Почна реконструкцијата на булеварот “Јане Сандански“

  • Креатор на темата Креатор на темата Mjolnir
  • Време на започнување Време на започнување

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Локација
Скопје, Обединета Македонија
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=105417&kategorija=1
g_jane-sandanski-1.jpg
Градот Скопје денеска ја почна реконструкцијата на булеварот “Јане Сандански“ во општината Аеродром, од раскрсницата со булеварот “Србија“ до раскрсницата кај објектот на “Мекдоналдс“, што е прва фаза од проектот за обнова на булеварот. Почетокот на градежните работи го означија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општината Аеродром, Ивица Коневски.
Време му беше, ваму закрпен таму закрпен, му требаше генералка дефинитивно...
 
Фала курцу, само го крпеа асфалтот и пак цел беше дупки, тој асфалт не е менуван којзнае од коа.
 
И таа улица кај воениот базен треба да им е приоритет.
 
Таа улицата кај базенот и кај амбулантата е како да е у сред шутка! Ископана , прашина,и што уште не.
 
и како успеале кога ја правеле на времето без барем еден тротоар да ја направат не знам....
 
Аеродром како општина мислам дека најдобро функционира засега, мислам дека повеќе внимание треба да посветат во делот накај Лисиче и с.Долно/Горно Лисиче, да им ја средат инфраструктурата. Поправете ме ако грешам ама во с.Лисиче сеуште немаат канализација.
Исто и во с.Инџиково кое е практично дел од градот, бидејки повеќе не е одвоено од населбата Ченто. Иста е ситуацијата и во с.Јурумлери. Инаку овие населени места се под општина Гази Баба.
 
Моментално се работи на канализацијата, за 1-2 години би требало најкасно да се среди се.
 
Аеродром како општина мислам дека најдобро функционира засега, мислам дека повеќе внимание треба да посветат во делот накај Лисиче и с.Долно/Горно Лисиче, да им ја средат инфраструктурата. Поправете ме ако грешам ама во с.Лисиче сеуште немаат канализација.
Исто и во с.Инџиково кое е практично дел од градот, бидејки повеќе не е одвоено од населбата Ченто. Иста е ситуацијата и во с.Јурумлери. Инаку овие населени места се под општина Гази Баба.
изградбата на канализацијата во лисиче е во тек а треба да заврши во првиот дел од 2013 година. Исто најавено е и асфалтирање на улиците во горно и долно лисиче кое треба да заврши во првиот дел на 2013 година во вкупна должина од 22 км. Го гледав интервјуто пред некој ден на Коневски...
P.S. канализацијата во Инџиково е пуштена на 10 Мај оваа година во Јурумлери изградбата е во тек...
 
Скопје моментално гради и проширува две капитални улици..Првомајска,по ново Борис Трајковски и Јане Сандански..добро е тоа.
 
Теодосиј Гологанов исто
 
Да и таа..незнам само до кај е со продолжувањето на Илинденска натаму ..имаше сериозни најави да почне оваа лето/есен..
и тоа го додадов па го избришав пошто не знам кога планираат да почнат. Па и едно мостче да стават преку Вардар на Илинденска :-)
 
Скопје моментално гради и проширува две капитални улици..Првомајска,по ново Борис Трајковски и Јане Сандански..добро е тоа.
Нит ја гради нит ја проширува Јан Сандански, туку реконструктуира зашто последниве години е во очајна состојба, али уште поочајна е состојбата кај Ново Лисиче од страната на Вардар али таму само се крпат дупките, зашто тоа не се гледа јавно ако се реконструктуира.
 
Да, ја прошируваат и Климент Охридски, и мораше дрворедите да ги исечат, нели? Немаше никаква потреба од проширување тука, за џабе прашината, за џабе кастрење на дрвата, сега се се претвори само во бетон!!!
 
Цел центар е речиси бетон, ти па за едни дрвореди си се фатила:) Шега на страна, добро е се што се работи, но апсолутно се слагам со тебе за Климент Охридски. За сега немаше потреба од проширување, но кој знае какви планови имат за понатака.Може увиделе дека е подобро сега да се прошири, него во следните години.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom