Буљарица

  • Креатор на темата Креатор на темата energichen
  • Време на започнување Време на започнување

energichen

EOTL
Член од
19 септември 2007
Мислења
519
Поени од реакции
75
Дали некој бил на одмор во Буљарица, Црна Гора, некои искуства да сподели во врска со сместувањето, условите, во извидничкиот камп, дали е погодно место за летување за млади или повеќе летуваат деца...дали има солидни места за рекреација, спорт и сл.
 
Прејако место, не да сум бил... па најголемиот дел од моите летни одмори таму сум ги поминал, и имам јаки спомени.... Вака, за до плажата имаш пешачење, ама за со друштво е мн. јако. Има многу природа и е мн. убаво. Е сеа лошо е што нема кафичи, ресторани, дискотеки, се на се нема некој ноќен живот, но блиску ти е Будва, е таму имаш ноќен живот :D Ваљда планираш да идеш преку Скаут... Убаво е што е ефтино и ако имаш добро друштво топ ќе си поминеш... паво место за одмор, храната незнам колку ќе ти се допадне... :D Тоа е се, ако имаш уште некое прашање слободно прашај :D
 
Мала допуна, имаш комбиња Котор - будва - петровац - сутоморе - бар - улцињ на секои 30 минути, со прилично евтина карта, така да не стравувај ако сметаш дека нема да видиш урбан свет. За храна црногорчиштава иако немаат наша пиперка, сирење... ама затоа имаш добра супституција - пршута, гирици, његушки сир.... А имаат оваа година огромен избор на пиво.
 
Јас оваа година идам најверојатно во Суто Море, исто преку Скаут. Предходната година бев, и искрено има подобар смештај и повеќе си у град, ама нема таква природа и одмор ко Буљарица... Исто така во Буљарица не ми се свиѓа сместувањето во тие црните куќички што се на почеток, многу лошо ми изгледа... А тие поновите понатаму жолтите се супер, а исто така не ми се свиѓаат и вецињата :(
 
Од мое искуство.. од пред неколку години.. сега не мора да значи дека е исто..
Точно.. природата околу тебе е супер и одлично е за релаксирање, ама смештајот (освен ако не се паднеш во тие новите куќички) е ужасен, плус кога бевме се случваше многу често да нема топла вода за туширање, па така со ладна вода фино лепо ќе си се пробањаш неколку пати.
Плажата е далеку и има за пешачење некој км.. ама и не е толку страшно..
Сепак ја би ти препорачала да си идеш или Суто Море или на некое друго местенце кај што има подобар ноќен живот.
 
Јас само еднаш сум била, но доста одамна, може е подобро него што беше тогаш.
Се на се ужасно искуство, од клацкавата барака, до гнасното вц, до одвратната храна.
И до плажата која е доста далеку, тушевите кои со гранче ги убедуваш да потечат, и се надеваш дека конечно ќе потече топла вода.
Еднаш и никогаш повеќе, грозота.
 
Се уште разгледувам понуди, размислував за Буљарица бидејќи ми ја препорачаа како доста релаксирано и евтино место, но како недостаток е тоа што нема ноќен живот, а тоа за мене е голем минус.
 
Се уште разгледувам понуди, размислував за Буљарица бидејќи ми ја препорачаа како доста релаксирано и евтино место, но како недостаток е тоа што нема ноќен живот, а тоа за мене е голем минус.
Omg omg, kako toa nema diskoteka?!? :o
 
Имало дискотека, но слабо било, ми кажаа немало кознае каков ноќен живот.
 
Aaa nisto. A jas pa bas mislev da odam, me vikaat sekoja godina, ama posle faktov...
A vidi gi ti nov, mudro si kjutat...ccc...

Има дискотека, една.
Ништо посебно.

Ноќен живот посебен не очекувај таму, а поголем проблем може да ти бидат самите тешки услови за одржување на лична хигиена, како и смештајот. Повеќе распрашај се околу тоа, јас кога бев, одвратно е мал збор за да се објасни што видов.
 
Има дискотека, една.
Ништо посебно.

Ноќен живот посебен не очекувај таму, а поголем проблем може да ти бидат самите тешки услови за одржување на лична хигиена, како и смештајот. Повеќе распрашај се околу тоа, јас кога бев, одвратно е мал збор за да се објасни што видов.
Aaa fala na sovet!! <3 :D
 
Дајте бе луѓе. АМАН! Не мора секоја тема во Општи муабети да ја отварате, аман прво побарајте соодветен подфорум!
Цел ден ви префрлам теми од Општи во останати подфоруми.
 
Во буљарица два пати бев пред 8-9 години. Не беше добар ни смештајот ни јадењето а плажата беше далеку. Но на мене не ми сметаше пошто бевме 30 фудбалери и со девојките од српските кампови во комшии сме си поминувале супер, и не сме мислеле на смештајот и јадењето. Дечишта све ни беше интересно тогаш.
После тоа наредните години бев во чањ и таму беше 100 пати поубаво од буљарица, во секоја смисла, и добар ноќен живот има. Мало е местото но сите се на куп во 3-4 кафичи и стварно е добро. Јадење одлично, сместувањето на изглед не беше убаво, мали бунгалови за двајца беа тие, но спиењето екстра. Плажата ни беше на 20 метри од нашиот мк камп. Супер дружба и убави спомени.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom