Илчо Ѓорѓиевски најсериозен кандидат за претседател на ФФМ

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Илчо Ѓорѓиевски најсериозен кандидат за претседател на ФФМ

01AE06AA6266274F99841478066CFAAE.jpg


Мнозинството општински фудбалски сојузи, чии делегати на Собрание на ФФМ одлучуваат за избор на претседател, според извори на „Нетпрес“, веќе го поддржале Ѓорѓиевски

Сегашниот шеф на стручен штаб на македонскиот фудбалски шампион Вардар, Илчо Ѓорѓиевски, ќе биде новиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, објавува Нетпрес.

Мнозинството општински фудбалски сојузи, чии делегати на Собрание на ФФМ одлучуваат за избор на претседател, според извори на Агенцијата, веќе го поддржале Ѓорѓиевски.

- Проценката била дека спортски работник од калибарот на тренерот на Вардар, кој потекнува од фудбалот, има резултати и како фудбалер и како тренер, и се карактеризира со искреност и чесност, е идеалното лице за средување на состојбите во мак фудбалот, за подигнување на квалитетот на националната лига, и враќање на репрезентацијата на подобри патеки.

Се очекува на изборното собрание на ФФМ кое е закажано за 29 јули, Ѓорѓиевски да ја добие довербата од делегатите со големо мнозинство, наведува Нетпрес.

Илчо Ѓорѓиевски потекнува од младинската школа на фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров. Во својата кариера покрај настапот за клубот од Ѓорче, има настапувано и за Балкан, и за Вардар. Има и богата интернационална кариера при што има настапувано за шведскиот прволигаш Малме, за турскиот прволигаш Денизлиспор, за Бнеј Шакнин од Израел, и за софиски Локомотив.

Како шеф на стручниот штаб во 2009 година ја освои шампионската титула со Македонија Ѓорче Петров, а ова првенство го донесе Вардар до шампионскиот трон во македонскиот фудбал. Ѓорѓиевски беше и селектор на фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 19 години. Илчо Ѓорѓиевски важи за добар познавач на македонскиот фудбал, а неговото име никогаш не било врзувано за определени интересни групи поврзани со куќата на мак фудбалот. Важи и за човек кој има коректни односи со спортските новинари и работници од земјава, но и од меѓународната фудбалска сцена.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=7EA7BA9EEF2BEB4694E3E4C4F3E96D07

Искрено незнам многу за човекот , од малата биографија во текстот ми дава доверба дека се работи за чесен човек , со фудбалска а не криминална позадина.
Ако некој знае нека каже некој збор два повеќе за човекот.
 
Човек на власта ...само ми ги потврдува сомнежите дека вмро го бутна хари:)
Вајда е добар,влегувањето на луѓе од власта во Вардар и Мзт пример добро се покажа,колку и да се мрчи дека било политички.Ако ништо друго бар ке се краде со усул во фудбалот..
 
Сите се исти ;)
 
Искрено да краде и да прави нешто сепак е подобро одколку да краде и да не прави ништо. Да не мешаме политика мене ме интересираше повеќе професионалниот профил на човекот.
 
Од која сака партија човекот нека е ако се покаже со дела ја има мојата поддршка,а со моменталната ситуација во Македонскиот фудбал подоле не верувам дека можеме да паднеме.
Времето ќе покаже дали вреди како човек или не.
 
Го бутка на таа позиција Груевски,рака под рака со Блашко и Драги ;)
Ахам убаво :).
Овие другиве гомнава ДА ИМ Е*АМ СЕ ЖЕНСКО У ФАМИЛИЈА !!!
ВМРО го бутна Хари од власт !!!
 
Овај Илче ако победи на изборите добро, ама ако изгуби максимално има да го јаде стапот и ни Коце ни Грујо не ќе можат да го спасат :icon_lol:.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom