.
Што се однесува до ситуацијата токму во Унион Олимпија, клубот мора да ги подмири долговите спрема поранешните и сегашни играчи, инаку во спротивност клубот ќе биде исфрлен од Евролигата во новата сезона. Долгот не е голем, до 20 јули треба да бидат исплатени околу пола милион евра, но опасноста од исфрлување на словенечкиот тим постои.

images


Како второ треба да издвоиме дека во новата сезона, Реал Мадрид го донесе првото засилување во овој летен период и може да смета на Руди Фернандез кој го напушти НБА тимот на Денвер Нагетс. Фернандез треба да потпише тригодишен договор со “кралевите“. Откако ќе го заврши репрезентативниот настап на Олимпијадата во Лондон, ќе следува и официјална промоција на Фернандез во Мадрид. Интересно е да се спомене, дека Реал Мадрид покажал интерес да го доведе и Лестер Бо МекКејлеб, па ќе видиме што ќе покаже времето.

И како трето, една интересна информација, имено од сезоната 2013/2014 година, и официјално е потврдено дека, двете најдобро пласирани екипи од Јадранската лига ќе можат да се натпреваруваат во Евролигата, додека третопласираната екипа ќе се најде во квалификациите за пласман во најдоброто европско кошаркарско клупско натпреварување.

images


Ова го потврди и првиот човек на АБА Јадранската лига, Радован Лорбек. Се знае дека македонскиот актуелен првак МЗТ Скопје потпиша тригодишен договор за настап во Јадранската лига. МЗТ има добра шанса преку остварување на успешни настапи и резултати почнувајќи од претстојната натпреварувачка сезона па се натаму, еден ден да се натпреварува и со најдобрите европски клубови, зошто да не..:)
 
Еве го распоредот на натпреварите од групната фаза во новата сезона во Евролигата 2012-2013 во групите А, Б, Ц и Д. Стартот на првите мечеви се закажани за 11/12 октомври 2012. Во првото коло како дерби дуели може да се издвојат двојките Реал Мадрид-Панатинаикос и ЦСКА Москва-Литвос Ритас.

http://www.euroleague.net/news/i/98559/180/euroleague-2012-13-regular-season-calendar-group-a
http://www.euroleague.net/news/i/98560/180/euroleague-2012-13-regular-season-calendar-group-b
http://www.euroleague.net/news/i/98561/180/euroleague-2012-13-regular-season-calendar-group-c
http://www.euroleague.net/news/i/98562/180/euroleague-2012-13-regular-season-calendar-group-d

images
 
4 in 1

Најдобриот руски кошаркар Андреј Кирилинко и наредната сезона ќе остане во екипата на ЦСКА Москва. Иако постоеше опција тој да замине повторно во НБА лигата, одлучи да остане уште една година во Москва, со цел да ја освои титулата во Евролигата. Во ланското финале ЦСКА со еден кош разлика загуби во финалето од Олимпијакос. Кириленко во изминатата сезона во Евролигата постигнуваше во просек по 14,1 реализиран поен и имаше биланс од 7,5 скока по натпревар.

images


Се најавува дека деновиве турскиот клуб на Фенербахче ќе започне преговори за доведување на македонскиот репрезентативец Лестер Бо МекКејлеб, сега веќе поранешниот член на Монтепаски. Токму од Сиена, Фенербахче успеа да го доведе и тренерот Симоне Пјаниџани. Генералниот менаџер на турскиот клуб, Кемал Динчер потврди освен за МекКејлеб (кој има понуди и од НБА, но и од Реал Мадрид) сериозно се заинтересирани да ги ангажираат и Дејвид Андерсен и Дејвид Хокинс за кого Бешикташ бара висока сума, со тимот останува Дејна Богдановиќ, додека демантираат било каков интерес за Џордан Фармар.

Бранителот на титулата во Евролигата, грчкиот тим на Олимпијакос, каде што настапува македонскиот репрезентативец Перо Антиќ, откако си замина Душан Ивковиќ, доби нов тренер, Јоргос Барцокас кој и официјално потпишал двегодишен договор. За Барцокас претставува огромна чест што ќе биде тренер на Олимпијакос, тим со голема традиција. Тој вели дека ќе се обиде да и помогне на екипата да дојде до уште повеќе трофеи. Исто така, како што информираат медиумите, до 15 јули треба да се знае дали Антиќ ќе го продолжи договорот на уште една година со „црвено-белите„ од Атина.

anton-gavel-brose-baskets.jpg


Германскиот шампион Бросе Баскетс денеска изјави дека нивниот член, Антон Гавел го продолжи договорот на уште две години, до крајот на сезоната 2013/2014 година. Ланската сезона во Евролигата во 10 мечеви словачкиот кошаркар постигнуваше 8,5 поени по натпревар и имаше учинок од 2,1 асистенција. Тој лани поминуваше и по 30 минути во просек на терен по меч.
 
6 in 1

Еразем Лорбек ќе биде најплатениот кошаркар во историјата на Барселона. Имено, Словенецот доби понуда од 3 милиони евра по сезона со цел да остане во клубот. Шпанскиот клуб мораше да ја отвори својата каса, бидејќи во спротивно Лорбек би заминал во НБА лигата, во екипата на Сан Антонио. Словенечкиот репрезентативец својата кариера ја има започнато во Унион Олимпија, а во Барса стигна пред три години од московска ЦСКА. Неодамна му донесе титула на каталонскиот клуб со што беше прогласен за МВП во финалето.

images


Чешкиот тим на Нимбурк се засили со плејмејкерот Мајк Тејлор за претстојната сезона. Тој доаѓа од грчкиот клуб на Кавала каде што ланската сезона за вкупно 22 меча имаше учинок од 13,9 поени, 3,8 скока и 2 асистенции по натпревар. Успешни настапи имал и со Црвена Ѕвезда во сезоната 2009/2010 кога стигна до најдобрите 16 екипи во Еврокупот. Тренерот на Нимбурк, Нено Гинзбург истакна дека се работи за талентиран кошаркар, кој игра цврсто во одбраната, а во нападот знае да погоди во вистински момент.

Рускиот состав на ЦСКА Москва ќе може да смета на Милош Теодосиќ до 2014 година. Милош Теодосиќ реши и понатаму да биде дел од оваа екипа. Тој од 2007 до 2011 година настапуваше за Олимпијакос каде што имаше учинок од 10,9 поени, 3,6 асистенции и 2,7 скока по натпревар. Теодосиќ беше дел и од репрезентацијата на Светското првенство во Турција кога стигна до полуфиналето. Неговиот репрезентативен и клупски колега Ненад Крстиќ го продолжи договорот на уште три години со ЦСКА Москва. Тој беше прогласуван за најдобар центар ланската сезона во Евролигата и во руската лига.

images


-Патрик Кристофер потпиша едногодишен договор (со можност за уште една година) со турскиот клуб на Бешикташ. Тој доаѓа од францускиот тим на Шоле, каде што во првенството по 26 одиграни меча во просек по натпревар имаше 12,8 поени и 2,4 скока-

-По разочарувачките настапи лани, Станко Барач најверојатно ќе го напушти Анадолу Ефес. Продолжување на договорот нема да има, а турскиот клуб како идеална замена на центарската позиција се обидува да го ангажира Ксистоф Лавринович. Во меѓувреме, нов член на составот стана Џејмон Лукас Гордон кој доаѓа од составот на Галатасарај. Гордон потпиша двегодишен договор. Тој лани имаше учинок од 9,3 поени, 4,1 скок, 3,2 асистенции и 1,8 украдени топки по меч-

images


-Нов тренер на литванската екипа Жалгирис е шпанскиот стручњак Жоан Плаза кој по три години водење го напушти составот на Кахасол. Плаза потпиша едногодишен договор со Жалгирис. Во 2007 година тој успеа како тренер да ја освои титулата во шпанското првенство со Реал Мадрид-
 
Костас Кајмакоглу потпишал двегодишен договор со рускиот состав на Уникс Казан, соопштуваат странските медиуми, откако претходно ја одбил понудата на Галатасарај. Тој претходните две сезони ги помина во Панатинаикос. Лани тој во грчкото првенство во 34 одиграни меча имаше учинок од 7,8 поени и 4,2 скока по натпревар, додека во Евролигата во 23 меча, 7,9 поени и 4,1 скок. ПАО го освои Купот лани, но не успеа да ја одбрани титулата во Евролигата и првенството.

Германскиот клуб на Ратиофарм Улм кој стигна до финалето во првенството лани, има големи амбиции за следната сезона. Екипата која ќе настапи во квалификациите за Евролига оваа сезона, потпиша тригодишен договор со Даниел Тејс кој доаѓа од составот на Брауншвајг (3,2 поени, 1,5 скок по натпревар), со чија екипа заврши на петтото место на табелата во Бундеслигата.

images


Петар Божиќ нема да игра за Партизан следната сезона. По осум години играње, Божиќ се разделува со српската екипа. Божиќ дојде во 2004 година од Хемофарм. Тој освои осум првенствени титули, пет пати шампион во АБА лигата и пет Куп трофеи со Партизан. Во 2010 година Божиќ со Партизан стигна до полуфиналето во Евролигата.

images


Шпанската екипа на Уникаха Малага се засили со Крунослав Симон за наредната сезона, со можност напревениот договор да биде продолжен на уште една година, поточно соработката да трае до сезоната 2013/2014 година. Симон доаѓа од хрватскиот клуб Загреб каде беше прв стрелец (134 поени вкупно), додека во Евролигата во 10 одиграни мечеви имаше учинок од 13,4 поени, 4,6 скока и 2,5 асистенции во просек. Тој му помогна на Загреб да стигне до титулата во првенството во 2008, 2010 и 2011 година.
 
5 in 1

Никлас Кејнер-Медли потпиша двегодишен договор со израелскиот гигант Макаби Тел Авив. Тој дојде од екипата на Валенсија. Учинокот на Медли по натпревар во шпанското првенство (12,6 поени, 6,7 скока, 1,3 асистенција, 1,0 украдена топка) и во Еврокупот (13,5 поени, 6,4 скока, 1,6 украдена топка, 1,4 асистенција). Тој беше во најдобрата петорка за 2010 и 2011 година во Еврокупот.


Мајк Батист го засилува Фенербахче за следната натпреварувачка сезона. Тој за Панатинаикос во сезоната 2011/2012 година во првенството имаше учинок од 9,7 поени, 4,6 скока по натпревар, додека во Евролигата 8,7 поени и 3,4 скока (75,9%). Пред да дојде во грчкиот тим во 2003 година, тој настапуваше во НБА лигата, за составот на Мемфис Гризлис. За 75 меча (6,4 поени и 3,4 скока по меч).

Андреј Воронцевич ја продолжи соработката со ЦСКА Москва. За неговите услуги беше заинтересиран Оклахома Ситу Тандер, но не беше постигнат договор. Во ланската сезона во руската ВТБ лига имаше учинок од 8,8 поени, 5,8 скока по натпревар, додека во Евролигата во 20 одиграни меча (5,8 поени, 2,7 скока).

images


Енди Панко е нов член на Панатинаикос. Тој доаѓа од шпанскиот тим на Лагун, каде што ланската сезона постигнуваше во просек по 18,6 поени по натпревар и беше прогласен за МВП и најдобар стрелец на шампионатот.

665.png


Армани Милано се засили со хрватскиот плајмејкер Рок Стипчевиќ. Во неговата довчерашна екипа Варезе за вкупно 36 меча имаше учинок од 11,4 поени, 3,3 асистенции и 2,6 скока по натпревар. Тој е репрезентативец кој настапи на Европкото првенство во Литванија 2011 и Светското првенство во Турција 2010 година.
 
6 in 1

Поранешниот центар на Партизан, Лоренс Робертс, кој минатата сезона играше за Литвос Ритас, кариерата ќе ја продолжи во Германија, во екипата на минхенски Баерн, со чиј состав потпиша двегодишен договор. Пред две години со белградски Партизан успеа да настапи на завршниот турнир во Евролигата. Меѓутоа, потоа следеа слаби настапи, не само за црно-белиот дрес, туку и во последните две сезони играјќи за турски Ефес и литвански Литвос.


Кошаркарот кој го даде победничкиот кош во финалето од Евролигата лани, Георгиос Принтезис го продолжи договорот со Олимпијакос до крајот на сезоната 2014/2015 година. 27-годишниот Принтезис на 0.7 секунди до крајот му донесе европски трофеј на грчкиот тим против ЦСКА Москва во епското финале во Евролигата. Во 21 меч одигран во ова натпреварување имаше просек од 10,6 поени и 4,1 скок по натпревар. Принтезис беше дел и од репрезентацијата на Евробаскетот во 2009 година кога го освои бронзениот медал.

Откако неколку битни кошаркари си заминаа, клубот од Сиена, Монтепаски започна да се реконструира со доведувањето на грузискиот играч Виктор Саникидзе кој потпиша двегодишен договор. Лани во довчерашната екипа на Виртус Болоња во првенството имаше просек од 12,1 поени и 10,9 скока по натпревар. Тој покажа одлични настапи токму против неговиот нов клуб од Сиена, доведувајќи го составот од Болоња до две победи минатата сезона постигнувајќи 13 поени, 17 скока и една блокада со индекс 32.

images


Бешикташ најверојатно ќе се засили со Бредли Бакмен кој ланската сезона настапуваше за Бурса, со чиј тим успеа да дојде до плејофот во Турција (13,6 поени и 7,6 скока по натпревар). Најверојатно трансферот ќе се реализира наредните денови. За ангажман на Бакмен се заинтересирани уште неколку европски клубови.

22-годишниот Нихад Џедовиќ потпиша со Алба Берлин. Еден од кошаркарите со голем потенцијал во Европа пристигнува во Германија од турскиот состав на Галатасарај каде што имаше учинок од 11,4 поени, 2,9 скока и 2,3 асистенции по натпревар. Тој настапувал и за Барселона како тинејџер во 2006 год., а исто така беше дел и од репрезентацијата на БиХ на Евробаскетот во Литванија 2011 година.

Fenerbah%C3%A7e%C3%9ClkerLogo.png


Ромејн Сато ќе ја продолжи својата кариера во Турција. Кошаркарот потпиша двегодишен договор со поранешниот турски шампион Фенербахче. Сато доаѓа од грчкиот клуб на Панатинаикос каде помина две сезони и успеа да дојде до трофејот во националниот Куп. За ПАО за 23 меча во Евролигата имаше просек од 7,1 поен и 4,7 скока по натпревар.
 
3 in 1

Панатинаикос ја продолжи соработката со Костас Царцарис кој веќе 11 година по ред настапува за овој грчки клуб. Царцарис дојде во Атина во 2002 година од Перистери. Лани во 17 одиграни мечеви во Евролигата имаше просек од 4,2 поени и 2,7 скока по натпревар. Тој беше дел од националниот тим во 2005 година кога беше европски шампион, како и освојување на сребрениот медал на Светското првенство во Јапонија наредната година.

Анадолу Ефес се засили со Џордан Фармар кој потпиша тригодишен договор. Лани настапуваше за израелскиот тим на Макаби Тел Авив (5,3 поени, 3,0 асистенции и 1,7 скок по натпревар во првенството), додека во Евролигата (14,1 поен, 4,7 скока, 4,0 асистенции и 1,4 украдена топка).

images


Ланскиот член на Армани Милано, Дру Николас е нов играч на ЦСКА Москва. Тој потпиша едногодишен договор со можност за уште една сезона да настапи во рускиот клуб. Во минатата сезона во 14 меча од Евролигата имаше просек од 7,4 поени, 2,6 скока, 1,7 асистенција по натпревар. Тренерот на ЦСКА Москва, Еторе Месина:„За да се натпреваруваш во Евролигата, мораш да имаш кошаркар како што е Николас, Тој не само што е одличен шутер, туку и искусен, а тоа го докажа со одличните настапи во Панатинаикос. Неговата улога во тимот ќе биде значајна не само на теренот, туку и надвор од него„.

 
Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ уште една сезона ќе настапува за бранителот на титулата во Евролигата, тимот на Олимпијакос. Тој потпиша лани договор 1+1 година, со што до 15 јули траеше рокот за активирање на клаузулата за втората година од соработката. Од клубот претходно си замина српскиот интернационалец Марко Кешељ, кој не прифати намалување на платата од 500.000 илјади евра годишно. Поради финансиски проблеми, клубот го напушти и тренерот Душан Ивковиќ. Според грчките медиуми, Антиќ во претстојната сезона ќе игра за тимот од Пиреја за плата од 350.000 илјади евра годишно за разлика од лани. Во клубот се решија да останат и Американецот Кајл Хајнс (250.000 евра по сезона) и Литванецот Мартинас Гечевичиус (300.000 евра по сезона). Му посакуваме успешни настапи на Перо Антиќ во наредната сезона за клубот и во грчкото првенство и во Евролигата..(y)

 
Рускиот Уникс ја отфрли можноста за заминување на Хенри Домеркант во редовите на Галатасарај. Иако турските медиуми веќе објавија дека Американецот со босански пасош ги договорил условите со клубот од Истанбул, од Уникс веднаш дојде негативен одговор. “Домеркант е играч на Уникс Казан и со нас има важечки договор. Околностите под кои играч може да го раскине договорот со клубот не се исполнети и тој и понатаму ќе остане наш член„, велат од рускиот состав. Во ланската сезона Домеркант беше меѓу најдобрите кошаркари на Уникс кој во просек имаше од 15,5 поени по натпревар во Евролигата, додека во руското првенство имаше 11,7 поени и 2,8 скока по меч.

images


Панатинаикос е многу блиску до потпис со двајцата грчки кошаркари Василис Ксантопулос и Димитрис Мавроеидис. Тие ги пополнуваат позициите плајмејкер и центар, откако од клубот си заминаа Ник Калатес и Мајк Батист. Ксантопулос лани играше за Паниониос завршувајќи ја сезоната во просек од 6,8 поени по натпревар. Тој беше член на Панатинаикос во сезоните 2004.2005 и 2006/2007 година, но тогаш имаше мала минутажа и неговата улога не беше толку значајна. Мавроеидис е цел на Панатинаикос последнитедве години. 27-годишниот играч претходно настапуваше за Маруси и минатото лето за шпанскиот тим на Билбао (3,6 поени по натпревар во шпанската АЦБ лига). Да потсетиме дека Ник Калатес се пресели во руската екипа на Локомотив Кубан, каде што настапува и македонскиот интернационалец Владо Илиевски.

images


Кестутис Кемзура стана нов тренер на полскиот тим на полскиот Проком. Тој ја водеше литванската селекција на последниот Евробаскет 2011. Претходните две години беше дел од стручниот штаб на рускиот состав на Локомотив. Кемзура успеа со репрезентацијата преку квалификациите во Каракас, Венецуела да се најде на Олимпијадата во Лондон 2012.

Моран Рот потпиша тригодишен договор со израелскиот Макаби Тел Авив. Тој настапувал за израелскиот состав на Хапоел Холон во сезоната 2010/2011 година, каде за 27 меча во првенството имаше учинок од 13,5 поени, 3,1 скок, 5,9 асистенции по натпревар.


Ново засилување ова лето во белградски Партизан може да биде Американецот Елтон Браун (28), кој во минатата сезона ги бранеше боите на турскиот Трабзон. Браун кој игра на центарската позиција, лани во просек имаше по 17,8 поени, 12 скока, 1,9 асистенција по натпревар.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom